jump over navigation bar
Embassy SealStejt Departmentot
Ambasada na Soedinetite Amerikanski Dr`avi, Skopje, Makedonija flag graphic
Програми, Настани и Информации
 
  Мисија на Амбасадата Клучни офицери во Амбасадата Теми од Интерес Изјави за Медиумите Годишни Извештаи Ресорсен Центар на Информации Американски катчиња во Македонија Студентска Размена Програма за мали грантови Архива

Прослава на втората годишнина на американското катче во Скопје

Американското катче Скопје и американскиот Едукативен Центар

Ја прославуваат втората годишнина, четврток 25ти јануари, 2007

Мисијата на американското катче во Скопје е да гради мостови на разбирање меѓу Соединетите Американски Држави и Репулбика Македонија. Американското катче е партнетство меѓу Канцеларијата за односи со јавност на Амбасадата на САД во Скопје и градската библиотека Браќа Миладиновци. Американското катче во моментов има преку 2200 членови, повеќе од 1500 книги и 24 списанија и има организирано над 100 настани изминатата година.

  
Филип Петровски, директорот на градската библиотека
“Браќа Миладиновци”, држи говор на првата годишнина
 на американското катче Скопје. (голема слика
Амбасадорката Миловановиќ и дава благодарница на
Оливера Трајкова, координатор на американското
катче Скопје. (голема слика


Американското катче е истотака и центар за ученици и студенти, каде граѓаните од Македонија кои биле во САД преку програмите за размена на студенти можат да се состанат и да бидат во постојан контакт со нивните американски и македонски контакти. Сите сегменти на населението се добродојдени да ги користат материјалите бесплатно. Се надеваме дека ќе ви бидат од корист и интересни. Ве молиме да наминете и да станете наши членови. Членството е бесплатно за сите.
 
Американското катче овозможува бесплатен пристап до најновите и најпрецизни информации од и за САД преку книги, списанија, мултимедијални компакт дискови и преку интернет.

Катчето потпомага подлабока дискусија преку создавање на програми наменети за широк спектар на публика. Американското катче е домаќин на разновидни настани наменети поблиску да ги зближат американците и македонците. Програмите редовно вклучуваат американски говорници, претставници на американската амбасада, Фулбрајт студенти, видео и ДВД прикажувања, изложби, дискусии, семинари, англиски разговорни часови, детска програма и работилници. Досегашните теми вклучуваат историја, влада, литература, економски развој, право, новинарство, култура и општествен живот, и добредојдени сте да предложите идна програма на која би би сакале да присуствувате. Плановите за иднината вклучуваат посегнување подалеку кон разновидните македонски заедници, одржување на средношколски часови и понатамошно збогатување на македонско-американските односи. 

Добредојдени сте да го посетите Американското Катче на денот на нашата втора годшнина или во било кое време, за да видите како се развивме. Подолу, ќе најдете фотографии од минатогодишната свеченост.

- Американското катче Скопје е отворено на 25ти јануари 2005 во градската библиотека “Браќа Миладиновци” во Скопје.

- Запознајте го персоналот на вработени во американско катче во Скопје

back to top ^

Page Tools:

Printer_icon.gif Print this article



 

    Овој веб портал е изготвен и ажуриран од Стејт Департментот на САД.
    Поставувањето на надворешни линкови до останати веб портали не трeбa да се протолкува како наша поддршка на мислењата или ставовите содржани во нив.


Ambasad na Soedinetite Amerikanski Dr@avi