jump over navigation bar
Embassy SealStejt Departmentot
Ambasada na Soedinetite Amerikanski Dr`avi, Skopje, Makedonija flag graphic
Програми, Настани и Информации
 
  Мисија на Амбасадата Клучни офицери во Амбасадата Теми од Интерес Изјави за Медиумите Годишни Извештаи Ресорсен Центар на Информации Американски катчиња во Македонија Студентска Размена Програма за мали грантови Архива

Американското катче Скопје

Официјално отварање

 

Photo of a man. 
Фотографии од свеченото отворање на Американското Катче Скопје 25. јануар 2005.  фото галерија од отварањето  
Американското Катче Скопје се отвори на 25. јануари 2005, во градската библиотека “Браќа Миладиновци” во Скопје. На свеченото отворање говореа и ја пресекоа свечената лента Американскиот Амбасадор Лоренс Батлер и Министерот за култура Благој Стефановски.

“Американското катче е ресурсен центар, каде студенти, професори, деловни луѓе, лидери на владини и невладини организации, новинари, истражувачи и јавноста воопшто можат да дојдат и да научат повеќе за Соединетите држави” забележа Амбасадорот Батлер на отворањето.

Проектот Американско катче Скопје е резултат на партнерството помеѓу македонското Министерство за култура и градската библиотека “Брака Миладиновци” во Скопје, а поддршка добива и од Канцеларијата за односи со јавност на Американската амбасада.

Важна мисија на Американскот катче Скопје е да гради мостови на разбирање помеѓу луѓето од Соединетите Американски Држави и од Република Македонија.
Американското Катче Скопје овозможува пристап до тековни и веродостојни информации од и за Соденитети Држави преку колекции на книги, списанија, CD-ROM датабази, Интернетот, и преку локални активности поврзани со американската историја, влада, ецномија, општество, култура, вредности, уметности и други теми.
Во Американското катче Скопје, може да најдете брошури и публикации за медимуми, образование, економија, тероризам, трговија со луѓе, уметност и култура кои можете да ги користите за вашето истражување.

Амеркианското катче Скопја служи и како дипломски центар каде македонските граѓани кои биле во Соединетите Држави преку програми на размена, можат да се собираат, и да бидат во контакт со нивните американски и македонски контакти.
Американското катче Скопје е домаќин на разновидни настани наменети поблиску да ги зближат американците и македонците. Програмите редовно вклучуваат американски говорници, претставници на Американската Амбасада, Фулбрајт  студенти, видео и ДВД прикажувања, изложби, дискусии на округла маса, семинари, мини-конференции и работилници.

Сите сегменти на популацијата се добредојдени бесплатно да ги користат ресурсите на Американското катче. Се надеваме дека ќе ви бида корисни и интересни. Слободно наминете и придружете ни се.

Членството е бесплатно за сите.

- Запознајте го персоналот на вработени во американско катче во Скопје

back to top ^

Page Tools:

Printer_icon.gif Print this article



 

    Овој веб портал е изготвен и ажуриран од Стејт Департментот на САД.
    Поставувањето на надворешни линкови до останати веб портали не трeбa да се протолкува како наша поддршка на мислењата или ставовите содржани во нив.


Ambasad na Soedinetite Amerikanski Dr@avi