Амбасадор
Филип Т. Рикер
 |
| Филип Т. Рикер Амбасадор / ГФ |
На 18 март 2008, претседателот го номинираше Филип Т. Рикер за амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија. Неговата номинација беше потврдена од Сенатот на САД на 1 август, а тој даде свечена заклетва на 10 септември. Од јуни 2007 до јуни 2008, тој работеше како советник за односи со јавност на амбасадорот на САД во Ирак. Беше заменик шеф на мисијата во Будимпешта, Унгарија, од 2004 до 2007 година.
Од 2000 до 2003 година, г-динот Рикер беше на функцијата заменик портпарол и заменик помошник секретар во Бирото за односи со јавност на Стејт департментот. Во 2003 и 2004, како професионален дипломат и именуван портпарол на Стејт департментот, патуваше во САД и во странство, при што држеше предавања и даваше интервјуа за надворешната политика на САД и за дипломатијата.
Претходно, во периодот, 1999 - 2000, г-динот Рикер беше директор за односи со медиуми во Стејт департментот. Од 1993 до 1996 беше помошник на советникот за информирање во Будимпешта, Унгарија, а од 1997 до 1999 беше советник за односи со јавност во Скопје, Македонија. Работеше како портпарол и за амбасадорот Кристофер Р. Хил и за Порцесот Рамбуе (мировните преговори за Косово).
Г-динот Рикер е роден во Пенсилванија, а својата младост ја поминал во неколку делови од САД, како и во Австралија. Дипломираше на Јеил во 1986, а магистрираше на Тандербирд Факултетот за меѓународен менаџмент во 1991. Оженет е за Солвеи Џонсон Рикер, која исто така е член на Форин Сервисот.