Програмата на американските катчиња во Македонија
|
| АМК лого |
Програмата на американските катчиња е спонзорирана во целиот свет преку Стејт Департментот на Соединетите Американски Држави и е резултат на партнерството меѓу Канцеларијата за односи со јавност на Амбасадата на САД во Скопје и институцијата домаќин.
Целта на катчињата е да обезбедат бесплатни информации за САД на пошироката јавност преку книги, списанија, мултимедијални компакт дискови и бесплатен интернет пристап. Има и посебен дел за информации за трговија со луѓе и спречување на тероризмот.
Американските катчињ се истотака домаќин на голем број различни настани како што се програмите од областа на културата, предавања со претставници од американската амбасада, Фулбрајт стипендисти и други претставници, се прикажуваат филмски проекции, има читање на поезија, англиски разговорни часови, клуб на читатели, читање приказни за деца и многу други активности.
Важна мисија за американските катчињ е да се градат мостови на разбирање меѓу луѓето во Соединетите Американски Држави и Репулбика Македонија.
Во моментов има три американски катчиња отворени во Македонија.
- Американското катче во Скопје
- Американското катче во Битола
- Американското катче во Тетово
Активности на Американските катчиња во Македонија
- Најнови активности (Скопје | Битола | Тетово)
- Годишнини (Скопје | Битола)
- Запознајте го персоналот; (Скопје | Битола | Тетово)