jump over navigation bar
Embassy SealStejt Departmentot
Ambasada na Soedinetite Amerikanski Dr`avi, Skopje, Makedonija flag graphic
Програми, Настани и Информации
 
  Мисија на Амбасадата Клучни офицери во Амбасадата Теми од Интерес Изјави за Медиумите Годишни Извештаи Ресорсен Центар на Информации Американски катчиња во Македонија Студентска Размена Програма за мали грантови Архива

Годишнини

Американското катче во Скопје го прослави третиот роденден

25 јануари 2008


Амбасадорката Миловановиќ, вработените во катчето  и АЕЦ
Амбасадорката Миловановиќ, вработените во катчето и АЕЦ
(голема фотографија)

 

Американското катче Скопје го прослави третиот роденден во Градската библиотека Браќа Миладиновци, во холот на вториот спрат.  Амбасадорот на САД, Џилиан Миловановиќ беше домаќин на годишнината. Меѓу присутните имаше најмногу членови и пријатели на катчето, како и претставници од Амбасадата на САД, USAID, Мировниот Корпус во Македонија, Министерствата за култура, Надворешни работи и Министерството за одбрана, професори и новинари од дневниот печат.

Воведниот говор го одржа координаторот на катчето- Оливера Трајкова која им посака добредојде на гостите и се заблагодари на Амбасадата (посебно на Канцеларијата за односи со јавност) за одличната соработка, како и на институцијата домаќин-Градската библиотека, Министерството за култура, Градот Скопје и персоналот на  катчето за нивната досегашна работа.

 Учениците од ДМБУЦ Илија Николовски ЛУ
Учениците од ДМБУЦ Илија Николовски ЛУ”
(голема фотографија


Амбасадорката  во својот говор посочи дека катчето е наше заедничко катче, не американско или македонско и место во кое сите се добродојдени да ги користат матријалите кои се достапни или да земат учество во многутте активности. Директорот на Градската библиотека, Филип Петровски, го искажа своето задоволство за прекрасната соработка со катчето. 


Амбасадорката им додели благодарници на Градската библиотека, како и на 5 доброволци од Мировниот Корпус кои редовно соработуваат со катчето и членот -Елида Михајловска за многутте одржани презентации. По прекрасната изведба на учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски - ЛУЈ“ присутните беа поканети да ја погледнат изложбата на најдобрите настани во текот на изминатите 3 години и начинот на кој тие биле претставени во дневниот печат.

- Прослава на втората годишнина на американското катче во Скопје.

- Американското катче Скопје е отворено на 25ти јануари 2005 во градската библиотека “Браќа Миладиновци” во Скопје.

- Запознајте го персоналот на вработени во американско катче во Скопје

back to top ^

Page Tools:

Printer_icon.gif Print this article



 

    Овој веб портал е изготвен и ажуриран од Стејт Департментот на САД.
    Поставувањето на надворешни линкови до останати веб портали не трeбa да се протолкува како наша поддршка на мислењата или ставовите содржани во нив.


Ambasad na Soedinetite Amerikanski Dr@avi