Архива Јануари – Мај 2008
 |
Интервију на Амбасадорот Миловановиќ за АЛСАТ - М ТВ (фотографија преземена од Алсат-М ТВ) |
Интервију на Амбасадорката на САД Џилијан Миловановиќ за АЛСАТ – М ТВ
Миловановиќ:Постои ризик од негативен извештај на ОДИХР
28 мај 2008
Амбасадорот Миловановиќ:…“Се надеваме дека луѓето ќе сфатат дека во интерес на сите е изборите да бидат фер и слободни“вели во интервјуто за АЛСАТ-М американската амбасадорката во Македонија Џилијан Миловановиќ...повеќе.
 |
Обраќање на Амб. Миловановиќ на отварањето на Норман Борлог Конференцијата |
Обраќање на амбасадорот на САД, Џилијан Миловановиќ
Норман Борлог Конференција
21 мај 2008
Амбасадорот Миловановиќ:..”Американскиот народ, преку данокот што го плаќа, поддржува многу програми кои промовираат соработка во многу академски и научни области. Програмата Борлог е најновата академска програма поддржана од САД, а која е наменета за граѓани на Македонија. Среќна сум што земјоделски експерти сега имаат можност – преку Борлог програмата – да развијат силни академски врски со нивните колеги од САД.”…повеќе | Изјава за медиумите.
 |
| д-р Балаш „Ерни“ Бодаи |
Амбасадата на САД и македонски НВО-а се домаќини на истакнат хирург за карцином на дојка
19 мај 2008
Амбасадата на САД во Скопје, во соработка со македонските невладини организации „Борка“ и “Женска лоби група“ имаат задоволство да ја најават јавната презентација на д-р Балаш „Ерни“ Бодаи, истакнат хирург за карцином на дојка, кој започна едно глобално патешествие со цел зголемување на свеста за ова заболување, како и прибирање на средства за неговата иницијатива, Марка за карцином на дојката. Активисти кои работат на зголемување на јавната свест, здравствени работници, како и заинтересираната јавност се поканети да присуствуваат на презентацијата...повеќе.
Канцеларијата за Односи со Јавност работи заедно со Мировниот Корпус, УСАИД и Канцеларијата за Соработка во Одбраната на летниот камп “Здрави деца, здрава животна средина”
Скопје, 10-11 мај 2008 и Ново Село (Струмица), 7-8 мај 2008
Во соработка со локалната невладина организација Отворени Забавни Фудбалски Школи (ОЗФШ), преку грант на Амбасадата на САД, персонал од Канцеларијата за Односи со Јавност се приклучи на волонтери од Мировниот Корпус, УСАИД и Канцеларијата за Соработка во Одбраната, во едукација на младина од Македонија за спорт, тимска работа и заштита на животната средина. Над 400 деца зедоа учество во четиридневниот камп, каде играа хокеј на трева, фудбал, безбол и други игри...повеќе.
Прослава на моќта на филмот
10 мај 2008
Американското катче Битола успешно организира и постави филмски проекции во живо на три локации во Битола - (Широк Сокак, во кафе барот Интермецо и во Просоторијата на АК Битола). Се прикажаа филмови кои беа смешни, тажни, прекрасни, инспиративни и моќни. Гласови кои никогаш порано не се слушнати, работи кои многумина никогаш не ги виделе, глетки од светот кои малкумина ги знаат...повеќе.
 |
Државениот Секретар на САД Рајс и Мин. за НР на Македонија Милошоски [А1ТВ - голема фотографија] |
Декларација за стратешко партнерство и соработка помеѓу Соединетите Американски Држави и Република Македонија
Потпишана во Вашингтон на 7 мај 2008
Соединетите Американски Држави и Република Македонија се решени да го прошират и продлабочат блиското партнерство помеѓу двете земји што се заснова на заеднички цели, интереси и вредности. Двете земји сакаат да ги зацврстат своите стратешки односи преку интензивирање на консултации и соработка во областите на безбедност, врски помеѓу граѓаните, како и во трговијата...
повеќе.
Заменик Амбасадорот на САД Том Навратил дискутира за процесот на надворешната политика на САД во Американското катче во Тетово
22 Април 2008
Американското Катче во Тетово имаше голема чест заменикот Амбасадор на САД во Македонија, г-дин Томас Џ. Навратил да биде гостин во катчето...повеќе.
 |
| Заменик шеф на Мисијата на САД Томас Навратил, заедно со Градоначалникот на Скопје Трифун Костовски, и Министерот за животна средина Џелил Бајрами, им се обратија на учениците |
УСАИД го прослави Денот на планетата Земјата со организирање на “Глобално село за рециклирање„ во срцето на Скопје
Во недела, на 20 април 2008, Проектот на УСАИД за рециклирање на пластика, во соработка со Градот Скопје, Министерството за животна средина и просторно планирање и други партнери, го прославија Денот на планетата Земјата со организирање на фестивал на отворено на централниот градски плоштад. Четиричасовното шоу привлече скоро 10,000 посетители за кои беа подготвени претстави од детскиот театар, танцови и музички групи, популарни пејачи, кловнови и забавувачи. Активностите на “Глобалното село за рециклирање„ беа организирани околу главната тема– рециклирање на пластика...повеќе.
Извадок кој се однесува на НАТО од
Забелешките на Државниот Секретар Кондолиза Рајс на средбата за време ручек на Американско-Турскиот Совет15 април 2008, Вашингтон ДС
Државниот секретар Рајс: Мислам дека овој самит ќе се памети како самит каде беа примени нови членки: Албанија и Хрватска. Знам дека проширувањето на НАТО е контроверзно во некои делови, но можам да ви кажам дека кога сега седам во оваа алијанса, каде 12 од 26 членки се бивши заробени нации, мислам дека е алијанса која е повторно родена од самиот факт што има членки кои неодамна доживеале тиранија. ..примањето на Албанија и Хрватска во алијансата беше одлична работа. За жал, Македонија не доби покана за влез. И штом се реши спорот со името, и таа земја ќе биде примена за членка во НАТО, а тоа беше јасно кажано...повеќе | Погледнете го видео записот.
 |
| Луис Е. Шо, експерт од САД |
Работилница предводена од Луис Е. Шо, експерт од САД Создавање на можности и ефетивно пишување на грантови: Надминување на предизвиците
12-20 април 2008
Експерт од САД ќе одржи работилница на тема “Создавање на можности и ефетивно пишување на грантови: Надминување на предизвиците”. Работилницата е наменета за невладени организации, независни културни центри и културни институции финансирани од владата, а фокусот е на пишување предлози, вештини за раководење со грантови и собирање на финансиски средства …Програма.
 |
Даниел Фрид, Помошник Државен Секретар за Евро. и Евроазиски Прашања |
НАТО Самит
Даниел Фрид, Помошник Државен Секретар за Европски и Евроазиски Прашања
Брифинг на Форин Прес Центарот, 7 април 2008, Вашингтон
Помошник државен секретар Фрид: Не мислам дека е таканаречен. Македонскиот јазик постои. Македонскиот народ постои. Не е – знаете дека предаваме македонски на Институтот на Форин Сервисот. Предаваме и српски јазик, хрватски, а сега и босански јазик. Во Црна Гора постои дебата за црногорскиот јазик. Сите јазици, а сега не говорам како бирократ, туку како поранешен историчар, се творештво на човекот, а со тек на време се развиваат и стануваат кодифицирани. А тоа не до – знаете, постои македонскиот јазик... повеќе.
 |
Претседателот Буш со Македонската Делегација во Загреб / голема фот. (фотограф Драган Тодоровски-МИА) |
Средба на Претседателот Буш со Премиерот Груевски и Претседателот Цревнковски во Загреб, Хрватска
5 април 2008, Плоштад Св. Марко, Загреб, Хрватска
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ БУШ: Жалам што НАТО на самитот во Букурешт не ја покани Македонија за членство. Македонија ги оствари реформите и дава огромни придонеси во станските мисии на НАТО. За жал, поканата за Македонија е одложена поради спор со името. Во Букурешт, НАТО сојузниците изјавија дека веднаш штом се реши ова прашање, Македонија ќе добие покана за влез. Позицијата на Америка е јасна: Македонија треба што поскоро да си го заземе местото во НАТО...повеќе.
 |
Амбасадорката на САД Миловановиќ на А1 ТВ - - size 25.6 MB |
Интервију на Амбасадорката на САД Џилијан Миловановиќ за А1 ТВ
04.04.2008 20:47 А1ТВ, Скопје, Македонија
Миловановиќ: Ние и Претседателот на САД, лично, бевме разочарани што НАТО не постигна консензус за да и се даде покана на Македонија, но морате да запомните дека сите сфатија дека Македонија е подготвена за НАТО, од сите 26 земји-членки на Алијансата, а тоа е голем успех. ...„Спорот за името ви е проблем со години. Ако е можно да најдете решение, ќе ви се отворат многу врати“,...повеќе.
 |
Еми Стороу, Заменик Помошник за Односи со Јавност во Амбасадата на САД во Скопје (голема фотографија) |
На Кафе Дипломатија
Интервију на Еми Стороу, Заменик Помошник за Односи со Јавност во Амбасадата на САД во Скопје, за “ЛАИФ Магазинот” - Месечно издание.
Интервиуто е објавено во списанието на 4 април 2008
Еми Стороу: ..[Да се изгради една соба, потребни се најмалку 4 катчиња, само уште едно недостига за да се спроведе идејата наречена “Американско Катче “]. ... Целта на Американските Катчиња низ Светот е на луѓето да им ја пренесе вистинската приказна за САД, да се спротивстави на негативните предрасуди, да води отворен дијалог и да гради мостови на разбирање. Сите ресурси достапни во американските катчиња им помагаат на индивидуалците да ги прошираат своите знаења и познавањето на Американските вредности...повеќе
 |
Обраќање на Претседателот Буш пред земјите кандидати за влез во НАТО, Букурешт, 3 април 2008. |
Обраќање на Претседателот на состанокот на Североатлантскиот Совет со земјите кои беа поканети за членки во Алијансата
3 април 2008, Палата на Парламентот, Букурешт, Романија
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ БУШ: Г-дине генерален секретар, претседателе Башеску, ви благодарам многу на сите. За речиси шест децении НАТО Алијансата е надежта на светот кој оди кон слобода и правда, а се држи настрана од шеми на конфликти и страв. Во време на големи предизвици ги проширивме нашите идеали...повеќе.
 |
Џозеф Бек (Експерт од САД) за време на презентација во Кинотека на македонија, 2 април 2008 (голема фотографија)
- големина 31.7 МБ |
Експерт од САД: Имам сон за Правата за интелектуална сопственост
31 март - 4 април 2008
Реномираниот адвокат Џозеф Бек, во партнерство со кампањата “Стоп за пиратеријата” на Скопскиот Филмски Фестивал, одржа неколку презентации на локалните универзитети, во Американските Катчиња, Американската Стопанска Комора, Царината на Македонија и во Кинотека на Македонија со цел подигање на свеста за отштетата за прекршување на правата за интелектуелна сопственост и правата на уметниците и носителите на идеи. Бек, претставник на фамилијата на Мартин Лутер Кинг и на рап групи како што се OutKast, одржа енергетични презентации, прикажувајќи видео и аудио клипови, за да ги илустрира своите поенти. За време на презентациите, г-динот Бек потенцираше дека правата за интелектуална сопственост се вообичаено право во светот, но разликите се среќаваат во примената на законот. ...Видео снимка (Интервију на Џозеф Бек за ТВ СИТЕЛ, 3 април 2008)
 |
Секретар на САД/ Рајс и ГС/Стивен Хедли на конференција за медиумите на Самит. на НАТО во Букурешт, 3 април 08
- од конф. за медиумите |
Извадок од прес брифингот на Државниот Секретар Кондолиза Рајс и Советникот за Национална Безбедност Стивен Хедли
3 април 2008, Интер Континентал, Букурешт, РоманијаРАЈС - Ние секако жалиме што Македонија не доби покана денес, а ние и многу други работевме на тоа. Но НАТО е организација во која одлуките се донесуваат со консензус, а добрата страна е што никој не сугерира дека Македонија не е подготвена и дека не ги има исполнето критериумите. Ако ја протолкувате пораката, таа вели дека Македонија е поканета под услов да се најде решение за името...повеќе.
 |
Претседателот Буш се поздравува со ГС на НАТО Јаап де Хоп Шефер, 02 /04/08 НАТО Самит Букурешт Романија |
Обраќање на Претседателот Буш и Генералниот Секретар на НАТО Јаап де Хоп Шефер
2 април 2008, Букурешт, Романија
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ БУШ: Г-дине Секретар, ви благодарам што одвоивте време. Ви благодарам што го организиравте самитот во Букурешт. Многу сум благодарам на вашата работа во служба на вистински мир и сакам да ви заблагодарам за брифингот. Исто како Вас, и јас сум оптимист дека ова ќе биде многу успешен самит...повеќе.
 |
Претседателот Буш и Г-ѓа Лора Буш на пат за Европа што го вклучува и самитот на НАТО во Романиа, 31/03/08 |
Извадоци од Забелешките на Претседателот во Букурешт, Романија2 април 2008 (БЕЛАТА КУЌА)
За проширувањето на НАТО: Пред една деценија Балкан беше регион опфатен со војна, фанатизам и етничко чистење. Денес, тоа е регион кој се развива во слобода, толеранција и мир. Овие промени се резултат на одлучни акции од НАТО и на храбрите избори кои ги направија новите балкански лидери кои работат за да го надминат насилството и разидувањата од минатото...повеќе.
 |
Амб. Миловановиќ и Др. Миловановиќ со добитничките на наградите на месецот на историјата на Жените за 2008-та (голема фотографија / фото галерија)
- големина 16.4МБ |
Доделување на шеста годишна награда по повод Меѓународниот месецот на жената.
27 март, 2008
Н.Е. Џилијан Миловановиќ:…Во неодамнешното обраќање по повод Меѓународниот ден на жената, државниот секретар Кондолиза Рајс рече: „Како историјата се развива, така се повеќе државите се вреднуваат според тоа дали на жените им нудат еднакви можности. Неспорно е дека напредокот на земјите се забавува кога жените се исклучени, и неприфатливо е што и понатаму им се ускратува правото на жените да го остварат својот целосен потенцијал.“…повеќе.
 |
Амб. Милованович дава интервију за Канал 5 ТВ/ - size 14.7MB |
Интервију на Амбасадорот на САД Џилијан Милованович за Канал 5 ТВ
27, март 2008
Амбасадорот Милованович: Ме храбри се појасната атмосфера во јавноста за изнаоѓање разумно решение за името. Тоа што им го велам на сите е дека ова е историски момент. Имате шанса, многу јасна шанса да оставите зад Вас некои проблеми што ги имате со Грција во последните 17 години и исто така, имате вонредна шанса да го отворите патот кон интеграција во НАТО...повеќе.
|
Лого на Амбасадата на САД во Скопје |
Изјава од Амбасадата на САД 19 март 2008
Соединетите Држави многу сакаат успешно проширување на НАТО сега, вклучително и со Република Македонија. Амбасадорката Миловановиќ остварува средби со лидерите на политичките партии за да ги избрифира за нејзините неодамнешни средби со функционери на САД во Вашингтон во врска со кандидатурата на Македонија за членство во НАТО. Таа им сугерира на политичките лидери да подржат брзо изнаоѓање на взаемно прифатливо решение за прашањето за името. Таа, исто така ги поттикнува сите партии активно да работат заедно за постигнување на национално единство и на неполитички пристап со цел да се дојде до успешен резултат. Сега не е време за политички игри. Сега е време да се стават настрана партиските и политичките калкулации и наместо тоа, фокусот да се стави на остварувањето на иднината што Македонија ја посакува за себе – иднината, што исто така и САД и ја посакуваат на Македонија. Соединетите Држави ги фокусираат своите напори на поддршка на остварување прогрес во посредништвото на ОН со надеж дека сите заедно ќе може да го прославиме покана на НАТО во Букурешт.
 |
| Светски ден на туберкулозата |
УСАИД го одбележа Светскиот Ден на Туберкулозата
24 март 2008
УСАИД и се придружи на Владата на Македонија како и на интернационалните и локалните партнери во одбележувањето на Светскиот ден на туберкулозата (ТБ). Глобално, бројот на смртни случаи предизвикани од туберкулоза се намалува од 1990 година наваму, но болеста продолжува да коси, одземајќи повеќе од 1,6 милиони животи годишно...повеќе.
» Годишен извештајот на Стејт Департментот на САД за почитувањето на човековите права во Република Македонија во 2007 година
11 март 2008 г. (Објавено од Бирото за демократија, човекови права и труд)
Република Македонија е парламентарна демократија со население од околу 2.1 милиони жители. Претседателот, кој се избира на општи избори, е Шеф на државата и Врховен командант на вооружение сили. Законодавната власт е во рацете на еднодомниот парламент (Собрание)...повеќе.
 |
ПАО/Рајан Роландс и архитектот Шон Венс даваат интервију за А1 ТВ
(големина 14.8MB) |
Динамичен експерт од САД на турнеја низ Македонија зборува за Универзалниот дизајн
3-6, март 2008
У. Шон Венс, архитект по професија, професор на државниот универзитет Северна Каролина и директор на Центарот за универзален дизајн, во моментов престојува во Македонија и дава презентации од областа на Универзалниот дизајн со цел да се зголемат познавањата за оваа сфера. Почетоците на универзалниот дизајн датираат од времето кога архитектонските решенија биле фокусирани на прашањата како да се реши пристапноста кон некој објект, како на пример, преку изградба на мали пристапни рампи или пресеци на тротоарите за луѓето во инвалидски колички, нешто што било задолжително според Законот за хендикепирани лица во САД...повеќе | интервју на г-динот Венс за А1 ТВ.
 |
Амб. Миловановиќ го пресече првото парче торта со ликот на новата македонска поштенска марка по повод 50 г. од лансирањето на првиот американски сателит - Експлорер 1. (голема фотографија). |
Говор по повод издавањето на новата македонска поштенска марка 50 години од лансирањето на првиот американски сателит – Експлорер 1.Американско катче Скопје, библиотека „Браќа Миладиновци“
15 февруари 2008, 17:40 Н.Е. Џилијан Миловановиќ:..”Сакам срдечно да се заблагодарам на Македонска пошта за чествување на Експлорер 1, како и на мажите и жените кои го дизајнираа и изградија сателитот и кои успешно го лансираа од Кејп Канаверал пред 50 години.Со издавањето на оваа марка, Македонска пошта ни дава можност уште еднаш да го испратиме Експлорер 1 околу светот, но овој пат на еден различен, поземски начин.”…
повеќе.
» Академска 2008-2009 година на професионално усовршување на Студии по новинарство и масовни комуникации Амбасадата на Соединетите Држави во Република Македонија ја огласува Програмата за професионално усовршување по новинарство и масовни комуникации во Соединетите Американски Држави во академската година 2008-2009. Програмата ќе им овозможи на млади, како и на нешто поискусни, новинари и професионалци од областа на медиумите, кои се граѓани на Република Македонија, да ги усовршат своите вештини преку студирање и практична работа на водечки универзитети во САД...
повеќе.
Краен рок за аплицирање е 1 март 2008.
 |
Ректорот на ДУТ доделува спомен плоча од ДУТ на Амбасадорката Миловановиќ (голема фотографија) |
Проектот „Креативна настава и учење“ на УСАИД, воведува модерна технологија на Државниот Универзитет во Тетово 13 фебруари 2008 Соопштение за медиумите: Благодарение на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), Факултетот за хуманистички науки и уметности и Природно-математичкиот факултет при Државниот Универзитет во Тетово сега имаат комплетно опремени медијатеки и нагледни училници, каде што студентите ќе можат да ги подготвуваат своите испити и проекти…
повеќе.
 |
Средба на джавниот секретар Кондолиза Рајс со министерот за надворешни работи на Македонија Антонио Милошоски (large photo) |
Джавниот секретар Кондолиза Рајс се сретна со министерот за надворешни работи на Македонија Антонио Милошоски 12 февруари 2008 На 12 февруари во Вашингтон, државниот секретар Кондолиза Рајс се сретна со министерот за надворешни работи Антонио Милошоски при што разговараа за големиот придонес што Република Македонија го дава за регионалната стабилност и Војната против тероризмот. Таа, исто така, заедно со министерот за надворешни работи, ги оценија напорите на Македонија за задоволување на стандардите за членство во НАТО што се засноваат на перформанси, а во контекст на претстојниот самит на НАТО. Беше дискутирано и за спорот помеѓу Грција и Македонија околу името, при што секретарот Рајс ја нагласи континуираната силна подршка на Соединетите Држави за постигнување на взаемно прифатливо решение во преговорите што се водат под покровителство на специјалниот претставник на генералниот секретар на Обединетите нации, Метју Нимиц.
»
Изјава од Амбасадата на САД 12 март 2008
Република Македонија има златна прилика да добие покана за влез во НАТО, која ја заслужува по сите сериозни и успешни напори за спроведување на реформите во изминатите години. Спорот околу името со Грција сеуште претставува пречка. Политичката стабилност останува да биде суштински елемент за секој аспирант за членство во НАТО. Амбасадата на Соединетите Американски Држави ги охрабрува сите политички лидери во Македонија, во овој исклучително важен период, да ја фокусираат својата енергија кон зачленувањето на земјата во НАТО.
Отварање на изложбата Американска Архитектура покрај патот
7 февруари, 2008 Амбасадорката Миловановиќ: “Изложбата “Американската архитектура покрај патот”претставува фотографии од Џон Марголис, историчар на архитектурата и фотограф кој 25 години патувал низ САД, истражувајќи ги патиштата на историјата и архитектурата покрај патот. Неговите фотографии документираат посебен период од американскиот живот, и ја зачувуваат сликата и сеќавањето на една претежно комерцијална архитектура која исчезнува. “...повеќе.
Американското катче во Скопје го прослави третиот роденден
25 јануари 2008
Амбасадорката во својот говор посочи дека катчето е наше заедничко катче, не американско или македонско и место во кое сите се добродојдени да ги користат матријалите кои се достапни или да земат учество во многутте активности. Директорот на Градската библиотека, Филип Петровски, го искажа своето задоволство за прекрасната соработка со катчето...повеќе.
Текст поврзан со настанот:
Обраќање на амбасадорот Миловановиќ на третата годишнина од отворањето на Американско катче во Скопје.
 |
Дел од чествувањето на делото на Мартин Луер Кинг, Помладиот во Американското катче Битола (голема фотографија) |
Ден посветен на Мартин Лутер Кинг, Помладиот
21 јануари, 2008
Во чест на Денот на Мартин Лутер Кинг, помладиот, Американското катче прикажа видео презентација насловена "Маршот" на 22 јануари, Четврток. Петтмината членови кои присуствуваа на видео презентацијата имаа можност да го слушнат познатиот говор "Јас имам сон", кој засекогаш ќе остане препознатлив симбол на Маршот во 1963 година...повеќе.
 |
Амб. Миловановиќ и Гзим Сулејмани им посакак добредојде на гостите на отварањето (зголемена фотографија)
- големина 9.56MB) |
Обраќање на амбасадорот на САД, Џилијан Миловановиќ на отворањето на Американско катче во Тетово
17 јануари 2008
Амбасадороката Миловановиќ:…”Ова Американско катче е трето во Македонија, што е посветено на зближувањето на луѓето со различни култури и потекло. Другите две, во Скопје и во Битола, примаат по повеќе од 10.000 посетители годишно. Се надевам дека исто толку луѓе од Тетово, Гостивар и од другите општини во овој регион ќе го посетат и ова, ново Американско катче. Особено се надевам дека за универзитетските студенти и учениците од средните училишта, ова Катче ќе биде корисен извор на информации за Соединетите Држави, а ќе им помогне и во усовршувањето на нивниот англиски јазик. ”...повеќе.
 |
Питер Најшулер предава за Уставот на САД во Американското катче во Скопје |
Ура за новото Американско катче во Тетово!
Амбасадата на САД во Скопје ќе го отвори третото Американско катче во Тетово на 17 јануари 2008. Катчето се наоѓа во Домот на културата во Тетово. Катчето е соработка и партнерство меѓу Амбасадата на САД, Општината Тетово, Домот на Култура во Тетово и НВО Аурора. Во Македонија постојат уште две Катчиња, едно во Скопје и едно во Битола. Секое од нив годишно го посетувааат повеќе од 11,000 граѓани и се нудат повеќе од 100 програми. Американските катчиња го следат моделот на американските јавни библиотеки, каде што посетителите можат бесплатно да позајмуваат книги, да пребаруваат на Интернет и да посетуваат најразлични програми, од програма за федералната држава Аљаска преку програми за конверзација на англиски, до презентацијата "Како Република Кина ја постигна реформата во технологијата и каква улога имаат американските универзитети". Се организираат филмски проекции, програми за деца со приказни, прослави за деца на Денот на вештерките како и зимските празнични прослави.
»
Изјава за медиумите: Американско катче се отвара во Тетово,
16 јануари 2008.
 |
20 Македонски полицајци дипломираа на академијата ИЛЕА во Будимпешта спонзорирани од владата на САД (зголемена фотографија) |
20 Македонски полицајци дипломираа на академијата ИЛЕА во Будимпешта спонзорирани од владата на САД.
16 јануари 2008
20 Македонски полицајци дипломираа на академијата ИЛЕА во Будимпешта спонзорирани од владата на САД. Тие ја посетуваа оваа сесија заедно со Бугарска делегациај со кои живее и тренираа во Будимпешта повеќе од два месеца собирајќи обемно знаење кое што ќе можат да го пренесат на нивните колеги во Македониаја...повеќе.
Изрази на сочувство од Амбасадата на САД
13 јануари 2008
Со најдлабока тага Амбасадата на САД се придружува кон народот на Република Македонија во жалењето по единаесетте припадници на Македонската Армија, кои трагично загинаа вчера. Овие храбри војници и служеа на својата земја со најголемо достоинство. Нашите мисли и молитви се со семејствата на војниците и со нивните браќа во Армијата.
 |
Се гледаме во САД - лого |
Покачување на трошокот за апликација за Неимигрантска виза од 1 јануари 2008 Почнувајќи од 1 јануари 2008, цената за аплицирање за неимигрантска виза за САД ќе се покачи од УСД 100 на УСД 131. Ова покачување ќе му овозможи на Стејт Департментот да ги надокнади трошоци за дополнителните безбедносни и други мерки во процесот на аплицирање за неимигрантска виза.
Апликантите кои ја уплатиле старата сума од УСД 100 пред 1 јануари ќе бидат процесуирани само доколку имаат закажано интервју за виза и се појават на истото пред 31 јануари...
повеќе.