jump over navigation bar
Embassy SealStejt Departmentot
Ambasada na Soedinetite Amerikanski Dr`avi, Skopje, Makedonija flag graphic
Програми, Настани и Информации
 
  Мисија на Амбасадата Клучни офицери во Амбасадата Теми од Интерес Изјави за Медиумите Годишни Извештаи Ресорсен Центар на Информации Американски катчиња во Македонија Студентска Размена Програма за мали грантови Архива

Архива Јануари – Мај 2009


Амбасадорот Рикер со вработените од Мекдоналдс
Амбасадорот Рикер со вработените од
Мекдоналдс. (ГФ)
Отворање на Мекдоналдс во Тетово

Говор на Амбасадорот Филип Рикер
30 мај, 2009

Амбасадорот Рикер: “Денешниот настан во Тетово е забавен затоа што отворањето и проширувањето на еден иконски Американски бренд како Мекдоналдс не потсетува сите што е она за што работиме: Нашиот најголем успех е кога луѓето се заедно и ја споделуваат својата култура, своите економии и се она од што се состојат нивните животи."...повеќе.






Советникот за односи со јавност Рајан Роландс им се придружи на децата од локалното училиште во чистење на плажата, по што следуваа игри и забава на чистото Охридско крајбрежје.(Од архивата на Отворена забава училишта за фудбал)
Советникот за односи со јавност Рајан
Роландс им се придружи на децата од
локалното училиште во чистење на
плажата, по што следуваа игри и забава
на чистото Охридско крајбрежје.
(Од архивата на Отворена забава учили-
шта за фудбал)(ГФ)
Видео презентација на слики -
  
Видео запис на МТВ 1, ВМВ/7.5 МБ
Здрави деца и здрава животна средина во Македонија


24-25 мај 2009

Американската амбасада се здружи со Отворена забава училишта за фудбал и Македонската агенција за млади и спорт, за да го поддржат двонеделниот мултиетнички спортски камп, кој исто така промовираше свесност за животната средина. Кампот се одржуваше во Охрид и Струга и околината, а учествуваа ученици од училишта од регионот. Пред да започнат со игрите и забавата, учениците ги исчистија локалните паркови и училишни дворови и научија како загадувањето и штети на животната средина.

- За да видите видео презентација на слики од овој настан, кликнете овде.
- За да го погледата видео записот на МТВ 1 од овој настан (големина 7.5 МБ), кликнете овде.


 

 

Заменикот државен секретар на САД, Џејмс Стајнберг
Заменикот државен секретар на САД,
Џејмс Стајнберг 
Заменикот државен секретар на САД со Гласот на Америка на македонски зборува за проблемот со името

28 мај 2009

Заменикот државен секретар на САД, Џејмс Стајнберг, во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик изразува надеж дека Владите на Македонија и Грција ќе успеат да го надминат спорот со името преку „креативно решение“. За да го прочитате и погледнете целото интервју, кликнете тука.







Напред розово! Чекори против ракот на дојка-ЛОГО
Напред розово! Чекори
против ракот на дојка
Напред розово!


11 мај 2009

Во соработка со локалните партнери БОРКА, Интегрити Алфа Омега, Авон, Министерството за здравство и Агенцијата за млади и спорт, амбасадата на САД во Скопје, во недела, 17 мај, со почеток од 11 часот, ќе биде домаќин на настанот “Напред розово! Чекори против ракот на дојка”. Овој симбиличен марш ќе почне од “Школка” во Градскиот парк во Скопје, по што ќе следи концерт со познати македонски ѕвезди. Ракот не познава ни граници, ни етнчки групи.

Сите ние живееме со оваа опасност. За луѓето од сите возрасти, маршот на 17 мај ќе биде шанса на ваков начин да обезбедат средства за здравјето на нивните мајки, сопруги, сестри и ќерки. Ако работиме заедно во совладувањето на оваа болест се грижиме за заедничките интереси и вредности кои ги споделуваме како човечки суштества. Борбата со ракот на дојка е важна за сите нас.

Повеќе информации за тоа како може да донирате за оваа цел и да се придружите на маршот, ќе најдете на веб страницата на БОРКА.






During the visit, Ambassador Reeker presented President Ivanov and his family with pins representing the friendship between Macedonia and the United States along with a flag that flew over the first Embassy.
За време на посетата, амбасадорот Рикер
му подари на новоизбраниот претседател
Иванов значки кои го симболизираат
пријателството помеѓу Македонија и САД
заедно со знамето што се вееше пред
старата амбасада на САД. (ГФ)
Новоизбраниот претседател Иванов ја посети новата амбасада на САД


11 мај 2009

11 мај -- Новоизбраниот претседател Иванов и неговото семејство му се придружија на амбасадорот Рикер во обиколка на новата амбасада на САД на ден пред неговата официјална инаугурација. Покрај обиколката на просториите, тој исто така се сретна и со дел од вработените во амбасадата и ја изрази неговата подготвеност да работи на постигнување на целта на Македонија за целосна Евро – Атланска интеграција.






Како дел од Декларацијата за стратешко партнерство и соработка, Канцеларијата за односи со јавност при амбасадата на САД спонзорираше волонтерска програма представена од  Дороти Гибонс, волонтер од добротворната фондацијата Роза со седиште во Тексас која обезбедува бесплатни прегледи и третмани за жени со рак на дојка кои се со ниски лични примања.
Како дел од Декларацијата за стратешко
партнерство и соработка, Канцеларијата
за односи со јавност при амбасадата на
САД спонзорираше волонтерска програма
представена од Дороти Гибонс, волонтер
од добротворната фондацијата Роза со
седиште во Тексас која обезбедува
бесплатни прегледи и третмани за жени
со рак на дојка кои се со ниски лични
примања.(ГФ
Прва годишнина од потпишувањето на Декларацијата за стратешко партнерство и соработка помеѓу САД и Македонија

8 мај 2009

Денес одбележуваме една година откако САД и Македонија ја потпишаа Декларацијата за стратешко партнерство и соработка. Декларацијата беше потпишана со цел да се прошири и зајакне блиското пријателство помеѓу двете земји, а се базира на заеднички цели, интереси и вредности. Дел од стратешкото партнерство е САД да продолжат со помошта во реформите на Македонија додека земјата не ја постигне својата цел за влез во НАТО и Европската Унија...повеќе.




 

Амбасадорот Рикер му го подарува американското знаме на претседателот Црвенковски
Амбасадорот Рикер му го подарува
американското знаме на претседателот
Црвенковски. (ГФ)
Претседателот Црвенковски ја посети новата амбасада на САД

5 мај 2009

5 мај- Претседателот Црвенковски направи обиколка на новата Амбасада на САД во Скопје. Обиколката започна со воведна церемонија на американските Маринци и продолжи со разгледување на комплексот. Како симбол на почитување, амбасадорот Рикер на претседателот Црвенковски му го подари американското знаме, што се вееше пред старата зграда на Амбасадата на САД. Претседателот Црвенковски беше импресиониран од погледот и од современиот изглед на новата Амбасада.




 

Амбасадорот Филип Т. Рикер
Амбасадорот Филип Т. Рикер
Светски ден на слободата на печатот
Колумна од Филип Рикер, амбасадор на САД во Република Македонија

4 мај 2009

По повод Светскиот ден на слободата на печатот, сакав да им се заблагодарам на медиумите за нивната работа за време на неодамнешните претседателски и локали избори. Повеќе независни аналитичари ја пофалија одличната работа на новинарите при покривањето на кампањата и информирањето на јавноста за кандидатите и нивните ставови за важните прашања со кои земјата се соочува...повеќе.





Првиот работен ден во новата амбасада
Првиот работен ден во новата амбасада.
(ГФ).

Новата локација на амбасадата

27 април 2009

На 27 април, Амбасадата на САД официјално се пресели од досегашната локацијата на Илинденска на новата локација изградена на местото “Градиште” во Скопје.

- За да дознаете повеќе за новата амбасада и за да видите одредени фотографи од локацијата, кликнете овде.










Обраќање на амбасадорот Рикер на тркалезната маса организирана од претседателот Црвенковски

Обраќање на амбасадорот Рикер на
тркалезната маса.  (ГФ)

“Иднината на Македонија преку призмата на пријателите”
Тркалезна маса организирана од претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски

Говор на амбасадорот Филип Рикер
21 април 2009

Амбасадорот Рикер: “Дадовме гаранции дека ќе работиме заедно за да создаваме можности и да се соочуваме со тешки предизвици. Како што претседателот Обама неодамна кажа во Истанбул, “Имаме заеднички интереси и вредности, и може да имаме партнерство што им служи на нашите заеднички надежи и соништа.” Како претставник на претседателот во Република Македонија, верувам дека овој форум доаѓа во право време, за да ги искористиме изјавите на претседателот Обама како призма преку која ќе зборуваме за иднината на Македонија.”...повеќе.






Амбасадорот Рикер зборува со новинарите присутни на трибината за НАТО
Амбасадорот Рикер зборува со новинарите
присутни на трибината за НАТО.
- големина 2.64 МБ.
Одбележување на 60 години на НАТО

8 април 2009

Неколку дена по завршувањето на успешно спроведените претседателски и локални избори, амбасадорот Рикер зборуваше на трибина на која се дискутираше за самитот на НАТО.

- За да го прочитате обраќањето на амбасадорот Рикер, кликнете овде.

- За да го погледата видео записот на СИТЕЛ ТВ (големина 2.64 МБ), кликнете овде.






Department of State - Logo 
ИЗЈАВА НА РОБЕРТ А. ВУД, в.д. ПОРТПАРОЛ

Претседателски и локални избори во Македонија 

8 април 2009

Соединетите Држави му честитаат на новоизбраниот претседател Ѓорге Иванов. Соединетите Држави ќе соработуваат со новоизбраниот претседател Иванов и неговата екипа околу значајни прашања кои и претстојат на Македонија и регионот. И честитаме и на Република Македонија за спроведувањето на мирни и демократски претседателски и локални избори, кои завршија на 5 април.






Претседателот Обама со лидерите на новите држави - членки на НАТО.
Амбасадорот Рикер и новоизбраниот
претседател Иванов по состанокот им се
обратија на медиумите. (LP)/
Изјава на Амбасадата на САД за претседателските и локалните избори во Република Македонија

7 април 2009

Соединетите Држави им честитаат на луѓето во Македонија за вториот круг на претседателски и локални избори одржани во земјата на 5 април. Граѓаните на Република Македонија, заедно со властите во државата заслужуваат пофалба затоа што спроведоа успешни избори. Му честитаме на новоизбраниот претседател Ѓорге Иванов и очекуваме дека ќе соработуваме со него за да и помогнеме на Македонија да оствари целосна Евро-атлантска интеграција што е можно побрзо. Исто така, му честитаме и на неговиот противкандидат, г-динот Фрчкоски, за водење на една мошне динамична кампања и за достоинствениот говор при прифаќањето на поразот...повеќе.
- Тука може да го погледнете видео записот (големина 1.25 МБ) на А1 ТВ.






President Obama with the leaders of the new NATO member-states
Претседателот Обама со лидерите на
новите држави - членки на НАТО. (LP)
Обраќање на претседателот Обама на Состанокот на Северноатлантскиот совет

4 април 2009, Стразбур, Франција

Претседателот Обама: Многу ви благодарам. Сакам да им се обратам директно на делегациите на Албанија и Хрватска и на нивните раководства: Добредојдовте во НАТО. Многу сме возбудени поради вашето учество. Атланскиот сојуз постои 60 години, но тоа ја покажува нашата виталност дека сеуште можеме да примаме нови членки.”...повеќе.






Амбасадорот Рикер разговара со новинарот на Алсат за претстојниот втор круг на претседателски и локални избори.
Амбасадорот Рикер разговара со новинарот
на Алсат за претстојниот втор круг на
претседателски и локални избори. 
(ГФ) / - (ВМВ/големина 6.06МБ)
Амбасадорот Рикер предупредува против можни заплашувања

2 април 2009

Во интервију за Алсат телевизија, амабасадорот Рикер, зборувајќи за вториот изборен круг на претседателските и локалните избори, изрази загриженост околу изјавите дека се врши притисок и заплашување на гласачите.
- За да го видите целото интервију на Алсата ТВ, кликнете овде.
- За да погледнете делови од интервијуто (видео запис -големина 6.06 МБ), кликнете овде.





Амбасадорот Рикер придружуван од ЕУ амбасадорот Фуере и амбасадорот Хереро од ОБСЕ разговараат околу последните случувања.
Амбасадорот Рикер придружуван од ЕУ
амбасадорот Фуере и амбасадорот Хереро
од ОБСЕ разговараат околу последните
случувања. (LP
 - А1 видео запис/5.6МБ
За предизвиците во вториот круг


30 март 2009

А1 телевизија ги интервјуираше амбасадорот Рикер, амбасадорот Хереро од ОБСЕ, и амбасадорот Фуере од ЕУ околу последните случувања во земјата, како и во врска со неопходните подобрувања што треба да се направат во процесот на гласање. Тројцата амбасадори зборуваа отворено за тоа колку е важно да се адресираат прашањата за надуениот избирачки список и за елиминирањето на семејното и на групното гласање.
- За да видите извадоци од интервјуто, кликнете тука.




Средбата во Охрид, Кредит А1 ТВ
Средбата во Охрид, Кредит А1 ТВ
Промовирање на ферплеј во вториот круг


30 март 2009

На 30 март, амбасадорот Рикер се сретна со кандидатите за градоначалници на Струга и Охрид, кои се подготвуваат за вториот круг на изборите. Им честиташе за напредокот кон вториот круг и ги охрабри да водат чесна кампања. За да прочитате повеќе за оваа средба, кликнете тука.






Амбасадорот Филип Т. Рикер
Амбасадорот Филип Т. Рикер
Изјава на амбасадорот Рикер по прес конференцијата за изборниот мониторинг на ОБСЕ/ОДИХР


22 март 2009

Амабсадорот Рикер: “Соединетите Држави се многу задоволни што изборите во Македонија поминаа добро вчера за време на првиот круг на овие многу важни претседателси и локални избори. Би се согласиле со оценките на ОБСЕ и на другите набљудувачки организации дека во целина, овие избори беа добри. Сметаме дека кампањата беше спроведена во позитивна атмосфера и секако, многу проблеми кои беа забележени минатиот јуни се надминати.”...повеќе.






Department of State - Logo 
САД и честита на Македонија за успешно спроведениот прв круг претседателски и локални избори одржани на 22 март
Конференција за печат на Стејт Департментот на САД

23 март 2009 / Роберт А. Вуд, заменик потпарол

Г-дин Вуд: “Соединетите Американски Држави и честитаа на Македонија и на нејзините граѓани за успешно спроведениот прв круг на претседателски и локални избори одржани во текот на вчерашниот ден, кои генерално се одвиваа мирно и без насилство. Граѓаните на Македонија заслужуваат пофалба затоа што излегоа во голем број и покрај снежните временски неприлики.”…повеќе.






Амбасадорот Филип Т. Рикер
Амбасадорот Филип Т. Рикер
Време е да покажете брилијантност

Филип Рикер, амбасадор на САД 

20 март 2009

Како што Република Македонија се подготвува за претстојните избори, го охрабрувам секој нејзин граѓанин да го искористи своето демократско право да помогне во изборот на идниот курс на вашата земја. Ова е само ваше право и вие треба да сте во можност да го дадете својот глас без страв, без застрашување и без насилство. Очекуваме дека вашата влада ќе ги преземе сите неопходни чекори за да овие избори бидат слободни и фер. Вашето учество на денот на изборите подеднакво придонесува кон тоа изборите да бидат успешни...повеќе.







Амбасадорот Рикер зборува со новинар на Канал 77
Амбасадорот Рикер зборува со новинар
на Канал 77(ГФ)
Разговори за изборите пред изборен молк


20 март 2009

Во интервју со Канал 77, aмбасадорот Рикер ја повтори пораката која ја презентираше многупати на неговите состаноци со кандидатите, партиските лидери и граѓаните во врска со важноста на претстојните избори. Тoј, исто така зборуваше за прашањето за името како и за помошта што САД и ја дава на Македонија преку УСАИД. Амбасадорот Рикер исто така одговараше на прашања поврзани со неговата поранешна кариера како потпарол. За да го погледнете интервјуто, кликнете овде.







Амбасадорот Рикер со уредникот на Утрински весник зборува за изборитево Македонија

Амбасадорот Рикер со уредникот на
Утрински весник зборува за изборитево
Македонија (ГФ)
 

Разговор со Утрински весник за иднината на земјата


14 март 2009

Амбасадорот Рикер неодамна разговараше со уредникот на Утрински весник, Љупчо Поповски, за претстојните избори и за предизвиците со кои се соочува Македонија во своите напори кон Евро-Атланските аспирации. Амбасадорот, исто така зборуваше и за слободата на медиумите во Македонија.
- За да го погледнете интервјуто, како што е објавено во Утрински весник , кликнете овде.






Амбасадорот Рикер зборуваа во дебатна емисија на Алсат ТВ
Амбасадорот Рикер зборуваа во дебатна
емисија на Алсат ТВ. (ГФ)/
(големина на видео записот 10 МБ)
Слободни и фер избори се задолжителни
 

7 март 2009

Амбасадорот Рикер, заедно со амбасадорот Хереро од ОБСЕ и амбасадорот Фуере од ЕУ зборуваа во дебатна емисија на Алсат ТВ за почетокот на изборната кампања, како и за важноста на претстојните избори за Македонија. Соговорниците се согласија дека властите и политичките партии се одговорни за спроведување на слободни и фер избори и ги охрабрија кандидатите да креираат коректна атмосфера за време на кампањата, затоа што тоа би било добра подготовка за самиот Изборен ден.
- За да погледнете делови од интервјуто (видео запис - големина 10 МБ), кликнете овде.






Поштенска марка за прибирање финансиски средства за истражувачки цели за ракот на дојка 
Поштенска марка за
прибирање финансиски
средства за истражувач-
ки цели за ракот на дојка
Доктор Балаз Бодаи ја претстави поштенската марка за прибирање финансиски средства за истражувачки цели за ракот на дојка во Македонија

2 март 2009

Во рамки на првата меѓународна конференција за ракот на дојка во Македонија, др. Балаз Бодаи, кој ја креираше поштенската марка за прибирање финансиски средства за истражувачки цели за ракот на дојка, со која се собраа над 80 милиони американски долари во САД, ја претстави поштенската марка и во Македонија, како дел од проктот наречен “глобално патување”. Овој настан беше организиран од Меѓународната Фондација Борис Трајковски, во соработка со Македонска Пошта и Амбасадата на САД, преку Балканската Иницијативата за Ракот на дојка. Г-ѓа Солве Рикер пред присутните гости говореше за партнерството како значаен дел на конференцијата.
 
- Тука може да видите делови од говорот на г-ѓа Рикер и од претставувањето на поштенската марка
- Повеќе информации за Балканската Иницијативата за Ракот на Дојка може да добиете тука.







Амбасадорот Рикер со Премиерот Груевски на чинот на потпишување на спогодбата.
Амб. Рикер со Премиерот Груевски на
чинот на потпишување на спогодбата.(ГФ)
Канал 5 ТВ видео запис (гол. 1.77МБ)
Партнерството помеѓу Македонија и САД ја продлабочува Фулбрајт програмата


25 февруари 2009

Претседателот на Владата Никола Груевски и амбасадорот Филип Т. Рикер потпишаа спогодба со која Владата на Македонија ќе донира 100.000 американски долари за зајакнување на Фулбрајт програмата, со цел да се зголеми бројот на стипендии за студенти од Македонија да учат во САД и да имаат можност за две-годишна магистерска програма. Од прогласувањето на независноста на Македонија, владата на САД, преку Бирото за едукација и култура при Стејт Департментот, има испратено 77 граѓани од Македонија на оваа програма во САД. “Со денешното потпишување на Спогодбата за продлабочување на Фулбрајт програмата, ја продлабочуваме билатералната соработка помеѓу Соединетите Држави и Република Македонија. Ова е историски момент во нашето партнерство,” изјави амбасадорот Рикер за време на церемонијата по повод потпишување на спогодбата. Тука може да добиете повеќе инофрмации за Фулбрајт програмата. | Тука може да го прочитате говорот на амбасадорот Рикер.

- Тука мозе да го погледнете видео записот (големина 1.77 МБ) на Канал 5 ТВ.




Амбасадорот Рикер и  премиерот Груевски со своите тимови по дискусијата за помошта на САД за Македонија
Амбасадорот Рикер и премиерот Груевски
со своите тимови по дискусијата за
помошта на САД за Македонија  (ГФ)
Амбасадата на САД на средба со Владата на Република Македонија дискутираа за целите на поддршка

22 јануари 2009

На 22 јануари, амбасадорот Рикер предводеше тим од Амбасадата на средба со премиерот Никола Груевски и министрите од неговиот Кабинет, за презентирање на програмите за поддршка со цел да и помиогнат на Република Македонија да одговори на предизвици на својот развој и транзиција. За време на презентацијата и дискусијата, беа нагласени успесите што се постигнати со поддршка од околу една милијарда УСД, кои Соединетите Држави ги имаат инвестирано во Република Македионија од осамостојувањето, а исто така беа наведени и областите каде соработката би можела да биде подобра. Како особено успешни беа посочени зголемувањето на капацитетот на Македонската Армија, подобрената конкурентност во повеќе бизнис сектори, како и остварените подобрувања во училиштата и во наставните програми ширум Македонија. Да видите краток видео клип за програмите во училиштата, кликнете овде. Да дознаете повеќе за програмите на УСАИД во Македонија, кликнете овде.





Амбасадорот Рикер со наградените добитници од невладиниот сектор
Амбасадорот Рикер со наградените
добитници од невладиниот сектор (ГФ)
Значењето на слободните медиуми во демократијата


22 јануари 2009

На свеченост по повод доделување на награди за медиуми за нивно покривање на работата на невладиниот сектор, амбасадорот Рикер зборуваше за клучната улога што слободните медиуми ја имаат во заштитување на демократијата преку промовирање на слободниот проток на идеи. Транскриптот на говорот на амбасадорот можете да го прочитате овде.





Обраќање на Амбасадорот Рикер пред пристните гости
Обраќање на Амбасадорот Рикер
пред пристните гости (ГФ)
-(запис големина 19.5МБ)
Го славиме новиот претседател

20 јануари 2009

Амбасадорот Рикер и сопругата приредија прием во својот дом во чест на инаугурацијата на 44-от претседател на Соединетите Американски Држави, Барак Обама. Гости на приемот беа претставници од волонтерски групи и невладини организации кои работат ширум Македонија. Во обраќањето пред присутните, амбасадорот Рикер искажа пофалба за нивното служење на земјата и истакна дека во Соединетите Држави ваквите организации беа клучни за успехот на претседателот Обама на изборите. Обраќањето на амбасадорот Рикер (видео запис - големина 19.5МБ) може да го погледнете тука.





LOGO
Академска 2009-2010 година на професионално усовршување на Студии по новинарство и масовни комуникации

Амбасадата на Соединетите Држави во Република Македонија ја огласува Програмата за професионално усовршување по новинарство и масовни комуникации во Соединетите Американски Држави во академската година 2009-2010. Програмата ќе им овозможи на млади, како и на нешто поискусни, новинари и професионалци од областа на медиумите, кои се граѓани на Република Македонија, да ги усовршат своите вештини преку студирање и практична работа на водечки универзитети во САД...повеќе. | Формулар за аплицирање со биографски податоци.

Краен рок за аплицирање е 20 февруари 2009.



 

Среќни Лица на Учениците во едно Реновирано Училиште
Среќни Лица на Учениците во едно Рено-
вирано Училиште (
ГФ)
- видео запис на
Македонски
Реновирање на Основните Училишта низ Македонија
Проект на УСАИД за Основно Образование

Американскиод народ преку УСАИД, од 2001 година, направи значајни инвестиции во подобрувањето на квалитетот и во зголемувањето на значењето на образованието во Република Македонија. Важна компонента во помошта на УСАИД е и реновирањето на основните училишта. УСАИД ќе инвестира вкупно $3,000,000 во реновирање на училиштата во Македонија. До денес, Проектот на УСАИД за основно образование има реновирано 41 основно училиште за да ја подобри образовата средина и да ја подобри ефикасноста во користењето на електричната енергија. До 2011 година, УСАИД ќе реновира до 120 училишта, што е вкупно една-третина од основните училишта во Македонија…повеќе. | Видео запис (големина 9.3МБ) на  од овој пројект на Македонски.

back to top ^

Page Tools:

Printer_icon.gif Print this article



 

    Овој веб портал е изготвен и ажуриран од Стејт Департментот на САД.
    Поставувањето на надворешни линкови до останати веб портали не трeбa да се протолкува како наша поддршка на мислењата или ставовите содржани во нив.


Ambasad na Soedinetite Amerikanski Dr@avi