jump over navigation bar
Embassy SealStejt Departmentot
Ambasada na Soedinetite Amerikanski Dr`avi, Skopje, Makedonija flag graphic
Програми, Настани и Информации
 
  Мисија на Амбасадата Клучни офицери во Амбасадата Теми од Интерес Изјави за Медиумите Годишни Извештаи Ресорсен Центар на Информации Американски катчиња во Македонија Студентска Размена Програма за мали грантови Архива

Архива 2007


Маринскиот корпус на САД обезбедува донација “Играчки за деца” за децата во едукативниот центар Сумнал
Маринскиот корпус на САД обезбедува
донација “Играчки за деца” за децата
во едукативниот центар Сумнал
(голема фотографија)
Маринскиот корпус на САД обезбедува донација “Играчки за деца” за децата во едукативниот центар Сумнал

31 декември 2007

Четврта година по ред, припадниците на Маринскиот корпус на САД во рамките на Амбасадата на САД во Република Македонија се координатори на донаторска акција за добротворни цели во Македонија. На 31 декември 2007, Американските маринци предадоа донирани подароци на повеќе од 100 деца кои го посетуваат Сумнал едукативниот центар за Ромски деца во Скопје...повеќе.






Заменик Шеф на Мисија на САД Томас  Навратил и град. на Кочани Љубомир Јанев симболично оставаат пластичен отпад.
Заменик Шеф на Мисија на САД Томас
Навратил и град. на Кочани Љубомир
Јанев симболично оставаат пластичен
отпад (голема фотографија)
УСАИД и Општината Кочани иницираа успешна програма за рециклирање на пластика

19 декември 2007

Соопштение за медиуми:…”Проектот на УСАИД за Рециклирање на Пластика потпиша Меморандум за Соработка со општината Кочани за имплементација на својата програма за собирање на пластичен отпад. УСАИД за оваа намена одвои 30.000 долари за конструирање на “еколошки острови”,каде што жителите на Кочани можат да го остават својот пластичен отпад. Програмот вклучува и кампања за подигнување на јавната свест со намена да ги едуцира младите за важноста на рециклирањето. ...повеќе.



 

Дванаесеттата Група Доброволци На Мировниот Корпус дадоа свечена заклетва пред амбасадорот на САД, Џилијан Миловановиќ
12 група доброволци на Мировниот
Корпус дадоа свечена заклетва пред
амбасадороката Миловановиќ
(голема фотографија)
Дванаесеттата Група Доброволци На Мировниот Корпус Ја Започнува Својата Служба Во Македонија


14 декември, 2007

Велес, Македонија - дванаесеттата група доброволци на американскиот Мировен корпус во Македонија ја заврши подготвителната обука за двегодишната служба во Македонија. По давањето на свечената заклетва пред амбасадорот на Соединетите Американски Држави, Џилијан Миловановиќ, на церемонијата на која присуствуваа владини претставници и претставници на општините и организациите со коишто соработува Мировниот корпус, доброволците ќе ја започнат својата двегодишна служба во 34 заедници ширум Република Македонија...повеќе.





Амб. Миловановиќ и ПАО/Рајан Роландс
ги презентираат победничките
новогодишни честитки на Ицко Петрески
/директор на ОУ Лазар Личеноски
(голема фотографија)
Обраќање на амбасадороката Џилијан Миловановиќ

Церемонијата на прогласување на победници на натпреварот за дизајнирање на новогодишни честитки за Амбасадата на САД.

13 декември 2007

Амбасадороката Миловановиќ:…”Не беше лесно да се изберат победниците бидејки имаше толку многу убави дела. Вашите трудови ги разгледа комисија од Амбасадата, а потоа јас лично ги погледнав сите осумдесет. Прво сакавме да избереме само шест честитки. Но на крај одлучивме да има осум победници, бидејки не можефме да решиме кои две да отпаднат. Како награда секој победник ке добие дигитален фото апарат.”...повеќе.






Победничките на натпреварот од лево кон десно: Оља Стојковска; Александра Костовска и Нина Јанева.

Победничките на натпреварот (л - д):
Оља Стојковска; Александра Костовска и
Нина Јанева (голема фотографија

Свеченост за доделување сертификати за вториот национален натпревар за пишување на есеи на англиски јазик


10 декември, 2007

Свеченоста за доделување на сертификати за вториот национален натпревар за пиушување на есеи на англиски јазик се одржа во Американското катче Скопје. Првото место во категоријата 7. и 8. одделение ја прими Оља Стојковска од Куманово, победник во категоријата 1. и 2. година беше Александра Костовска од Радовиш и наградата за најдобар есеј во категоријата 3. и 4. година замина кај Нина Јанева од Свети Николе...повеќе.





Обраќање на Амб. Миловановиќ и Министерката на МВР Јанкуловска на церемонијата на донација во опрема и матерјали на МВР
Обраќање на Амб. Миловановиќ и
Министерката на МВР Јанкуловска на
церемонијата на донација во опрема и
матерјали на МВР. (голема фотографија)
Владата на САД донира опрема за Министерството за внатрешни работи на Република Македонија


29 ноември 2007

Соопштение за медиумите:..”Донацијата, во вредност од речиси УСД 264.000,00 е резултат на професионалната соработка помеѓу овие агенции на САД и Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, вклучува компјутери, дигитални камери, и опрема за собирање докази и откривање на експлозив. “…повеќе.






Обраќане на Амб. Миловановиќ на церемонијата по повод успешно реновирање на ОУ Никола Карев во Крушево
Обраќане на Амб. Миловановиќ на
церемонијата по повод успешно 
реновирање  на ОУ Никола Карев во 
Крушево (голема фотографија)
УСАИД и другите донатори го одбележуваат реновирањето на Основното Училиште “Никола Карев”, во чест на Тоше Проески


28 ноември 2007

Соопштение за медиумите:..“Само оваа година, околу 500 ученици и вработени во училишта ќе ги почувствуваат бенефициите од овој проект. Уште илјадници ќе ја имаат таа можност во иднина.” изјави Амбасадорката на САД во Македонија, Џилијан Милованович, на церемонијата која се одржа по овој повод. “Овде во Крушево, особено во училиштето “Никола Карев”, сите мисли се со Тоше Проески, кој беше голем уметник и пред се хуман човек. На некој начин, јас сум сигурна дека тој е денес овде со нас.”..повеќе.






DCM/Thomas Navratil with Mayor of Karpos Andrej Petrov at the signing ceremony of the implementation of its plastic waste collection program
Заменик Шеф на Мисија на САД Навратил
и Град. на о. Карпуш  Петров
(голема фотографија)
Инвестиција од 100.000 долари за рециклирање на пластичен отпад во Општината Карпош, од страна на УСАИД, јавниот и приватниот сектор


15 ноември, 2007

Соопштение за медиумите: ..“Зачувувањето на околината во Македонија е голем дел од помошта и мисијата на Американската Влада. Овој проект е совршен пример за тоа како Владата, приватниот сектор и локалната заедница, можат со взаемна соработка да ја зачуваат и заштитат околината и да ги едуцираат идните генерациои за важноста од рециклирање”.изјави Заменикот на Мисијата на САД во Македонија, Томас Навратил...повеќе.




Mayor of Neraste Rami Qerimi, the Director of the “Ismail Qemali” primary school Hazir Mustafai and US Embassy representative  Peter Neisuler
Церемонија на пуштање во употреба на
ново централно греење во
ОУ "Исмаил Ќемали" во Нераште.
(голема фотографија)
Со помош на САД, до топли училници за учениците на основното училиште “Исмаил Ќемали во Нераште.

14 ноември 2007

Соопштение за медиумите:..”Децата се нашата иднина и заслужуваат да имаат добра училишна средина, изјави градоначалникот на Теарце, Рами Ќерими на церемонијата која се одржа на 14 ноември, 2007. Минатата зима овие деца беа принудени да одат на училиште под тешки услови, ниски температури, загушлив воздух и прашина од дрвата користени за огрев.”…повеќе.

 




Амбасадорот Викторија Нуланд, постојан претставник на САД во Северноатлантскиот сојуз (НАТО)

Амб. Викторија Нуланд

Делегација на САД во посета на Македонија за консултации околу прашања поврзани со НАТО

Меѓуресорска група ќе го разгледа прогресот на Акциониот план за членство

7 ноември 2007

Соопштение за медиумите: Меѓуресорска делегација од Владата на САД, предводена од амбасадорот Викторија Нуланд, постојан претставник на САД во Северноатлантскиот сојуз (НАТО), ќе ја посети Македонија на 8 ноември, заради консултации со високи претставници од Владата и со претставници на политичките партии...повеќе.

Информации поврзани со настанот: Амбасадорката Нуланд ќе се обрати на тема `Година на можности за Балканот`.





 DCM/Thomas Navratil with few schoolgirls from “Goce Delchev” primary school
Заменик Шеф на Мисијата на САД
Том Навратил со ученички од основното
училиште “Гоце Делчев")
(голема фотографија)
САД и помогна на општината Василево, да инсталира нов систем за централно греење во основното училиште “Гоце Делчев”

1 ноември 2007

Соопштение за медиумите:..“Иако ние сме мала општина, нашите деца постигнуваат големи резултати. Секој од нив заслужува погодна средина за учење. Инсталацијата на овој систем за греење е од огромно значење за нашата општина и иницијативата за одржување и усовршувањето на нашето школо. Но најмногу им значи на овие деца како и на идните генерации на ученици. Тие ќе се стекнат со добро основно образование кое ќе им послужи како основа во иднина да ги исполнат своите соништа.“...повеќе.




“Halloween”  (Нок на вештерките),  забавна програма за деца во Американското катче во Скопје
Ноќ на вештерките, забавна програма за
деца во Американското катче во Скопје
(голема фотографија)
“Ноќ на вештерките” забавна програма за деца
Американското катче во Скопје го обележува празникот “Ноќ на вештерките”

31 октомври 2007

Во чест на празникот “Ноќ на вештерките”, Американското катче во Скопје организираше забавна програма за деца. На забавата присуствуваа 33 деца облечени во различни костими. Во потполна темнина, со само една светилка се читаа страшни риказни...повеќе.


 




The students of the “7 Marsi” primary school in Celopek, municipality of Brvenica
ученици од основното училиште 7 Март
во Челопек, Брвеница
(голема фотографија)
УСАИД и Општина Брвеница го реновираа основното училиште “7 Март”

25 октомври 2007

Соопштение за медиумите:...”придонесот на УСАИД беше приближно 35,000 долари за замена на 51 стари дрвени прозори со нови алуминиумски прозори кои штедат енергија. Со старите прозори, четвртина од греењето на училиштето се губеше во зимските периоди, предизвикувајќи дополнителен трошок за буџетот на општината. Енергетската заштеда од реновирањето сега ќе се потрошат за подобрување на образованието.”...повеќе.



Ribbon cutting ceremony at the primary  school
Церемониа на отварање на реновираното
училиште "Видое Подгорец" во Струмица
(голема фотографија)
УСАИД и Општината Струмица го реновираа основното училиште Видое Подгорец


18 октомври 2007

Соопштеније до медиумите:...”Придонесот на УСАИД беше приближно 45,000 долари за замена на 83 стари дрвени прозорци со нови алуминиумски прозори кои штедат енергија. Со старите прозори, четвртина од греењето на училиштето се губеше во зимските периоди, предизвикувајки дополнителни трошоци за буџетот на општината. Енергетската заштеда од реновирањето сега ќе се потроши за подобрување на образованијето.”...повеќе.




Toshe at USAID Education benefit concert
Тоше Проески на концерт
организиран од УСАИД
(голема фотографија)
Изјава од Амбасадорот на САД Џилијан Миловановиќ по повод смрта на Тоше Проески


16 октомври 2007

Амбасадорот на САД Џилијан Миловановиќ:…“Денес со огромен шок и тага разбрав за смртта на Тоше Проески. Моето семејство И јас, како И целата амбасада на САД ги изјавуваме најдлабоките изрази на сочувство до семејството на Тоше, неговиот бенд и менаџер, неговите пријатели и македонскиот народ. Сите сте во нашите мисли и во нашите молитви. Тоше во времето поминато со нас допре до неброен број животи. Тој беше извонреден пример за тоа колку еден добар човек може да постигне. ”…повеќе.




Ambassador Milovanovic at the Opening of the Hammam in Tetovo
Амбасадорот Миловановиќ и Министерот
за Култура Џемаили на отварање на
Амамот во Тетово (голема фотографија)
Амбасадорскиот фонд за зачувување на културата

Обраќање на Амбасадорот Миловановиќ по повод отварањето на Амамот во Тетово

15 октомбри 2007

Амбасадорот Миловановиќ:…” Македонија има многу богата историја, многу богата и разнолика култура. Од 2001 година, кога беше основан Амбасадорскиот фонд за зачувување на културата, народот на САД помогна во конзервирањето и обновувањето на Стоа, на археолошките ископувања во Стоби, за црквата Св. Спас во Скопје, мегалитската опсерваторија Кокино, и сега еве за Амамот овде во Тетово.”…повеќе.



Ambassador Milovanovic and Minister of Education Rushiti at the stage with Tose Proeski
Амб. Миловановиќ и Мин. Рушити на бина
со Тоше Проески (голема фотографија
Тоше Проески и УСАИД пеат за училиштата во Македонија

5 октомври 2007

Соопштение До Медиумите: Добротворниот концерт на Тоше Проески, организиран заедно со Агенцијата за Меѓународен Развој на Соединетите Американски држави (УСАИД), се очекува да обезбеди околу $150,000 за поддршка на образовни програми во Македонија. Сите средства од концертот ќе бидат искористени за реновирање на училишни згради, нова опрема и образовни материјали за училиштата во Македонија...повеќе.



Ambassador Milovanovic with Macedonian Prime Minister Gruevski at the Closeout Ceremony marking the successful end of the Macedonia Connects project.
Амб. Миловановиќ и Премиерот Груевски
на завршната церемонија на затварање
на  проектот `Македонија се поврзува`
(голема фотографија)
Агенцијата на САД за Меѓународен Развој - УСАИД го затвори проектот кој ја направи Македонија првата безжична интернет земја во светот

2 октомври 2007

Соопштение до медиумите: …”Во изминатите три години проектот на УСАИД, “Македонија се поврзува”, (MK Connects), овозможи бесплатен широкопојасен интернет за околу 550 училишта низ целата земја, овозможи интернет пристап за локалните бизниси и поединци по пристапни цени, и го зголеми бројот на интернет корисници низ целата држава”...повеќе.


The Statue of Liberty
Лотарија за добивање на иселенички визи во 2009


2 октомври 2007

Амбасадата на САД во Скопје, Македонија, со задоволство објавува дека пријавувањето за учество во програмата Лотарија за добивање иселенички визи (Зелена карта) во 2009 ќе започне во 18:00 часот на 3 октомври, среда…повеќе.




Церемониа на отварање на реновираното
училиште "Ванчо Китанов" во Пехчево
(голема фотографија)
Општините на Берово и Пехчево ги слават првите од 100 училишта кои ќе бидат реновирани од страна на УСАИД

28 септември 2007

Соопштение до медиумите:...”Старите основни училишта “Никола Петров Русински” во с. Русиново и “Ванчо Китанов” во Пехчево се во целост реновирани, благодарение на Американскиот народ преку Агенцијата за развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД). УСАИД е дел од Мисијата на САД во Македонија. Овие две училишта се првите од 100-те основни училишта кои УСАИД ќе ги реновира низ Македонија.”...повеќе.


 US Ambassador Gillian A. Milovanovic
Џилијан Миловановиќ
(голема фотографија)
Изјава од амбасадорот на САД Џилијан Миловановиќ за улогата на медиумите во демократијата

27 септември 2007

Соопштение до медиумите: "Амбасадата на САД го осудува последниот инцидент во кој, полицијата употреби сила и застрашување за да ги спречи медиумите да ја извршуваат својата задача да известуваат за настани од интерес на јавноста. Ваквата пракса претставува закана за самата основа на демократијата. Особено силно го осудуваме бескрупулозниот физички напад на еден новинар."...повеќе.

Предходна Изјава: Изјава од Амбасадорот на САД Џилијан Миловановиќ за денешните инциденти во Собранието, 27 септември 2007.



Center for Entrepreneurship and Executive Development (CEED) officially launched with a ceremony at the Holiday Inn
Заменик Шеф на Мисијата на САД
Том Навратил на церемонија на отварањето
на (ЦЕЕД Македонија)(
голема фотографија)
Врвна Обука за Македонските Претприемачи
Отворен Центарот за развој на претприемачи и менаџери (CEED) Македонија

24 септември 2007

Соопштение до медиумите:  “Центарот за развој на претприемачи и менаџери подржан од УСАИД, е уникатен обучувачки центар. Ги задоволува  специфичните потреби за раст на претприемачите во кратки, ефективни обуки кои се вклопуваат во роковниците на зафатените менаџери“ рече Г-ѓа Милованович, Амбасадорот на САД во Македонија.’...повеќе.



Министерот Маневски ја поздравува
Амбасадорката Миловановиќ пред
почетокот на обуката на кандидати за
судии и јавни обвинители
(
голема фотографија)
Поздравно обраќањe на Амбасадор Миловановиќ
Отпочнување на програмата за почетна обука на Првата генерација на кандидати за судии и јавни обвинители
 
19 септември 2007 г

Амбасадор Миловановиќ:…”Овој настан означува многу значаен момент за Македонија. Тој означува воспоставување на она за кое ние се надеваме дека ќе биде одржлив модел на едукација и обука на идните судии и обвинители. Со овој чекор, Македонија ги зајакнува своите заложби за поддржување на процесот на судските реформи, процес кој мора да се забрза со цел Македонија да ги постигне своите Евроатлански аспирации.”…повеќе.





U.S. Ambassador Gillian Milovanovic
Амб. Миловановиќ 
(
голема фотографија)
УСАИД помогна Универзитетот на Југоисточна Европа од концепт да се развие во современа високообразовна институција

 
19 септември 2007 г.

Студентите од Република Македонија и регионот ги уживаат придобивките од подобрениот квалитет на високото образование на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) благодарение на Програмата за Поврзување на Високото Образование (HELP) на УСАИД...повеќе.





Ambassador Milovanovic & Macedonian Minister Slaveski at the Signing Ceremony
Амб. Миловановиќ и Мин. Славевски
на церемонијата на потпишување на
грантовите (
голема фотографија)

20 милиони долари за мали и средни претпријатија и за енергетска ефикасност

17 септември 2007 г.
 
УСАИД Македонија за прв пат воведува два гарантни механизми во рамките на Одделот за кредити за развој  во вкупна вредност од 20 милиони долари, како поддршка на развојот на малите и средни претпријатија, и проекти за енергетска ефикансост и други инфраструктурни проекти во општините...повеќе.







Secretary Condoleezza Rice

Secretary Condoleezza Rice

Годишен извештај на Стејт департментот на САД за почитување на меѓународна верската слобода во Република Македонија за 2007 г.


Објавен од страна на Бирото за демократија, човекови права и труд
14 септември 2007


Верската слобода е загарантирана со Уставот на Република Македонија и Владата во практиката ова право генерално го почитуваше. Меѓутоа, законот наложува извесни ограничувања во поглед на верската практика на тој начин што го ограничува регистрирањето на верски организации...повеќе.





Islam in the USA
Ислам во САД
(
Флеш док. 2.35МБ)
Порака од претседателот: Рамазан 2007 г.

12 септември 2007 г.

На сите муслимани што го празнуваат Рамазан во Америка и во целиот свет сакам да им го честитам овој голем празник. Рамазан, најсветиот празник во исламската вера, почнува со првите зраци на мугрите и го прославува моментот кога пророкот Мухамед го открил Куранот. Во деновите на пост, молитва и богопочитување, муслиманите размислуваат и се потсетуваат дека зависат од Бога...повеќе.





Претседателот Буш и Лора Буш полагаат венец во спомен на жртвите во јужната кула од Светскиот Трговски Центар во Њу Јорк, 9/11 2006.
Претседателот Буш и Лора Буш полагаат
венец во спомен на жртвите во јужната
кула од Светскиот Трговски Центар во
Њу Јорк,
9/11 2006.
Ден на патриотизмот, 2007
Прокламација од претседателот на Соединетите Американски Држави

11 септември 2001 година беше  решавачки момент во историјата на Америка.  Тој ужасен ден, нашата земја го виде лицето на злото, кога 19 луѓе брутално не нападнаа и безмилосно убија луѓе од многу раси, националности и вери.  На Денот на патриотизмот се сеќаваме на невините жртви и искажуваме почит за храбрите пожарникари, полицајци, итните служби и обичните граѓани, кои ги ризикуваа своите животи за да спасат други...повеќе.




CAROLYN FORCHÉ, POET
Каролин Форше, поетеса
(
голема фотографија)
Познатата поетеса Каролин Форше во посета на Македонија

08/22-09/01, 2007

Каролин Форше, автор на четири книги поезија (Син час, Ангелот на исторјата, Земјата помеѓу нас, Собирајќи ги племињата) и добитник на бројни награди признанија како наградата од Американското Поетското Друштво Алис Феј ди Кастањола, наградата од Јеил за Млади поети, е учесник на Струшки вечери на поезијата.  По завршување на фестивалот Каролин ќе одржи работилници и поетски читања во Скопје, Тетово И Битола. Со средства обезбедени од Амбасадата на САД преведен е избор од нејзините песни на македонски и албански јазик. За пост фестивалската агенда на поетесата кликнете тука




Ambassador Milovanovic
Aмб. Миловановиќ 
(
голема фотографија)
Интервју на амбасадорот на САД Џилијан Миловановиќ за Дневник


28 јули, 2007.
 
Во интервјуто за Дневник од 28-ми јули 2007г., амбасадорот на САД Џилијан Миловановиќ зборува за Договорот од 29-ти мај, борбата со корупцијата, помошта на Владата на САД при справувањето со скорешните шумски пожари и други теми... Целосниот транскрипт прочитајте го овде.





U.S. Government Donated Border Security Equipment to the Republic of Macedonia
Церемонија на донација на опрема
(
голема фотографија)
Владата на САД продолжува да донира опрема за гранична безбедност на Република Македонија

27 јули 2007

На 27 јули 2007, заменикот шеф на мисијата на САД, Томас Навратил, како донација предаде опрема за припадниците на законот во вредност од речиси $110.000.  Донацијата за Царинската Управа на Република Македонија, се состои од оперма за детекција и идентификација на радијација, специјализирани детектори за кријумчарење, метални детектори, огледала за инспекција и рачен алат...повеќе




Equipment donation signing ceremony
Церемонија на донација на опрема
(
голема фотографија)
Владата на САД донира на Република Македонија специјализирана опрема за откривање радиоактивност

19 јули, 2007

Амбасадорот Миловановиќ, предаде на Владата на Република Македонија, специјализирана опрема за откривање и мерење на радиоактивност. Донацијата, во вредност од речиси УСД 300.000,00 беше овозможена преку Меѓународната програма за борба против пролиферација од Министерството за одбрана на САД. Оваа обука и опрема се инвестиција во иднината на Република Македонија и во целиот регион...повеќе.



Vermont Partnership 2007 helps bring baseball to Macedonia
Американскиот безбол доаѓа во
Македонија (
голема фотографија)

Партнерство со Вермонт 2007

13-16 мај 2007

"...Членовите на делегацијата ќе имаат низа заеднички активности со нивните соработници во цела Македонија, вклучувајќи програми на обука за Армијата, вежби за менаџирање со кризи, промоција на универзитетско партнерство, дискусии за економски развој, и поддршка за македонската младинска безбол организација"...повеќе.



„Волците од сенка“ од САД ја обучуваат Македонската гранична полиција
„Волците од сенка“ ја
обучуваат Македонската
гранична полиција
(
голема фотографија)
„Волците од сенка“ од САД ја обучуваат Македонската гранична полиција
 
7 мај 2007

Три претставници на Бирото за имиграција и царина на Министерството за внатрешна безбедност на САД ќе ја посетат Гевгелија од 7-11 мај 2007 за да спроведат обука за претставници на Граничната полиција на Република Македонија за методите што се користат при следење на лица осомничени за шверц и други нелегални активности во пограничните појаси...повеќе.





Амб. Миловановиќ 
(
голема фотографија)
По повод Денот на Планетата Земја амбасадорот Миловановиќ посети фабриката за рециклурање во Велес

20 април 2007.

По повод Денот на Планетатa Земја aмбасадорот на САД, Џилијан Миловановиќ, заедно со министерот за животна средина на Република Македонија, Џелил Бајрами, и градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, на 20 април, петок, ја посети фабриката за рециклирање на пластика, ЕКО-ЕРАС во Велес.  Денот на Планетата Земја, 22 април, се одбележува секоја година во целиот свет за да ја истакне важноста од зачувувањето на животната средина...повеќе

Информации поврзани со настанот:
Говор на амбасадорот Миловановиќ |  дополнителни податоци по повод Денот на Планетата Замја.




Ambassador Milovanovic
Амб. Миловановиќ 
(
голема фотографија)
(
фото албум)

Петто Доделување на годишната награда на Меѓународниот месец на историјата на жената.
 
Резиденција на амбасадорот, четврток, март 29, 2007
 
“За време на мојот престој во Македонија имав привилегија да запознаам и учам од талентирани жени лидери во разни области, вклучувајќи бизнис, политика, право, високошколско образование, медицина и уметност. Значајноста во вклучување на жените со низа способности и вештини во се што работат е интегрален дел во развојот на едно продуктивно и живо општество.”...повеќе.



Ambassador Milovanovic and Atanas Kocov, Fulbright alumni, president
Амб. Миловановиќ(лево)
и Г-дин.Кочов(десно)
/Претседателот на МААА
(
голема фотографија)
Амбасадор на САД ги поздравува регионалните учесници на Алумни Конференцијата

23 март 2007

Амбасадорот Миловановиќ ја отвори првата регионална Фулбрајт Алумни конференција “Стратегии  кои го приближуваат Балканот до ЕУ”, организирана од страна на Македонско-Американската Алумни Асоцијација (МААА)...повеќе.






LAPD/PID Mary E. Grady
ЛАПД/ПИО Мери Грејди 
(
голема фотографија)
Офицерот за информирање на јавноста на Полицијата на Лос Анџелес го посети Скопје

Март 10-16, 2007

Амбасадата Скопје со задоволство беше домаќин на офицерот за информирање на јавноста на Полицијата на Лос Анџелес Мери Грејди со богата и интензивна програма фокусирана на полицијата/односи со јавноста. Ангажирана преку Канцеларијата за говорници на Меѓународни информативни програми на Стејт Департментот/ Специјализирани програми, ...повеќе.



» Извештајот на Стејт Департментот на САД за праксата во почитувањето на човековите права во Република Македонија во 2006 година

Објавено од Бирото за демократија, човекови права и труд

6 март 2007 г.

Владата генерално ги почитуваше човековите права на своите граѓани; меѓутоа, во некои области имаше проблеми. Корумпираноста и политичките притисоци во министерствата за внатрешни работи и за правда, во судовите и врз јавниот обвинител ја отежнуваше истрагата во врска со некои наводи за кршење на човековите права...повеќе.




Амб. Миловановиќ 
(
голема фотографија)
Честитки од амбасадорката Миловановиќ до дипломците на Факултетот за електротехнички науки


15 февруари 2007

"Никој не треба да го потцени влијанието на понудата на високо образовани и способни граѓани кога се бараа привлекување на странски инвестиции. Квалитетот на образованието со кое се здобивате, тука дома, и идното образование кое некој од вас може да реши да го продолжи во странство, како во Соединетите Американски Држави, ве прави секој од вас поконкурентен на пазарот на трудот и ја прави Македонија поконкурентна на глобланиот пазар и во трката за придобивање на инвеститори."...повеќе.




» Академска 2007-2008 година на професионално усовршување на Студии по новинарство и масовни комуникации (Објава на оглас за програмата)

Амбасадата на Соединетите Држави во Скопје ја огласува Програмата за професионално усовршување по новинарство и масовни комуникации во Соединетите Американски Држави во академската година 2007-2008.  Краен рок за аплицирање; 9 март 2007.



Ambassador Milovanovic
Амб. Миловановиќ
голема фотографија
Интервју на амбасадорката Џилијан Миловановиќ за Алсат М телевизија

26 јануари 2007

Амбасадорката Миловановиќ: "Се разбира дека Рамковниот договор претставува критичен елемент во процесот на развој на Македонија, елемент од исклучителна важност за нејзината иднина; тоа е елемент што ќе го земат предвид земјите-членки на НАТО кога ќе решаваат дали Македонија ги достигнала стандардите што се неопходни за членство во НАТО."...повеќе






Посетител на Изложбата
голема фотографија
фото албум
Изложба на фотографии “Обележјата на Њујорк” во Македонија

Од 17 јануари до 17 фебруари 2007

"Изложбата, која е спонзорирана од Бирото за образование и култура на Стејт Департментот на САД и од Амбасадата на САД во Скопје, содржи 81 фотографија со симболите на Њујорк Сити, а се поставува по повод 40-годишнината од донесувањето на Законот за заштита на обележјата на Њујорк."...повеќе.
Изложбата ќе биде поставена во три града во Република Македонија. 
- Во Музејот на современа уметност во Скопје, изложбата ќе се прикажува од 17 -24 јануари 2007 (фото албум). 
- Локалната институција Народен музеј - Арт галерија во Велес ќе биде домаќин на оваа патувачка изложба од 31 јануари - 4 февруари 2007 (фото албум).
- 9 - 17 февруари 2007, изложбата ќе биде поставена во Културниот центар во Дебар (фото албум).
• Амбасадорот Миловановиќ отвори изложба на фотографии - Знаменитостите на ЊуЈорк.



Амб. Миловановиќ го
одликува Мајор Звонко
Мицов со Бронзена
Звезда,
голема фотографија
Амбасадорката Миловановиќ додели ордени за служба во Операцијата Слобода за Ирак

24 јануари 2007

“Македонија е наш пријател и партнер од раните денови на реконструкцијата на Ирак.  Македонските војници постојано покажуваат храброст и професионализам… Вашето извршување на должностите во Ирак го рефлектираат значајниот прогрес на Македонските вооружени сили во исполнување на НАТО и други меѓународни стандарди.”...повеќе.



  


President Bush Announces New Iraq Strategy
Претседателот Буш
види видео
 
Претседателот Буш ја објавува новата стратегија за Ирак

10 јануари 2007

Претседателот Буш: Добра вечер. Вечерва во Ирак, вооружените сили на Соединетите Американски Држави учествуваат во борба што ќе го определи правецот на глобалната војна против тероризмот – и на нашата безбедност овде, во земјата. Новата стратегија што ќе ја соопштам вечерва ќе го смени курсот на Америка во Ирак и ќе ни помогне да успееме во борбата против тероризмот...повеќе.

back to top ^

Page Tools:

Printer_icon.gif Print this article

- Архивски Информации -

Архива 20062005 / 2004 / 2003




 

    Овој веб портал е изготвен и ажуриран од Стејт Департментот на САД.
    Поставувањето на надворешни линкови до останати веб портали не трeбa да се протолкува како наша поддршка на мислењата или ставовите содржани во нив.


Ambasad na Soedinetite Amerikanski Dr@avi