jump over navigation bar
Embassy SealStejt Departmentot
Ambasada na Soedinetite Amerikanski Dr`avi, Skopje, Makedonija flag graphic
Програми, Настани и Информации
 
  Мисија на Амбасадата Клучни офицери во Амбасадата Теми од Интерес Изјави за Медиумите Годишни Извештаи Ресорсен Центар на Информации Американски катчиња во Македонија Студентска Размена Програма за мали грантови Архива

Архива 2008


Архива 2008 (Информации објавени во првата половина на 2008)

За да пристапите до комплетната листа на претходно објавени информации помеѓу (Јануари – Мај) 2008, ве молиме да го посетите овој линк или видете го линкот на крајот од оваа страница.



Амбасадор Филип Т. Рикер
Амб. Филип Т. Рикер

Оптимизмот е движечка сила

Филип Рикер, амбасадор на САД

31 декември, 2008

Амбасадорот Рикер ја оцени минатата година и зборуваше во врска со предизвиците што претстојат, во колумна за последното овогодишно издание на весникот Лајм. За да ја прочитате колумната ...тука.
 


 

Амбасадорот Рикер во разговор со новинарка на РСЕ
Амбасадорот Рикер во разговор со
новинарка на РСЕ (
ГФ)
Интервју со Радио Слободна Европа
Амбасадор Филип Т. Рикер

30 декември 2008

Амбасадор Рикер: “Како што имам кажано веќе многу пати, Соединетите Држави и јас лично, веруваме дека најдобрата можна иднина за Македонија е таа во НАТО и во ЕУ и верувам дека и лидерите и граѓаните на Македонија го мислат истото. Поновата европска историја многу јасно покажува дека членството во НАТО значи безбедност и просперитет за новите членки. ...Не би имало зошто истото да не важи и за Македонија. Се надеваме дека оваа земја, Македонија ќе може да се придвижи напред кон полноправна евро-атлантска инетграција.”..повеќе.






амбасадорот Рикер со сопругата  Солве Рикер
Амбасадорот Рикер со сопругата
Солве Рикер (
ГФ)
Интервију на амбасадорот на САД, Филип Т. Рикер, за неделниот магазин „Теа модерна“

24 декември 2008

Амбасадорот Рикер: “Ние сакаме да ја видиме Македонија во НАТО и во ЕУ. Верувам дека прашањето со името може да се разреши на начин што ќе ги задржи клучните интереси на двете земји. Ние ќе останеме искрени пријатели на Македонија и се надеваме дека Македонија ќе ги избере оние чекори што ќе ја приближат кон овие цели “ – вели амбасадорот Рикер, порачувајќи дека е време да се престане да се мисли на минатото, туку фокусот треба да биде ставен на иднината и перспективите на Македонинија...целиот текст.




Амбасадорот Рикер им се обраќа на Македонските војници
Амбасадорот Рикер им се обраќа на
Македонските војници (
ГФ)
Амбасадорот Рикер им се заблагодари на Македонски Војници кои учествувале во Операцијата Слобода за Ирак

Обраќање на Амбасадорот Рикер
19 декември 2008

Амбасадорот Рикер:…“Би сакал да ви се заблагодарам што ми дозволивте да ви се придружам денес и што ми овозможивте лично да ви се заблагодарам што успешно ја завршивте вашата мисија како дел од нашите заеднички напори во Ирак”. Целосното обраќање на Амбасадорот Рикер може да го прочитате тука.





Албион Абдулаи објаснува за претседателската транзиција
Албион Абдулаи објаснува за претседател-
ската транзиција (
ГФ).
Презантација на тема транзицијата кон нов претседател во Американското Катче во Скопје

18 декември 2008
 
Албион Абдулаи, Директор на Ресурсниот центар за информации, и Рајан Роуландс, Советник за односи со јавност при Амбасадата на САД, дискутираа за процесот на промена на власта што ќе се случува во Соединетите Американски Држави, каде избраниот претседател Барак Обама ќе го замени претседателот Буш. Присутните беа информирани за тоа дека помалку од еден отсто од вработените во државната администрација ќе бидат заменуваат како резултат на оваа транзиција, но и како тоа и помага на власта во одржување на континуитет и стабилност. Се говореше и за тоа како новиот претседател ги избира клучните луѓе во неговиот тим и како претседателот во заминување и неговиот тим работат за да му погнат на новиот преседател неговата транзицијата да биде што полесна. За да дознаете повеќе за транзицијата на избраниот престедател Обама, посетете ја веб страната www.change.gov.



Новите волонтери на Мировниот Корпус даваат заклетва пред Амбасадорот Рикер
Новите волонтери на Мировниот Корпус
даваат заклетва пред Амбасадорот Рикер
(ГФ)/  - големина 14.3 МБ
Новите волонтери на Мировниот Корпус дадоа заклетва пред Амбасадорот Рикер
 
12 декември 2008
 
Група од 33 волонтери на Мировниот Корпус дадоа заклетва пред Амбасадорот Рикер на церемонија одржана во Куманово, на 12 декември. Церемонијата воедно беше признавање на успешното завршување на нивната интензивна тримесечна обука, во која меѓу другото го изучуваа јазикот и културата. “Задоволство и чест ми е што САД земаат активна улога во градењето на демократија и мир во Македонија. Очекувам уште една успешна мисија којашто ќе и помогне на вашата земја на патот кон членство во НАТО и ЕУ. Волонтерите се подготвени да ја вршат својата работа, ” истакна амбасадорот Рикер за време на церемонијата. Тука може да го прочитате говорот на амбасадорот Рикер. Тука може да го погледнете видео записот.




Обраќање на амбасадорот Рикер на Правниот факултет “Јунистинијан Први” по повод Денот на човековите права
Обраќање на амбасадорот Рикер на Прав-
ниот факултет “Јунистинијан Први” по
повод Денот на човековите права
(големина 24.8МБ)
Обраќање на амбасадорот Рикер на Правниот Факултет “Јунистинијан Први” по повод денот на човековите права

10 декември: На Правниот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, амбасадорот Рикер се обрати пред публика од студенти, факултетски персонал, судии, меѓу кои судии од Врховниот Суд, како и поранешни министри, по повод денот на човековите права и 60-годишнината од Универзалната декларација за човековите права. Амбасадорот го цитираше избраниот Претседател Обама за да истакне дека мора да го намалиме јазот помеѓу очекувањата од нашите идеали и реалноста на нивното време. Ја поттикна Македонија да обезбеди слободни и фер избори во март и да ги обедини училиштата. Тој исто така ја пофали Македонија за здобивање со статус на земја од 1. Категорија во последниот Извештајот на Стејт Департментот за состојбите со трговијата со луѓе. Целосното обраќање на Амбасадорот Рикер може да го прочитате тука. | Видео записот (големина 24.8МБ) може да го погледнете тука.




Обраќање на Амбасадорот Рикер на конференцијата на ЗЕЛС во Охрид
Обраќање на Амбасадорот Рикер на
конференцијата на ЗЕЛС во Охрид (ГФ)
Говор на aмбасадорот Филип T. Рикер на конференција на ЗЕЛС во Охрид


4 декември 2008

Амбасадорот Рикер: “Денес – три и пол години откако процесот на децентрализација формално почна – 67 од 85 општини се во втората фаза и преземаат нови и важни обврски во служба на своите граѓани. Горд сум што можам да кажам дека Соединетите Држави се со ЗЕЛС во секој чекор на процесот на децентрализација. Обезбедивме 1 милион долари како директна поддршка за ЗЕЛС и повеќе од 25 милиони долари за целиот процес од 1999 година.”…повеќе.




Амбасадорот Рикер го представува Проектот Е-Валада на УСАИД
Амбасадорот Рикер го представува
Проектот Е-Валада на УСАИД 
Забелешки на Амбасадорот Филип Т. Рикер

Проект Е-Влада на УСАИД: Електронски систем за ангажирање на држави службеници

3 декември 2008

Амбасадорот Рикер: Соединетите Американски Држави и Македонија имаат односи на длабока соработка која вклучува сеопфатни програми за помош преку УСАИД и други владини агенции на САД. Работиме задно со македонските владини, деловни и невладини организации на полето на градење на капацитет и институционализирање и спроведување на реформи кои ќе го подобрат животот на граѓаните на Република Македонија...повеќе.




Ambassador Reeker on Kanal 5 News
Амбасадорот Рикер во вестите на Канал 5
Амбасадорот Рикер дискутира со Комисијата за надворешни работи на Парламентот за патот напред


26 ноември 2008

На отворен состанок со членството на Комисијата за надворешни работи на Парламентот, Амбасадорот Рикер дискутираше за историските избори во Соединетите Држави, за неговото неодамнешно патување во Соединетите Држави со македонското лидерство за да ја промовираат Македонија како бизнис дестинација, како и за патот напред кон нашата заедничка цел за интеграција на Македонија во Евро-Атлантските институции. Тука може да го погледнете прилогот на ТВ Канал 5.


 

Амбасадорот Рикер зборува со уредникот на Канал 77 радио.
Амбасадорот Рикер зборува со уредникот
на Канал 77 радио. (ГФ)
Амбасадорот Рикер ги охрабрува страните да најдат решение на прашањето за името


22 ноември, 2008

Во интервју за Канал 77 на 22 ноември, амбасадорот Рикер ги охрабри Грција и Македонија да го решат прашањето за името од што целиот регион ќе има полза. Тој, исто така зборувше и за неодамнешното патување во Соедниетите Држави да ја промовира Македонија како земја со можности за инвестирање, а се осврна и на некои од неговите омилени музички нумери. Транскриптот на интервјуто е овде.





Ambassador Reeker talks to reporters (A1 TV footage)
Амбасадорот Рикер дава изјава за медиу-
мите (А1ТВ видео прилог фото)/(ГФ)
Изјава на Амбасадорот Рикер по состанокот со лидерот на НСДП Тито Петковски


18 ноември 2008

Амбасадорот Рикер: Среќен сум што имав прилика да се сретнам со г-динот Тито Петковски, мој стар пријател на кого се сеќавам од моето време во Македонија од претходно и, се разбира, за кого верувам дека беше првиот и единствен Претседател на македонскиот Парламент кој го посети нашиот Конгрес во САД. Очигледно, ја користам приликата да се сретнам со лидери и членови на опозицијата, како и на Владата во Македонија...повеќе.




Обраќање на Амбасадорот Рикер пред присутните гости на прославата по повод Изборите во САД
Обраќање на Амбасадорот Рикер пред 
присутните гости на прославата по повод
Изборите во САД (ГФ)/ (видео -11.3МБ)

Изјава на Амбасадорот Рикер за
А2 ТВ
 - видео фајл - големина 7 МБ
Амбасадата беше домаќин на прослава по повод Изборите во САД

5 ноември 2008

Повеќе од 500 гости се собраа во Домот на АРМ рано утрото на 5 ноември да ги проследат резултатите од Претседателските избори во САД и да пробаат доручек во американски стил, што се состоеше од кајгана, сланина и палачинки. Гостите во живо следеа што се случува во САД, гледаа политички пародии за двата кандидата, и го тестираа своето знаење за претседателите на САД во квиз на тема Изборите во САД. Амбасадорот Рикер им се обрати на присутните гости и медимите при што ја нагласи важноста на изборот на Барак Обама во демократската историја на САД. Тој, исто така укажа на значајната улога што Сенаторот Џон Меккејн и неговата Републиканска партија како опозиција ќе ја имаат за иднината на државата. За да го видите целото видео обраќање, кликнете овде. | Видео изјава на Амбасадорот Рикер за А2 ТВ - (големина 7 МБ).





Амбасадорот Рикер на муабет со Катерина Петро од Алсат ТВ
Амбасадорот Рикер на муабет со Катерина
Петро од Алсат ТВ (ГФ)  -37МБ
Амбасадорот Рикер на муабет со Алсат Телевизија

5 ноември 2008

Во интервју што се емитуваше на 5 и 6 ноември на Алсат Телевизија, Амбасадорот Рикер говореше за неговото враќање во Македонија и неговата нормална дневна рутина како амбасадор во земјава. Тој исто така зборуваше за значењето на изборот на претседателот Барак Обама и за важни теми за Македонија и Соединетите Држави. Тука можете да го погледнете интервјуто - големина на видео фајлот 37 МБ





Ambassador Reeker and Deputy Prime Minister Ademi address the press after their meeting (Photo credit - MIA)
Амбасадорот Рикер и Заменик Претседате-
от на Владата Адеми по состанокот им се
обратија на медиумите (ГФ) МИА - Фото
Амбасадорот Рикер се сретна со Абдулхаќим Адеми, Заменик Претседател на Владата на Република Македонија

29 октомври 2008

На 29 октомври, Амбасадорот Филип Рикер се сретна со Абдулхаќим Адеми, Заменик Претседател на Владата за имплементирање на Рамковниот договор за да се оцени имплементацијата на Охридскиот Рамковен договор. Амбасадорот Рикер и Заменик Претседател на Владата дискутираа за напредокот на Македонија на нејзиниот пат кон Евро-Атланските интеграции. После сосотанокот Абасадорот Рикер истакна дека имплементацијата на Рамковниот Договор е приоритет за Македонија, но исто така и за САД и мѓународната заедница во целина. Тој исто така ја искористи можноста за пофторно да ја нагласи подршката и пријателството на САД со Македонија без разлика на резултатот од претседателските избори во САД. "Медонија нема подобар сојузник од САД и така ќе остане", истакна Амбасадорот.






Заменикот помошник на државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Стјуарт Е. Џонс и Македонскиот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски им се обратија на медиумите по нивната заедничка  средба.
Заменикот помошник на државниот секр-
етар на САД за Европа и Евроазија,
Стјуарт Е. Џонс и Македонскиот министер
за надворешни работи Милошоски им се
обратија на медиумите по нивната заедн-
ичка средба. (ГФ
Заменикот помошник на државниот секретар на САД во посета на Македонија

27-28 октомври 2008

Заменикот помошник на државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Стјуарт Е. Џонс, ја посети Македонија на 27 и 28 октомври 2008. Ова беше негова прва посета на Македонија откако на позицијата ја наследи Розмери Дикарло во јули 2008. За време на престојот Џонс, придружуван од амбасадорот Рикер, се сретна со претседателот Бранко Црвенковски, премиерот Никола Груевски, министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, како и со раководствата на владеачките и на опозициските партии. Со нив тој разговараше за состојбите на домашната и на меѓународната политичка сцена, вклучувајќи ги билатералните односи помеѓу САД и Република Македонија, регионалната стабилност и процесот на интегрирање на Република Македонија во евро-атлантските структури.

Биографијата на заменикот помошник на државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Стјуарт Е. Џонс.




Амбасадорот Рикер придруживан од Началникот на Генералштабот на АРМ Генерал Полковник Мирослав Стојановски се заблагодарува на Македонските војници кои служеа во Операцијата Слобода за Ирак
Амбасадорот Рикер придруживан од
Началникот на Генералштабот на АРМ
Генерал Полковник Мирослав Стојановски
се заблагодарува на Македонските војни-
ци кои служеа во Операцијата Слобода за
Ирак (ГФ) / видео прилог на А1 ТВ. 
Изјава на Амбасадорот Рикер за А1 ТВ на приемот за македонски војници кои учествувале во Операцијата Слобода за Ирак

26 октомври 2008

Амбасадорот Рикер зборуваше со А1 ТВ за време на забавата со скара што ја приреди на 26 октомври во неговата резиденција за македонските војници кои учествувале во Операцијата Слобода за Ирак. А1 ТВ забележа дека за само еден месец од доаѓањето на Амбасадорот Рикер во Македонија, тој го исполнил ветувањето што им го дал на македонските мировници во мај годинава, при посетата на базата Таџи, за време на неговата претходна служба во Амбасадата на САД во Ирак. Амбасадорот Рикер истакна дека без разлика кој кандидат ќе победи на претстојните претседателски избори во САД, односите меѓу Македонија и Соединетите Држави ќе останат многу добри и ја повтори силната поддршката што САД ја дава за НАТО аспирациите на Македонија. (видео прилог на А1 ТВ од настанот).


 

Претседателот Буш, со генералниот секретар на НАТО Де Хоп Шефер, учествува на Церемонијата на потпишување на Протоколите за притстапување на Албанија и Хрватска кон НАТО
Претседателот Буш, со генералниот секр-
етар на НАТО Де Хоп Шефер, учествува на
Церемонијата на потпишување на Проток-
олите за притстапување на Албанија и
Хрватска кон НАТО(ГФ)
Претседателот Буш, со генералниот секретар на НАТО Де Хоп Шефер, учествува на Церемонијата на потпишување на Протоколите за притстапување на Албанија и Хрватска кон НАТО


24 октомври 2008

Претседателот Буш: Во време од само една деценија, овој регион, се трансформира од регион засегнат од војна до регион кој придонесува за мир и стабилност. Америка го очекува денот кога сите народи на Балканот ке бидат во НАТО – вклучувајќи ја и Македонија. Му благодарам на Македонскиот амбасадор што денес е овде со нас. Ние сме горди на чекорите кои ги презмате да ја зајакнете вашата демократија. Големата НАТО Алијанса чува место за вас на нашата маса. Го очекуваме вашиот прием во НАТО како полноправна членка што е можно побрзо...повеќе.

 



Youth Exchange and Study - logo 
Американско - Македонска
младинска ЈЕС програма
Американски Совети за Меѓународно Образование со гордост објавуваат

Американско-Македонска младинска програма (ЈЕС) за размена на ученици од Македонија

ЈЕС е БЕСПЛАТНА програма за ученици од средните училишта во Македонија за престој на една школсака година во САД. Програмата е целосно финансирана од Стејт Департментот на САД. Учениците ќе живеат во Американски фамилии и ќе посетуваат американско средно училиште почнувајки од есента 2009г...повеќе.





ПАО/Роландс заедно со Градоначалникот на Сопиште Мицковски и Директорот на ОУ Драга Стојановска Јанкуловски го одбележаа реновирањето на училиштетоја
ПАО/Роландс заедно со Градоначалникот
на Сопиште Мицковски и Директорот на
ОУ Драга Стојановска Јанкуловски го
одбележаа реновирањето на училиштетоја 
(ГФ)
Уште едно училиште е реновирано преку Проектот на УСАИД за Основно образование (ПЕП)


24 октомври 2008

Советникот за односи со јавност, Рајан Роуландс, заедно со градоначалникот на Сопиште и со директорот на основното училиште „Драга Стојановска“ го одбележуваат реновирањето на училиштето. Ова е најновиот проект на ПЕП, при што досега се реновирани повеќе од 40 училишта во Македонија , а до завршувањето на ПЕП проектот се предвидува да бидат опфатени над 100 училишта. Соработката со Канцеларијата на градоначалникот и со раководството на училиштето беше одлична и резултираше со подобрена работна средина за учениците преку обезбедување на нови прозорци, врати, кречење и промена на електричната инсталација.
 





Обраќање на Амбасадорот Рикер на промотивен настан на Програмата за едукција на Ромиvent
Обраќање на Амбасадорот Рикер на пром-
отивен настан на Програмата за едукција
на Роми
Обраќање на Амбасадорот Рикер на промотивен настан на Програмата за едукција на Роми


17 октомври 2008

Во рамки на Програмата за едукција на Роми, финансирана од УСАИД, на 17 октомври се одржа јавен промотивен настан на којшто се прослави матурата на 198 средношколци Роми, добитници на стипендии од УСАИД. Програмата за едукција на Роми започна во 2004 година, со примарна цел да се помогне на ромските деца и младина да останат во училиштата и ги подобрат академските остварувања. Процентот на деца кои останаа на училиште, од оние спонзорирани од УСАИД, драстично се зголеми со започнувањето на овој проект. Амбасадорот Рикер се обрати на присутните на настанот, истакнувајќи ја важноста на образованието.





Амбасадорот Филип Т. Рикер со градоначалникот на Охрид Александар Петревски
Амбасадорот Рикер со градоначалникот
на Охрид Александар Петревски
Обраќање на амбасадорот Филип Т. Рикер по состанокот со градоначалникот на Охрид Александар Петревски

15 октомври 2008

Амбасадорот Филип Т. Рикер: Би сакал да им се заблагодарам на градоначалникот Петревски и неговиот персонал за можноста да се сретнеме и за нивното гостопримство во овој многу убав и историски град. Среќен сум што гледам дека и покрај тоа што историската атмосфера не се променила, насекаде има докази за напредок. Го посетив Охрид пред една недела кога секретарот за одбрана, Гејтс, учествуваше на Состанокот на министрите за одбрана на земјите од Југоисточна Европа…повеќе.





Ambassador Reeker Interview w/A1 TV, October 5, 2008
Амбасадорот Рикер на А1 ТВ
- А1 Вести - гол. 18.5 МБ
А1 ТВ Интервију со Амбасадорот на САД во Македонија, Филип Рикер


5 октомври 2008

Амбасадорот Рикер: Македонија мора да размисли за иднината. На Македонија и е потребен единствен став за името, потребен е политички дијалог меѓу лидерите не само по прашањето за името, туку и за сите прашања со кои Македонија се соочува...повеќе.

Погледнете го видео записот од настанот
;
- (А1 ТВ Вести -  големина на видео фајлот 18.5 МБ).





Department of State Seal 
Македонија, Црна Гора и Португалија: Признавање на независноста на Косово
ИЗЈАВА НА ШОН МЕККОРМАК, ПОРТПАРОЛ

СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТ НА САД, 9 октомври 2008

Соединетите Држави ги поздравуваат одлуките на Македонија и Црна Гора да го признаат својот сосед Косово како суверена држава. Признавањето ќе помогне да се продлабочи регионалната соработка, што е во корист на цела југоисточна Европа, а исто така ќе го приближи регионот до поголема интеграција со Евро-Атлантските институции…повеќе.





Амбасадорот Рикер го означи почетокот на трката
Амбасадорот Рикер го означи почетокот на
трката (Голема Фотографија) 
НВО Интегритет Алфа Омега организира трка дијатлон за млади од 11-18 г. во градскиот парк во Скопје


2 октомври 2008

На 4 октомври во Градскиот парк во Скопје, НВО Интегритет Алфа Омега организира трка дијатлон за млади од 11-18 години. Стотици обожаватели на тркати имаа прилика да уживаат во убавиот ден и живата музика поздравувајки ги учеснивите во трката низ паркот на велосипеди и последователно во трчање. Амбасадорот Рикер им се обрати на присутните пред почетокот на трката и го испука првиот истрел со што го означи почетокот на трката. Ова беше прва соработка помеѓу амбасадата на САД и НВО Интегритет Алфа Омега но и најнова во низата спортски активности за млади што ги организира амбасадата на САД во последните неколку години.




Советникот за односи со јавност Рајан Роуландс на Алсат ТВ во промоција на спортскиот настан -Диатлон
ПАО/Роуландс на Алсат ТВ| РАНОДЕН -А1
видео запис(гол. 20.1 МБ)
5+ Алсат ТВ видео запис (гол. 23.4 МБ)
Диатлон, телевизиска промоција на А1 ТВ (РАНОДЕН) и Алсат ТВ (5+)
Рајан Роуландс/Советник за односи со јавност 

2 окромври 2008

Советникот за односи со јавност Рајан Роуландс се појави во телевизиските емисии (РАНОДЕН) и (5+) за да го промовира Диатлонот што ќе се одржи на градскиот парк во Скопје, организиран од НВО Интегритет Алфа Омега, подржан од амбасадата на САД. Настанот ќе ја промовира важноста на спортот во развојот на здрав стил на живот и за учење на животни лекции. Исто така ќе им даде можност на младите од 11-18 години да пробаат некој нов спорт.

Погледнете ги видео записите од настанот;
- (А1 ТВ-РАНОДЕН,  големина на видео фајлот 20.1 МБ).
- (Алсат ТВ - 5+, големина на видео фајлот 23.4 МБ).




Амбасадорот Филип Т. Рикер ги предаде акредитивните писма на претседателот Бранко Црвенковски
Амбасадорот Филип Т. Рикер ги предаде
акредитивните писма на претседателот
Бранко Црвенковски. - 12.9МБ 
Амбасадорот Филип Т. Рикер ги предаде акредитивните писма на претседателот Бранко Црвенковски

29 септември 2008

На 29 септември, амбасадорот Филип Т. Рикер се сретна со министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, и ги предаде акредитивните писма на претседателот Бранко Црвенковски. Амбасадорот Рикер е петтиот амбасадор на Соединетите Држави во Македонија. Обраќање на амбасадорот Рикер на церемонијата на предавање на акредитивите кај пртседателот Црвенковски ...повеќе. / За неговата биографија, ве молиме кликнете овде. / За повеќе фотографии од настанот кликнете овде.

Погледнете го видео записот од настанот; (МТВ 1 и Канал 5 ТВ прилог - големина на видео фајлот 12.9 МБ).




Именуваниот амбасадор Филип Т. Рикер им се обраќа на медиумите
Амбасадор Филип Т. Рикер им се обрати на медиумите. (ГФ)
(големина ва видеото 9 МБ)

Амбасадорот Филип Т. Рикер пристигна во Македонија

25 септември 2008

Амбасадорот Рикер пристигна во Скопје на 25 септември, пречекан на аеродромот од медиумите (погледнете го видео записот од изјавата за медиумите, А1ТВ и Сител ТВ прилог-големина на фајлот 9 МБ). “Среќен сум што се вратив во Македонија и ви благодарам за топлото добредојде.  Носам топли поздрави од претседателот Буш, од државниот секретар Рајс и од американскиот народ”, изјави амбасадорот Рикер, што беше срдечно примено од присутните.  Амбасадорот Рикер ќе ги предаде акредативните писма на претседателот Црвенковски во понеделник, 29 септември 2008.






Групна фотографија на учесниците во Фото Сафари во село Вевчани/ГФ  [Фотограф: Мишо Ристов]
Групна фотографија на учесниците во
Фото Сафари во село Вевчани.(ГФ)
[Фотограф: Мишо Ристов]
Проектот Фото Сафари на National Geographic ги соборува рекордите


20 и 21 септември 2008

Како дел од програмата за експерти од САД, амбасадата на САД во Скопје беше домаќин на Сара Лин, фото уредник во National Geographic, која обучуваше фото-новинари и еден викенд предводеше Фото Сафари за мулти-етничка група од млади фотографи-аматери. Лин во 1995 година за National Geographic изработи фото сторија за Македонија. За време на првата вечер од својата посета, Лин ги изложи своите дела пред полна сала во Нациолалната галерија “Мала Станица”, а подоцна нејзината изложба ја собра најбројната група посетители во Американското катче во Скопје од неговото отворање...повеќе.





Даниел Фрид, Помошник Државен Секретар за Европски и Евроазиски Прашања даде интервију за Канал 5 ТВ
Даниел Фрид во интервију за Канал 5 ТВ
- големина на фајлот 22MB
Интервију на Државниот Секретар Фрид за Канал 5 ТВ
Даниел Фрид, Помошник Државен Секретар за Европски и Евроазиски Прашања

24 септември 2008

Фрид: „Претседателот Буш редовно ме прашува до каде сме со името – мислам дека е вистински момент да ја искористите шансата и да го затворите прашањето“... Да бидам искрен, мислам дека секој американска администрација беше пријателска кон Вашата земја и без разлика дали ќе биде Обама или Меккејн идниот американски претседател ќе биде пријател на Македонија,...повеќе | видео [22 МБ].






Државниот Секретар на САД Кондолиза Рајс.  ©АП фотографија
Државниот Секретар на САД Рајс.
©АП фотографија
Делови од говорот на државниот секретар Кондолиза Рајс

18 септември 2008

Кондолиза Рајс:..“Анахроните руски дефилеа на воената сила нема да ја преобразат историјата. Русија е слободна да одучи за односите со суверени земји. А и тие се слободни да одлучат каков ќе биде нивниот однос со Русија – вклучувајќи ја и западната хемисфера…Какви и да се разликите меѓу нашите влади, нема да им дозволиме да ги прекинат длабоките врски меѓу нашите општества. “…повеќе.




Адмиралот Фицџералд врачува медали на македонските војници кои учествувале во операцијата Слобода за Ирак. На церемониата присуствуваа и генерал- потполковник на АРМ Мирослав Стојановски и заменик шеф на мисијата на САД, Томас Ј. Навратил.
Адмиралот Фицџералд врачува медали на
Македонските војници кои учествувале во
операцијата Слобода за Ирак. На церемон-
иата присуствуваа и генерал- потполков-
ник на АРМ Мирослав Стојановски и заме-
ник шеф на мисијата на САД, Томас Ј. На-
вратил. /
ГФ
Адмиралот Марк П. Фицџералд, командант на Морнарицата на САД за Европа и командант на Здружените сојузнички сили на НАТО во Неапол во посета на Македонија - 16-17 септември 2008

Говор на адмиралот Фицџералд на свеченото предавање на донација и врачување на медали

Касарна „Илинден“ Скопје, 17 септември 2008

Адмиралот Марк П. Фицџералд: “ Вашиот придонес, Вашиот огромен професионализам и Вашата поддршка да помогнете во оддржување на мирот и безбедноста во светот се херојски, за што на сите ви благодарам за се што имате направено. Само преку овој дух на Партнерството за мир најдобро и служиме на колективната безбедност. Денес, продолжуваме со изградба на овој дух на партнерство со предавање на 23 метарска повеќенаменска комбинирана кула за обука и на куќа за гаѓање.”…повеќе.





Прес конференција на државниот секретар на САД, Кондолиза Рајс
Прес конференција на државниот секре-
тар на САД, Кондолиза Рајс
Прес конференција на државниот секретар на САД, Кондолиза Рајс


13 август 2008


Рајс: Ајде да -- ќе треба да го поставам поинаку прашањето за Македонија. Во ред. Гледајте, ние --, вие го знаете нашиот став, а тој е дека Македонија треба да биде примена во НАТО. Тоа беше ставот во Букурешт. Надежта е дека спорот околу името сега ќе може да се реши мошне брзо. Разговарав со моите грчки колеги. Македонците беа тука. Ова е нешто што не треба да се испречи на патот на приемот на Македонија во НАТО, и ние работиме на тоа...повеќе.




Амбасадорот на САД Џилијан А. Миловановиќ
Амбасадорот Миловановиќ (ГФ)
Интервију на Амбасадорот на САД Џилијан А. Миловановиќ за неделниот магазин ТЕА МОДЕРНА


20 август 2008

Миловановиќ: Времето помина многу брзо за мене и за целото мое семејство. Македонија е фасцинантна земја во која постојано нешто се случува. Понекогаш се разбира, тоа е политика, или тоа се посети на високи гости, но исто така тоа се концерти, уметнички изложби, свечености по повод некакви академски достигнувања, како и комеморации и прослави низ целата земја. Многу топли и гостопримливи луѓе кои ги сретнафме, со кои поминафме многу среќни и интересни моменти заедно, направија времето да помине многу пријатно но истовремено и невероватно брзо...повеќе.





Кристофер Хил, Американски Државен Потсекретар за Азија и Пацифик
Кристофер Хил, Американски Државен
Потсекретар за Азија и Пацифик
(голема фотографија)
Кристофер Хил, Американски Државен Потсекретар за Азија и Пацифик


Интервју за Радио Слободна Европа, Програма на Македонски Јазик (Емитувано на 28 јули 2008)

Кристофер Хил:…”Македонија ќе има добра иднина, а САД ќе се обидат да и помогнат на тој пат”…повеќе.

Интевју за Дневниот Весник ВЕСТ (објавено на 28 јули 2008)

Кристофер Хил:…”Како што знаете, ние градиме нова амбасада. Мислам дека таа амбасада ќе биде вистински симбол за значењето што Америка го придава на односите со Македонија и очекуваме и во иднина да продолжиме да соработуваме со македонскиот народ”…повеќе.




Ambassador Milovanovic with Minister Elenovski and Director Todorovski participated in a groundbreaking ceremony at the reconstruction of the CANINE (K9) breeding and training facilities.
Амб. Миловановиќ учествува во ставање
на камен темелник на градба на објект за
службени кучиња (К9)/ ГФ
ЕУКОМ одбележува почетокот на градба на објекти за службени кучиња (К9)

Обраќање на Амбасадорот Миловановиќ

20 јуни 2008

Амбасадорот Миловановиќ:...”Оваа свеченост денес е јасен доказ за силната поддршка што Владата на САД ја дава за Владата на Република Македонија во нејзините напори да се справи со организираниот криминал и трговијата со дрога овде, во Македонија. Свеченоста исто така покажува што е возможно да се постигне кога министерствата работат заедно, во овој случај тоа се Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи, за да удоволат на заедничка потреба.“…повеќе.




амбасадорот на Соединетите Држави, Џилијан Миловановиќ
Амб. Миловановиќ
(
голема фотографија)
Изјава од Амбасадорот на САД за изборното прегласување на 15 Јуни

16 јуни, 2008

Забележуваме дека прегласувањето на 15 јуни на предвремените парламентарни избори беше спроведено значително подобро во однос на изборите од 1 јуни.  Одлуката во целост да се прегласува во оние избирачки места каде изборите на 1 јуни беа одбележани со измама, застрашување и/или насилство, заедно со забележливо подобрената безбедносна атмосфера, им пружија на гласачите можност слободно да ја изразат својата демократска волја....повеќе.

» Информации поврзани со  Македонскиот Изборен Процес 2008.




USAID Administrator Henrietta In an interview with Tea Moderna
Хенриета Фор, администратор на УСАИД,
во интервију за Теа Модерна
Хенриета Фор, администратор на УСАИД беше топло пречекана во Македонија


10 јуни 2008

Од 8ми до 10ти јуни, администраторот на УСАДИ, Хенриета Фор беше во посета на различни поректи на УСАИД кои се во тек на реализација, почнувајки од реновирање на Основни Училишта низ Македонија до проекти како реализација на потполно нов дигитален медиумски простор кој неодамна доби Оскар за специјали ефекти. Г-ца Фор исто така се сретна со Претседателот Црвенковски и група на раководители на Невладини Организации (НВО), за да ја потенцира постојаната непрекината подршка на Владата на САД на различни програми во образованието, доброто владеење и економскиот раст во Македонија. Во интервију за Теа Модерна, Г-ца Фор дискутираше за важноста од улогата на жените во лидерските позиции во САД и го подвлече влијанието што тие го имаат во работењето на Владата на САД...Текст од интервијуто објавен во вескиот Теа Модерна.




Обраќање на Амбасадорот Миловановиќ на тригодишнината од Проектот за Зајакнување на Граѓанското Општество
Обраќање на Амб. Миловановиќ на три
годишнината од Проектот за Зајакнување
на Граѓанското Општество (
ГФ)/
кратка видео презентација - ПЗГО во МК.
Одбележување: три години од Проектот за Зајакнување на Граѓанското Општество
Говор на Амбасадорот Миловановиќ

6 јуни 2008

Амбасадорот Миловановиќ:..”Колку подолго сум во Македонија, толку ми е поочигледно дека невладините организации се клучен фактор за успехот на Македонската мултикултурна демократија. На граѓаните на Македонија им се потребни информации од избрани претставници и јавни институции и начин ефективно да ги набљудуваат како тие работат.”…повеќе.

***Дополнителни Информации за Настанот: Ве молиме да го погледате овој краток видео матерјал кој презентира успешност во тригодишната работата од Пројектот за Зајакнување на Граѓанското Општество во Македонија.





Летна работилница 2008 за креативно пишување: “Уметноста на зборовите„ 
Летна работилница 2008 за креативно
пишување: “Уметноста на зборовите„
 
Летна работилница 2008 за креативно пишување: “Уметноста на зборовите„


“Секој си има да раскаже своја приказна. Оваа работилница за креативно пишување нуди можности за раскажување приказни како и за изучување на вештини како тоа правилно да се направи.”


Американската Амбасада со задоволство соопштува дека Американските Катчина од Македонија ова лето ќе ангажираат писател-гостин кој ќе држи часови по креативно пишување за деца и тинејџери во соработка со (Писателите на училиштата) од Хјустон, Тексас, и програмата за дипломатски претставник за култура од одделот за образование и култура при Стејт Департментот...повеќе. (апликација за пријавување | за родителите). 


Краен рок за пријавувањ 10 јуни 2008




Амб. Миловановиќ и Др. Злат Миловановиќ на дипломска церемонија 2008 на УЈИЕ
Амб. Миловановиќ и Др. Злат Миловановиќ
на дипломска церемонија 2008 на УЈИЕ
(
ГФ)
Говор на Амбасадорката на дипломирањето на УЈИЕ

6 јуни 2008

Амбасадорката Миловановиќ:..”Чест ми е да присуствувам денес на вашето дипломирање. Ви благодарам за поканата. Вие сте талентирана група на млади луѓе кои започнуваат нова фаза во животот. Имате научено многу од предавањата, но и едни од други. Имавте драгоцена можност да учите на англиски, македонски и албански јазик, но и да научите други јазици, како на пример француски.”...повеќе.





Спикерот од САД Ен Стоун (десно) на средба со жените пратенички од Македонија
Спикерот од САД Ен Стоун/ (десно) на
средба со жените пратенички од
Македонија (
ГФ)
Спикерот од САД ја зајакна суштината на демократијата во текот на торбулентни времиња

3-7 јуни 2008

Веднаш по парламентарните избори нарушени со насилства и измами, спикерот од САД е активист Ен Стоун помина три дена во Македонија, каде што направи впечатливи прегледи на изборниот систем на САД И ја сподели незината вклученост во тековниот изборен циклус на локалните универзитети во Американските катчиња во Скопје и Тетово...повеќе.





Secretary Condoleezza Rice

Државниот секретар Рајс -   

Извештај за состојбите во трговијата со луѓе за 2008 година

4 јуни 2008

Државниот секретар Рајс: "Ние сме задоволни што во последните седум години откако е формирана службата за мониторинг и борба против трговија со луге во Стејт департментот на САД, Владата на САД и нашите пријатели и сојузници имаат направено многу важен исчекор во соочувањето со реалноста дека трговијата со луѓе и понатаму продолжуваат во дваесет и првиот век." Целосен Извештај (на англиски) | Текст (на англиски)  од специјалниот брифинг на Државниот секретар Рајс и Амбасадорот Лагон.

*** Годишен извештај на Стејт департментот на САД за состојбата со трговијата со луѓе во Република Македонија во 2008 г....види го целосниот извештај на Македонски.




Архива Јануари – Мај 2008

Пристап до комплетната листа на претходно објавени информации во првата половина на 2008 (Јануари – Мај).  

back to top ^

Page Tools:

Printer_icon.gif Print this article

- Архивски Информации -

Архива 2007 / 20062005 / 2004 / 2003



 

    Овој веб портал е изготвен и ажуриран од Стејт Департментот на САД.
    Поставувањето на надворешни линкови до останати веб портали не трeбa да се протолкува како наша поддршка на мислењата или ставовите содржани во нив.


Ambasad na Soedinetite Amerikanski Dr@avi