 |
Амбасадорот Рикер им се заблагодарува на доброволците од Црвениот крст за учеството во глобалниот ден на служење на заедниците. /(ГФ).
- говор на амбасадорот Рикер. Запис од вестите на МТВ1 -  |
Давајќи на заедницата се сеќаваме на жртвите од 11 септември
21 октомври 2009
На 21 октомври, Амбасадата на САД во партнерство со Црвениот Крст на град Скопје, организираше добртворна акција на дарување на крв, храна и парични средства за граѓаните на Македонија. Неколку стотици граѓани се собраа да го поддржат настанот. Иницијативата е на претседателот Барак Обама, кој ги повика сите Амбасади на САД во светот да спонзорираат еден глобален ден на служење на заедниците во спомен на жртвите од 11 септември 2001. Тој истакна дена најдобар начин да им оддадеме почит на оние кои ги загубија своите животи е така што ќе ги обединиме луѓето од различни вери, етничко потекло и раси во една заедничка цел. Амбасадата би сакала да им се заблагодари на сите кои дојдоа да дадат поддршка на оваа акција, а особено на Црвениот крст на град Скопје за исклучителниот придонес кон овој успешен настан.
- За да го видите говорот на амбасадорот Рикер, кликнете овде, за да прочитате текст, кликнете овде.
- За да го видите краткиот видео запис за настанот од вестите на МТВ 1, кликнете овде.
 |
Амбасадорот Рикер разговара за иниција- тивата со високиот комесар на ОБСЕ, Курт Волебек, со специјалниот претста- вник на Мисијата на Европската Унија, Ереван Фуере, и со премиерот Никола Груевски. (ГФ) |
Заложба за по разновиден и инклузивен образовен систем и општество
8 октомври 2009
Амбасадорот Рикер зборуваше на промоцијата на проектот „Чекори кон интегративен образовен систем“ подготвен од Мисијата на ОБСЕ во Скопје заедно со УСАИД и Министерството за образование. Амбасадорот Рикер нагласи дека училиштето е местото каде децата ги развиваат своите општествени вредности, дека односите помеѓу етничките заедници во Македонија треба да се развиваат така што сите страни ќе имаа корист, и дека јазичните разлики мора да бидат взаемно почитувани. Амбасадорот го заврши својот говор со порака до сите одговорни страни га го прифатат овој предизвик и да работат заедно за да дојдат до хармонија и да овозможат успех за оваа генерација на млади ученици.
- За да го прочитате обраќањето на амбасадорот Рикер, кликнете овде.
- За да видите повеќе фотографии од овој настан, кликнете овде.
 |
Амбасадорот Рикер говори на отворањето на Годишната конферен- ција на „Мајкрософт“ Визија 7. (ГФ)
- мп3 - големина 12 МБ МТВ1 видео запис-  |
Промовирање на технологијата во Македонија
7 октомври 2009
7 октомври – Амбасадорот Рикер, заедно со директорите на "Мајкрософт" Визија, се обратија пред присутните гости на најголемата конференција за бизнис технологија одржана во Македонија. Конференцијата се фокусираше на најновите технолошки трендови и како тие ќе влијаат на деловниот сектор во иднина. Присуствуваа повеќе од 600 учесници од целиот регион, меѓу кои и менаџери од бизнисот и информатичката технологија, експерти за развој на апликации и локалните партнери на "Мајкрософт".
- За да го слушнете аудио записот (МП3 / 12МБ) од обраќањето на амбасадорот Рикер пред присутните гости, кликнете овде.
- За да го погледнете видео записот на МТВ1 од настанот (големина 2 МБ), кликнете овде.
 |
Амбасадорот Филип Т. Рикер. /(ГФ)
- запис од Интервијуто за Радио Слободна Европа. |
Интервију на амбасадорот Филип Рикер со Радио Слободна Европа
6 октомври 2009
Во интервју за Радио Слободна Европа амбасадорот Рикер зборуваше за политички прашања и за политики. Во врска со прашањето за името, амбасадорот Рикер ги охрабри Македонија и Грција да седнат заедно и да најдат решение за името. ”Ние не можеме да го направиме тоа за вас. Тоа треба да биде нешто за што Грција и Македонија ќе одлучат заедно”, истакна амбасадорот Рикер. Амбасадорот ја истакна и значителната Американска помош за Македонија преку разни програми, посочувајки дека САД инвестираше во реформите на судскиот систем и дека владеењето на правото е клучно за економскиот развој.
- Видео запис од Интервијуто на амбасадорот Рикер за Радио Слободна Европа.
 |
Лорен Меј/конзул во Амбасадата на САД им ги покажува на медиумите официјалните веб страници на Американската влада за иселеничката лотарија. (ГФ) / видео. |
Немојте да дозволите да бидете измамени за виза
2011 ДВ владина лотарија за иселенички визи за САД (ДВ-2011)
1 октомври 2009
Лорин Меј, конзул во Амбасадата на САД, во интервју за телевизиите Алсат и Сител ги предупреди македонските граѓани за измамите кои ги прават одредени лажни веб страници и поединци во врска со аплицирањето за ДВ владината лотарија за добивање на иселенички визи во САД. Г-ѓа Меј нагласи дека целиот процес на аплицирање е бесплатен и дека никој не треба да плаќа парични средства за “да ги пополни“ формуларите за учество во лотаријата. Таа зборуваше и за потребното ниво на образование, како и за процедурата и критериумите потребни за аплицирање за лотаријата.
- За да дознаете повеќе за ДВ владината лотарија за добивање на иселенички визи за САД, кликнете овде.
- Официјална веб страна за аплицирање за иселеничката ДВ владина лотарија.
- За да го видите објаснувањето од конзулот на САД, Лорин Меј, за ДВ владината лотарија за иселенички визи за САД, погледнете го видео матерјалот на
.
Изјава од Амбасадата на Соединетите Држави во врска со Енциклопедијата издадена од МАНУ
29 септември 2009
“Фокусот на американските напори во Република Македонија е да го охрабри и поддржи развојот на една успешна земја која има за цел да стане членка на Евро-Атланската заедница. Објавувањето на Енциклопедијата на МАНУ поттикна неколку реакции, вклучувајќи една и од нас, во врска со погрешни, навредливи, или на некој друг начин проблематични делови од текстот. Македонија е мултиетничка држава, и ние ги охрабруваме граѓаните, политичарите и медиумите кои одговараат на контроверзните делови кои произлегуваат од недостатоците на оваа публикација, да се фокусираат на долгорочните цели на Македонија.“
 |
Вршителот на должност на амбасадор Том Навратил им се обраќа на присутните гости на завршната церемонија. /(ГФ) |
Одговор на заканите од оружјата за масовно уништување.
Завршна свеченост: Вежба на националниот кризен команден центар во врска со оружје за масовно уништување
26 септември 2009
На 26 септември, вршителот на должност на амбасадор Том Навратил присуствуваше на завршната свечаност на “Вежбата на националниот кризен команден центар во врска со оружје за масовно уништување” во организација на Агенцијата за намалување на безбедносните закани на министерството за Одбра на САД и македонскиот Центар за справување со кризи. Оваа вежба е пример на стратешкото партнерство помеѓу Соединетите Држави и Република Македонија и ја прикажува трајната поддршка за народот на Македонија од страна на американскиот народ. Целта на оваа програма беше да се унапреди способноста на Македонија во одвраќање, откривање, истраги и одговоро на оружјето за масовно уништување (ОМУ). Од 2001 година наваму владата на САД донираше опрема вредна над 900,000.00 долари на македонските институции-учеснички. Претставниците од повеќе министерства на Владата на Македонија учествуваа на ова конференција која се одржуваше од 22 до 26 септември 2009 година.
- За да го прочитате обраќањето на вршителот на должност на амбасадор Том Навратил, кликнете овде.
 |
Надица Вчкова и Урим Вејсели од Цента- рот за справување со кризи заедно со Подполковник Метју Хејли од Агенцијата за намалување на безбедносни закани на САД учествуваа на прес конференција по повод заедничката обука. / (ГФ) |
Да ги направиме Македонија и Светот побезбедни
24 септември 2009
Соединетите Држави се здружија со македонскиот Центар за справување со кризи во заедничка обука како одговор на заканите од оружјата за масовно уништување. Националната вежба се фокусираше на справување со сериозен инцидент со ваков вид на оружје. Во рамките на работилницата, која се одржа на 22 септември 2009, се разговараше за теми како меѓуагенциска координација, менаџмент на информации и спроведување кривични истраги.
Осврт на 10 годишнината на Капитал
Интервију на амбасадорот на САД, Филип Т. Рикер, за магазин „КАПИТАЛ“
17 септември 2009
Амбасадорот Рикер во интервју за магазинот КАПИТАЛ говореше за сегашната ситуација во Македонија и за активностите во текот на неговиот престој во државата. Тој зборуваше за потребата од продолжување на реформите насочени кон Евро-Атланската интеграција и како тоа би ја подобрило бизнис климата за домашните и странски инвеститори.
- За да го прочитате интервјуто, кликнете овде.
 |
Амбасадорот Рикер и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска потпишуваат Договор за грант за реста- врација на Даут Пашиниот Амам. / (ГФ)
- МТВ1 видео запис - 4.24 МБ |
Амбасадорскиот фонд овозможува реставрација на Даут Пашиниот Амам
16 септември, 2009
На 16 септември, амбасадорот Рикер и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска потпишаа Договор за грант за реставрација на историскиот Даут Пашин Амам. Грантот во висина од 54.000 американски долари е обезбеден преку проект на Амбасадорскиот фонд за културна заштита, основан од Конгресот на САД во 2001 година за да помогне на земјите во развој во заштита на нивните културни наследстава. Ова е седма година како Македонија добива ваков грант преку Амбасадорскиот фонд за културна заштита, со тоа што последниот проект беше доделен во 2008 година, на Националниот Институт и Музеј во Охрид за конзервација на стари словенски и грчки ракописи, што датираат од периодот од 12-15 век.
- За да го прочитате обраќањето на амбасадорот Рикер, кликнете овде.
- За да го погледнете видео записот на МТВ1 од настанот (големина 4.24 МБ), кликнете овде.
- За да видите повеќе фотографии од овој настан, кликнете овде.
 |
Амбасадорот Рикер и Заменик Претседа- телот на Владата на РМ за Европски Прашања, Васко Наумовски потпишаа Меморандум за Соработка. /(ГФ)
- МТВ1 видео запис - 4.56 МБ |
Заштита на Вредна Инвестиција
15 септември 2009
На 15 септември, амбасадорот Филип Рикер му се придружи на Заменик Претседател на Владата на Република Македонија, Васко Наумовски во потпишување на Меморандум за соработка кој ќе осигура дека учесниците чии обуки ќе бидат спонзорирани од владата на САД ќе останат на позициите во владините институции каде ќе допринесат со нивните знаења за доброто на граѓаните на Македонија. И амбасадорот на САД и Заменикот Претседател на Владата, признаа дека ова ќе ја подобри јавната администрација во Македонија, преку оневозможување на преместување на квалификувани обучени поединци од важни позиции во владата, армијата, полицијата, судството и образовниот сектор.
- За да го прочитате обраќањето на амбасадорот Рикер, кликнете овде.
- За да го прочитате Меморандумот за соработка, кликнете овде.
- За да го погледнете видео записот на МТВ1 од настанот (големина 4.56 МБ), кликнете овде.
- За да видите повеќе фотографии од овој настан, кликнете овде.
Да работиме заедно за подобра иднина
Коментар од амбасадорот на САД, Филип Рикер
1 септември 2009
Амбасадорот Рикер: “Повеќе од 15 години, Соединетите Американски Држави работат со граѓаните на Македонија на подобрување на образованието. Преку Агенцијата на САД за меѓународен развој - УСАИД, ние сме партнери со Владата на Македонија во реновирањето на над 120 училишта за да создадеме поквалитетна и енергетски ефикасна средина за учење.“…повеќе.
Амбасадорот на САД Филип Рикер праќа честитки по повод почетокот на светиот месец Рамазан
21 август 2009
По повод почетокот на светиот месец Рамазан, би сакал да испратам честитки од името на претседателот Обама и на државниот секретар Клинтон, до сите Муслимани кои го чествуваат Рамазан во Македонија. За време на овој свет месец, Муслиманите во Македонија и во целиот свет ќе се обединат со своите семејства и заедници во пост, молитва и размислување. Нека Рамазан биде потсетник за сите нас дека треба да си помагаме едни на други со хуманост и со сочувство, и дека треба да покажуваме взаемна почит кон слободното изразување на религиозните вредности. Дозволете ми уште еднаш, од името на сите вработени во Амбасадата на САД, да ви посакам благословено и сеопфатно одбележување на Рамазан.
Амбасадорот Рикер даде интервју за Штит, новиот магазин на Министерството за Одбрана на Република Македонија
20 август 09
Новиот магазин на Македонското Министерство за одбрана, Штит, објави интервју со амбасадорот Рикер. Во интервјуто со наслов “Со задоволство очекуваме да ја поздравиме Македонија како полноправна членка на НАТО” амбасадорот Рикер зборува за развојниот процес на Евро-Атланската интеграција на Македонија, прашањето за името, официјалната политика на САД кон Македонија, учеството на Армијата на Македонија во мултинационалните сили, и билатералната воена соработка. Тој, исто така, зборува и за неговите впечатоци за Македонија во изминатите десет години, кога тој последен пат прстојуваше во Скопје, и за тоа како развојот на неговата кариера го донесе назад во Македонија.
- За да го прочитате интервјуто, кликнете овде.
 |
Уценици од основните училишта собира- ат пластичен отпад, промовирајќи ја кампањата под мото “Собирај ПЕТ за подобар свет“. (ГФ) / видео |
Проект на УСАИД за рециклирање на пластичен отпад во Македонија
Неколку години наназад, глетката ја нарушуваше пластична абалажа расфрлана низ улиците на главниот град, ново-создадените диви депонии низ патиштата во земјата па дури и во туристичките центри. Ваквата очајна ситуација можеше да се измени само со заложба на локалните власти, јавните комунални претпријатија , не-владинитие организации и граѓаните. Денес, само по неколку години, влијанието на проектот на УСАИД за рециклирање на пластичен отпад во Македонија е очигледно. Американскиот народ преку УСАИД, инвестираше 1.3 милиони долари во Проектот за Рециклирање Пластика...за да дознаете повеќе за овој проект погледнете го видео матерјалот на
.
 |
Амбасадорот Рикер со 15те средношколци избрани да бидат првите учесници од Македонија во програмата (ГФ) |
Средношколци - учесници во програмата за размена - заминуваат на едногодишен студиски престој во САД
Во рамките на нова програма за размена, средношколци од Македонија ќе учествуваат во програмата за размена и студирање за младинци, финансирана од Бирото за образование и култура при Стејт Департментот на САД. Амбасадорот Рикер беше домаќин на 15-те учесници во програмата, заедно со нивните родители, а во неговата резиденција имаше и скара во нивна чест. Започната во 2003, програмата има за цел да гради мостови на меѓународно разбирање, особено помеѓу американци и луѓе од земји со поголемо муслиманско население. Студентите од програмата живеат како “син” или “ќерка” во американска фамилија, се вклучуваат во училишни активности и волонтираат во нивните заедници. Тие учат за американското општество и неговите вредностите, а истовремено ги едуцираат другите за обичаите и културата на својата татковина.
- За да видите повеќе фотографии од овој настан, кликнете овде.
 |
| Амбасадорот Филип Т. Рикер |
Заедничка изјава на Шефот на Набљудувачката Мисија на ОБСЕ во Скопје, Амбасадорот Хосе-Лиус Хереро; Специјалниот претставник на ЕУ и Шеф на Делегацијата на ЕК, Ерван Фуере и Амбасадорот на САД, Филип Т. Рикер
СКОПЈЕ, 13 август 2009
Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Европската Унија и Амбасадата на САД денес ја објавуваат следната изјава по повод одбележувањето на осум годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. „Чест ни е да ја одбележиме осум годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Земјата направи позитивен напредок во спроведување на договорот и во подобрување на меѓуетничките односи во текот на овој период.
Мисиите на Европската Унија, Организацијата за безбедност и соработка во Европа и Амбасадата на САД поттикнуваат на целосно спроведување на рамковниот договор не само на хартија туку и во пракса. Заради тоа би ги охрабриле сите релевантни власти да ги интензивираат своите усилби кон оваа цел. Рамковниот договор продолжува да биде движечка сила за безбедност, политичка стабилност и промовирање на меѓуетничките односи и затоа повторно ја потврдуваме нашата цврста определба кон овие вредности“.
Да уживаме денес, но и да зачуваме за утре
Колумна од Филип Рикер, амбасадор на САД во Република Македонија
20 јули 2009
Дневните весници, Дневник и Коха, објавија колумна од амбасадорот Рикер во која тој ги истакнува неодамнешните промени во законот на САД за да се помогне во заштитата на природните ресурси. Амбасадорот, исто така апелира да се вложи заеднички напор за заштита на нашата планета.
- За да ја прочитате колумната од амбасадорот Рикер, кликнете овде.
 |
Амбасадорот Рикер, Министерот за одбрана Коњановски, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Стојановски и Главниот подофицер на АРМ, заставник Бобан Стојановиќ со семекството присуствуваат на наградната церемонија. (LP). / - ТВ Сител (3.7MB) |
Признание за одличната работа во македонската армија
15 јули, 2009
Амбасадорот Рикер им се придружи на Министерот за одбрана Коњановски и началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Стојановски за да му честита на Главниот подофицер на АРМ, заставник Бобан Стојановиќ за добивање на високото признание „Ѕидот на беспрекорните“ од Академијата за подофицери на Армијата на САД „Форт Блис“ во Тексас. Заставникот Стојановиќ е еден од само тројца војници кои не се припадници на Армијата на САД и кои го добиле ова признание во 36-годишната историја на Академијата. Во тој период, повеќе од 500 војници од 66 држави се здобиле со обука на оваа врвна академија за обука на подофицери. Министерот Коњановски и Генералот Стојановски исто така им се заблагодарија на Потполковник Томас Вилсон и Потполковник Вес Гул за нивната соработка со македонската војска во напорите за модернизација на македонските вооружени сили.
- За да го прочитате обраќањето на амбасадорот Рикер, кликнете овде.
- За да видите повеќе фотографии од одликувањето на Заставникот Стојановиќ во Форт Блис, кликнете овде.
- Академијата го промовира „Ѕидот на беспрекорните“.
- За да го погледата видео записот на ТВ СИТЕЛ од настанот (големина 3.7 МБ), кликнете овде.
 |
Амбасадорот Рикер и Заменикот директор Муниз ја открија свечената плакета за отварање на новата амбасада на САД во Скопје. (ГФ)/ Видео Презентација на фотографии од настанот на - . |
Прием по повод празникот 4 јули и свечено отварање на новата американска амбасада
На 2 јули, Амбасадорот Рикер и Заменикот директор на Одделот за прекуокеански градежни операции при Стејт Департментот, Лидија Муниз, заедно со повеќе од 800 гости присуствуваа на прием одржан во чест на американскиот Ден на Независноста. Прославата исто така послужи како формално отварање на новата амбасада на САД во Скопје. Амбасадорот Рикер зборуваше за важноста на Денот на Независноста за американците, како прослава на американските идеали. Тој исто така посочи дека новата амбасада е резултат на посветеноста на владата на САД на нејзиното партнерство и пријателство со Република Македонија. Амбасадорот ја потенцираше силната врска на САД со Македонија која постои сиве овие години и објави дека поддршката и соработката ќе продолжат и во иднина.
- За да го прочитате обраќањето на амбасадорот Рикер, кликнете овде.
- За да видите видео презентација на слики од овој настан, кликнете овде.
- За да го погледата видео записот на ТЕЛМА ТВ (големина 3.85 МБ), кликнете овде.
- Советникот за односи со јавност Рајан Роуландс се појави во телевизиските емисии (РАНОДЕН) за да го промовира празникот 4 јули и свеченото отварање на новата американска амбасада.
 |
Епстеин, учесник и претставник од амбасадата на САД, ги доделува наградите на победниците во женскиот професионален натпревар. (ГФ) |
Триатлонот како повод за дружба покрај Охридското езеро
11 јули 2009
Локалната невладина организација Интегритет АлфаОмега собра повеќе од 70 натпреварувачи овој викенд за да пливаат, возат велосипед и трчаат во и околу Охридското езеро. Амбасадата на САД во Скопје редовно соработува со Интегритет АО, како и со други организации, за промовирање на спортот за младите во Македонија. Овој триатлон е последниот заеднички напор за претставување на спортот како начин за обединување на луѓето од целата земја преку забавни активности на отворено. Особена благодарност до градот Охрид, како и до голем број спонзори, на кои треба да им честитаме за поддршката на оваа иницијатива на граѓанското општество преку која им помогнаа на учесниците и гостите да уживаат во природната убавина на Македонија.
 |
Учесниците во кампот ја искажуваат својата креативност преку вежби кои го градат тимскиот дух. (ГФ) |
Создавање на утрешните лидери
Комисијата за демократија на амбасадата на САД додели грант за Центарот за интеркултурен дијалог за одржување на летен камп GLOW (Девојките кои го водат нашиот свет - Girls Leading Our World), и кој се одржува во Стрежево, Пелистер. Вкупно 71 девојкa од 27 различни заедници низ цела Македонија учествуваат во кампот, каде учат за теми како планирање на кариерата, стратегии за донесување на одлуки, и здрав начин на живот. Кампот го водат група волонтери од Peace Corps заедно со локални советници. Ова е втора година како амбасадата го поддржува овој проект и е една од неколкуте активности со младинци во кои амбасадата е вклучена.
 |
Извршниот Директор Пајтим Саити му презентира слики на амбасадорот Рикер од изложбата на фотографии поставена во чест на прославата на 10 годишнината на Центарот за пермакултура. (LP) |
Одржување на ветувањата
На 1 јули 2009, Амбасадорот Рикер се врати во Гостивар за да се сретне со новиот градоначалник Руфи Османи и поранешните кандидати за таа позиција, како што вети за време на изборната кампања на почетокот на годинава. Додека беше во градот, Амбасадорот Рикер прими награда од Центарот за пермакултура и мироградба за соработката помеѓу Американската амбасада и таа организација. Амбасадорот исто така го посети најновиот гостиварски локал, Кафетеријата Обама и даде поддршка на овој локален угостителски објект. Името на локалот сопственикот го одбрал за да му оддаде чест на Американскиот претседател Барак Обама.
- За да го прочитате обраќањето на амбасадорот Рикер на настанот на Пермакултура, кликнете овде.
- За да видите повеќе фотографии од неговата посета на Гостивар, кликнете овде.
- За да го погледата видео записот на МТВ1 од настанот (големина 3.17 МБ), кликнете овде.
 |
| Симон Трпчески и Илич Ривас се дружат со децата (ГФ) |
Ширење музика и насмевки
25 јуни 2009
Светски познатиот македонски пијанист Симон Трпчески му се придружи на Венецуеланско - Американскиот диригент Илич Ривас во посетата на детскиот дом 11 Октомври. Децата уживаа додека слушаа како двајца музичари за првпат се заинтересирале за класичната музика и дознаа дека и двајцата многу го сакале фудбалот. Исто така тие научија како функционира еден оркестар и видоа како се свири на виолина и тромбон. Илич ќе диригира со младинскиот оркестар на КултурОп на концертот закажан за 29 јуни кој е делумно е спонзориран од страна на Амбасадата на Соединетите Американски Држави. Тој е еден од најмладите диригенти во светот и е дојден во Македонија на покана на Симон Трпчески.
 |
| Амбасадорот Филип Рикер |
Современото ропство бара глобален одговор
Коментар од амбасадорот на САД, Филип Рикер
20 јуни, 2009
„Младата Албанка Виола, имаше тринаесет години кога започна да се забавува со Дилин, кој беше 21 година и кој и предложи брак. Тие се преселија во Италија, каде Дилин рече дека има роднини кои можат да му најдат работа. Штом пристигна во Италија, животот на Виола засекогаш се смени. Дилин ја остави Виола заклучена во хотелска соба и никогаш повеќе не ја виде“,...повеќе.
 |
| Амбасадорот Филип Рикер |
Прва светска конференција на Обединетата македонска дијаспора
13 јуни, 2009
Амбасадорот Рикер патуваше во Вашингтон за да присуствува на првата светска конференција организирана од Обединетата македонска дијаспора. Зборувајќи со групата, тој се осврна на предизвиците кои претстојат и на заедничките успеси на Соединетите Држави и Македонија. За да го прочитате обраќањето на амбасадорот Рикер на Гала вечерата, кликнете овде. За да го прочитате неговото интервју за Гласот на Америка, кликнете овде.
 |
Амбасадорот Рикер зборува со уредникот ва Дневник, Христо Ивановски. ГФ |
Амбасадорот Рикер во интервију за Дневник зборува за неговата претстојна посета но Вашингтон, за прашањето за името, и други важни теми
8 јуни 2009
Амбасадорот Рикер: "Во вторник заминувам за Вашингтон и ќе имам многу средби. Јас ќе учествувам на Конференцијата на Обединетата Македонска Дијаспора, која е, како што ми рекоа, прва од таков вид. Мислам дека е глобален настан и тие би сакале да го направат да биде годишен настан, и мило ми е што ќе бидам дел од тој настан"...повеќе.
 |
Обраќање на Амбасадорот Рикер пред дипломците на Универзитетот на Југоисточна Европа. (LP) |
Препознавајќи ги идните лидери
6 јуни 2009
Во Сабота, 6 јуни, амбасадорот Рикер зборуваше пред дипломците на Универзитетот на Југоисточна Европа на церемонијата за доделување на дипломи. Тој им честиташе на завршувањето на додипломските студии и ги повика да се борат со предизвиците и го подобрат светот.
- За да го прочитате обраќањето на амбасадорот Рикер, кликнете овде.
- За да ги прочитате одговорите на амбасадорот Рикер на прашања од новинари по церемонијата за доделување дипломи на Универзитетот на Југоисточна Европа, кликнете овде.
Архива Јануари – Мај 2009
Пристап до комплетната листа на претходно објавени информации во првата половина на 2009 (Јануари – Мај).
|