jump over navigation bar
Embassy SealStejt Departmentot
Ambasada na Soedinetite Amerikanski Dr`avi, Skopje, Makedonija flag graphic
Програми, Настани и Информации
 
  Мисија на Амбасадата Клучни офицери во Амбасадата Теми од Интерес Изјави за Медиумите Годишни Извештаи Ресорсен Центар на Информации Американски катчиња во Македонија Студентска Размена Програма за мали грантови Архива

Изјава за Медиумите

Американскиот безбол доаѓа во Македонија

Генералниот менаџер на тимот од САД донира опрема за локалната лига

15 мај 2007
 
Американски безбол доаѓа во Македонија
(голема фофотграфија)
Генералниот менаџер на тимот од САД донира опрема
за локалната Македонска лига (голема фотографија)


Напорите за воведување на безбол во Македонија доживеаја своја голема промоција денес, кога Ц.Ј. Кнудсен, генералниот менаџер на Lake Monsters безбол тимот од Вермонт, што е партнер на Washington Nationals безбол тимот од првата лига, донираше униформи, палки, топки и друга опрема на првата македонска младинска безбол организација од типот „Мала лига“. 
 
„И Македонците и Американците сакаат тимски спортови“, рече Кнудсен.  „Спортските натпревари се одличен начин за унапредување на пријателството и взаемното разбирање помеѓу народите и државите“.
 
Љубен Тевдоски, раководител на Секторот за млади на Агенцијата за млади и спорт, учествуваше на церемонијата заедно со претставници од меѓународните училишта од  Скопје, NOVA и QSI. Освен Македонци и Американци, членови на Македонската безбол организација се и претставници од многу други националности. 
 
Г-динот Кнудсен пристигна во Македонија во составот на делегацијата на Партнерството со Вермонт 2007, што го означува долгогодишниот однос на партнерство помеѓу Македонија и Вермонт.  Партнерството, што започна во 1995 како воена соработка помеѓу Армијата на Република Македонија и Националната гарда на Вермонт, се развиваше во изминатиот период, така што оваа година ќе биде одбележено со вежби за кризен менаџмент, промоција на универзитетско партнерство, дискусии за економскиот развој, и поддршка за младинската безбол организација на Македонија.  
 
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА РЕДАКЦИИТЕ:

Lake Monsters од Вермонт е безбол тим од втора лига и е партнер на Washington Nationals, што е безбол тим од прва лига.  Играчите во тимовите од втора лига се професионални спортисти кои, доколку се докажат, можат да бидат промовирани во тимот од првата лига со кој се партнери.  
 
„Безбол од мала лига“ е името на непрофитната организација во САД која ги координира локалните детски безбол лиги во САД и во целиот свет.  Малата лига беше формирана во 1939 од три тима од Вилиамспорт, Пенсилванија.  Денес  милиони играчи на Мала лига играат за илјадници Мали лиги во цвелиот свет.

Македонската „Мала лига“ беше формирана во декември 2006, а својата прва сезона ќе ја игра во 2007.  Момчиња и девојчиња на возраст од 7 до 13 години можат да се пријават да учествуваат.  За повеќе информации, испратете е-маил на baseballMK2007@yahoo.com

back to top ^

Page Tools:

Printer_icon.gif Print this article



 

    Овој веб портал е изготвен и ажуриран од Стејт Департментот на САД.
    Поставувањето на надворешни линкови до останати веб портали не трeбa да се протолкува како наша поддршка на мислењата или ставовите содржани во нив.


Ambasad na Soedinetite Amerikanski Dr@avi