Служба за неимигрантски визи
Почнувајки од 29 април 2009 година сите конзуларни услуги ќе може да ги добиете од нашата нова локација
Амбасада на САД Скопје ул. Самоилова бр. 21 1000 Скопје Република Македонија
Тел + 389 2 310-2000 Фах + 389 2 310 2299 |
Важно известување: Амбасадата на САД во Скопје повеќе не прифаќа барања за закажување на интервју преку електронска пошта или по факс. За да закажете интервју за неиселеничка виза или да добиете општи информации за виза, Ве молиме да се јавите на Визно-информативната служба на тел: (02) 309 9090 (од Македонија) или на тел: (038) 247 973 (од Косово). За да пристапат кон Визно-информативната служба, барателите мора најпрвин да купат личен идентификациски број за $12 (во локална валута) од Комерцијална банка во Македонија или Рајфаизен банка во Косово. За повеќе информации консултирајте ја оваа
Изјава за печат.
Услуги за неимигрантска виза - само со закажување на интервју
Интервјуата се реализираат во претпладневните часови секој понеделник, среда и петок.
Македонските државјани треба да имаат неимигрантска виза за да влезат во Соединетите Американски Држави. За да се квалификувате за неимигрантска виза вие треба да му докажете на конзулот дека имате живеалиште кое немате намера да го напуштите и дека имате намера да влезете во САД само за одредено време и ќе извршувате активности само за таа цел за која ви е издадена визата.
Овие фактори обично се утврдуваат врз основа на прикажување на добро и долготрајно вработување, сериозен бизнис или други цврсти семејни врски или социјални и културолошки активности кои ќе укажат на цврсти причини за вашето враќање во местото на живеење.
-
Како да се поднесе молба за неимигрантска виза?