jump over navigation bar
Embassy SealStejt Departmentot
Ambasada na Soedinetite Amerikanski Dr`avi, Skopje, Makedonija flag graphic
Виза за Соединетите Американски Држави
 
  Служба за неимигрантски визи Служба за имигрантски визи Виза за Сопружникот

Служба за имигрантски визи

Услуги за иселеничка виза 

Добре дојдовте на сајтот за иселенички визи


Почнувајки од  29 април 2009 година сите конзуларни услуги ќе може да ги добиете  од нашата нова локација

Амбасада на САД Скопје
ул. Самоилова бр. 21
1000 Скопје
Република Македонија

Тел + 389 2 310-2000
Фах + 389 2 310 2299 


Важна информација за Иселеничката Лотарија

Постојат примери на лажни веб страници кои се претставуваат како официјални страници на Американската влада за иселеничката лотарија. Некои од компаниите кои се претставуваат како Влада на САД наплаќаат парични средства за “да ги пополнат“ формуларите за учество. За симнување, пополнување и поднесување на електронските формулари за иселеничка лотарија на се наплаќа. Апликантите за иселеничката лотарија кои се избрани по случаен избор се известуваат преку редовна пошта од страна на Конзуларниот центар во Кентаки, а НЕ ПО ЕЛЕКТРОНСКА ПОШТА. Писмото ги содржи инструкциите како да се продолжи наредниот чекор во процесот. Ниту една друга организација или компанија не ое овластена од страна на Стејт Департментот да ги известува учесниците во иселеничката лотарија за нивното добитно извлекување.

Официјална адреса за иселеничкат лотарија  


Конзуларниот оддел на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје им нуди услуги за иселенички визи на жители на Македонија и на Косово подобни да поднесат барање за виза за постојан престој во Соединетите Американски Држави. Одделот за  визи им стои на услуга и на граѓани на САД што посвојуваат деца од овие региони.

иселенички те визи се за лица што планираат да живеат, да работат или да се школуваат и да останат во САД на трајна основа. Виза Лотарија (DV- Diversity Visa) е во надлежност на Службата за конзуларни прашања при Стејт Департментот на САД. Услов за повеќето ДВ е основното барање што треба да го одобри Секторот за државјанство при Секретаријат  за домашна безбедност на САД.

Генерално гледано, за да биде подобен да поднесе барање за доселеничка виза, секој странски државјанин мора да биде спонзориран од роднина државјанин на САД или од потенцијалниот работодавец. Според законот за имиграција, за разлика од повеќето други категории иселенички визи, за лица што се членови на потесното семејство нема ограничување на бројот на доселеници.

Главните иселенички категории се:
• Членови на потесното семејство
• Специјални доселеници
• Спонзорирани од страна на семејството  
• Спонзорирани од страна на работодавецот

Покрај тоа, со Програмата за виза лотарија може во текот на годината да се издаваат и извесен број визи за постојан престој. Овие визи се доделуваат во земји што имаат ниска стапка на преселба во САД. 
 
» Како да го доведам сопружникот (сопругот или сопругата) или детето во САД.


За конкретни информации, Ве молиме погледнете ја Англиската верзија за иселенички визи на нашиот ВЕБсајт.

горе^
алатки на страницата:

Printer_icon.gif Испечати го текстот

- Иселеничка Лотарија -

LOGO
2011 ДВ владина лотарија за иселенички визи за САД
-
Официјална веб страна за аплицирање за иселеничката ДВ владина лотарија
-
  видео-Објаснување од конзулот на САД, Лорин Меј, за ДВ владината лотарија за иселенички визи за САД.  




 

    Овој веб портал е изготвен и ажуриран од Стејт Департментот на САД.
    Поставувањето на надворешни линкови до останати веб портали не трeбa да се протолкува како наша поддршка на мислењата или ставовите содржани во нив.


Ambasad na Soedinetite Amerikanski Dr@avi
Turn Admin On!