Изјава за Медиумите
По повод Денот на Планетата Земја амбасадорот Миловановиќ ја посети фабриката за рециклурање во Велес
20 април 2007.
Информации поврзани со настанот: Говор на амбасадорот Миловановиќ | дополнителни податоци по повод Денот на Планетата Земја
По повод Денот на Планетатa Земја aмбасадорот на САД, Џилијан Миловановиќ, заедно со министерот за животна средина на Република Македонија, Џелил Бајрами, и градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, на 20 април, петок, ја посети фабриката за рециклирање на пластика, ЕКО-ЕРАС во Велес. Денот на Планетата Земја, 22 април, се одбележува секоја година во целиот свет за да ја истакне важноста од зачувувањето на животната средина. Денот на Планетатa Земја укажува на достигнувањата што сме ги постигнале во областа на подигањето на свеста за животната средина и инспирира нови визии за почиста иднина.
Фабриката за рециклирање на пластика, ЕКО-ЕРАС, е еден од неколкуте учесници во проектот поддржан од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) за промоција на рециклирање на пластични шишиња. Проектот овозможува стекнување приходи за тие што собираат пластични шишиња, вработувања во компаниите што се занимаваат со оваа дејност, заработка за фирмите, и извоз за Македонија. Благодарение на проектот во Македонија се намалува количината на ѓубре што не се разградува биолошки и се промовира почиста животна средина.
Амбасадорката Миловановиќ, министерот Бајрами, и градоначалникот Коцевски ја обиколија фабриката и дадоа кратки изјави потенцирајќи ја важноста од зачувувањето на животната средина. Освен тоа, беа прогласени и добитниците на награди на натпреварот спонзориран од УСАИД за дизајнирање на контејнери за рециклирање што ќе бидат поставени на јавни места и фирми во општините што учествуваа на натпреварот.
За повеќе информации, може да се јавите во фабриката ЕКО-ЕРАС на тел 043 239 133.