jump over navigation bar
Embassy SealStejt Departmentot
Ambasada na Soedinetite Amerikanski Dr`avi, Skopje, Makedonija flag graphic
Програми, Настани и Информации
 
  Мисија на Амбасадата Клучни офицери во Амбасадата Теми од Интерес Изјави за Медиумите Годишни Извештаи Ресорсен Центар на Информации Американски катчиња во Македонија Студентска Размена Програма за мали грантови Архива

Изјава за Медиумите

Потпишан договор помеѓу Универзитетот Вермонт и Универзитетот Св. Кирил и Методиј

14 мај 2007

 

Ректорот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Ѓорѓи Мартиновски, и претставникот на Универзитетот Вермонт, Мери Вотзин, потпишаа денес договор, поканувајќи ги и двата универзитети да работат заедно на промовирање на образовна и научна соработка и размена.

„Ова е уште еден одличен пример на соработка помеѓу Македонците и Американците“ рече Мери Вотзин, професор на Рубенштајн Факултетот за животна средина и природни ресурси на Универзитетот Вермонт.  „Овој договор ги опфаќа студентите и професорите од сите дисциплини и факултети на нашите универзитети“.

Соработката се очекува да опфати заеднички научни и истражувачки проекти; размена на визитинг професори, студенти и дипломци; организација на заеднички научни конференции и работилници; размена на публикации, универзитетски едиции и книги; и соработка на полето на комуникациски мрежи.  Двата универзитети, исто така, се очекува да соработуваат на подготвување на заеднички апликации за соодветни организации за доделување на грантови за истражување и за финансиска поддршка на взаемно договорени области и теми.

Мери Вотзин пристигна во Македонија во составот на делегацијата на Партнерството со Вермонт 2007, што го означува долгогодишниот однос на партнерство помеѓу Македонија и Вермонт.  Партнерството, што започна во 1995 како воена соработка помеѓу Армијата на Република Македонија и Националната гарда на Вермонт, се развиваше во изминатиот период, така што оваа година ќе биде одбележено со вежби за кризен менаџмент, промоција на универзитетско партнерство, дискусии за економскиот развој, и поддршка за младинската безбол организација на Македонија.

back to top ^

Page Tools:

Printer_icon.gif Print this article



 

    Овој веб портал е изготвен и ажуриран од Стејт Департментот на САД.
    Поставувањето на надворешни линкови до останати веб портали не трeбa да се протолкува како наша поддршка на мислењата или ставовите содржани во нив.


Ambasad na Soedinetite Amerikanski Dr@avi