Годишни Извештаји објавени 2009
 |
Американскиот државен секретар Хилари Клинтон |
Извештај за меѓународната состојба со верските слободи за 2009 година
Објавен од страна на Бирото за демократија, човекови права и труд
26 октомври 2009
Државниот секретар Клинтон: "Убедени сме дека најдобро решение за нетолеранцијата е комбинација од силна правна заштита против дискриминација и расна омраза, проактивен владин пристап кон малцинските религиозни групи, и енергична одбрана како на слободата на вероисповест, така и на слободата на изразување. Се надеваме дека Извештајот за меѓународната состојба со верските слободи ќе ги охрабри постоечките движења за верски слободи низ целиот свет и ќе промовира дијалог помеѓу владите, но и во општествата за тоа како најдобро да им се удоволи на верските заедници и да се заштити правото на секој поединец да верува или да не верува, така како што на поединецот му одговара."... Текст (на англиски) од излагањето на Државниот секретар Клинтон. | Целосен Извештај (на англиски).
- Извештај за меѓународната состојба со верските слободи за 2009 година во Република Македонија... види го целосниот извештај на Македонски.
 |
Годишен извештај на Стејт департментот на САД за состојбите во трговијата со луѓе во Република Македонија за 2009 г.
Објавен од службата за мониторинг и борба против трговијата со луѓе
16 јуни 2009. Македонија претставува земја на извор, транзит и дестинација за жени и деца со кои се тргува заради комерцијална сексуална експлоатација. Со жени и деца од Македонија се тргува во рамките на земјата. Жртвите чија крајна дестинација била Македонија потекнувале примарно од Албанија и Косово. Македонските жртви на трговија и оние кои транзитираат низ Македонија се носеле во Јужна, Централна и Западна Европа. ...
повеќе.
Годишен извештајот на Стејт Департментот на САД за почитувањето на човековите права во Република Македонија во 2008 година
Објавено од Бирото за демократија, човекови права и труд
25 февруари 2009 Владата воглавно ги почитуваше човековите права на своите граѓани; но сепак во одделни области имаше проблеми. Проблеми со владеењето на правото се забележани во судските и полициските постапки, вклучително и при кривичен притвор. Спроведувањето на судските реформи продолжува да се одолжува, a политичkиот притисок и заплашувањето ја попречува делотворноста на судството. ..
повеќе.