Article
Офицерот за информирање на јавноста на Полицијата на Лос Анџелес го посети Скопје
Март 10-16, 2007
 |  |
Предавање (Улогата на жената во спроведување на правото) од Мери Грејди, офицер за информирање на јавноста на полицијата на Лос Анџелес (голема фотографија) | Повеќе од 50 лица присуствуваа на предавањето (Улогата на жената во спроведувањето на правото) на Мери Грејди, во Американското катче во Скопје (голема фотографија) |
Амбасадата Скопје со задоволство беше домаќин на офицерот за информирање на јавноста на Полицијата на Лос Анџелес Мери Грејди со богата и интензивна програма фокусирана на полицијата/односи со јавноста. Ангажирана преку Канцеларијата за говорници на Меѓународни информативни програми на Стејт Департментот/ Специјализирани програми, Мери учествуваше во тренинг програмата на 16 полициски службеници од македонското Министерство за внатрешни работи определни да работат како портпароли низ целата земја.
Заеднички финансирана од ОБСЕ, Британската амбасада, и амбасадата на САД, работилницата вклучуваше презентации, вежби со активно учество, симулации на прес конференции и други интерактивни вежби за да се потпомогне подготвувањето на портпаролите за клучната улога што тие ќе ја играат во спроведувањето на правото во Македонија. Тренинг програмата заврши со заедничка пресконференција на македонскиот министер за внатрешни работи и претставници на организациите спонзори. Широко покриена од македонските печатени и електронски медиуми, пресконференцијата обезбеди можност да се повтори за македонската јавност споделената вредност при градењето на подобра комуникација помеѓу полицијата, медиумите, и заедницата.
Понатаму, како дел од програмата на Месецот на историјата на жената во Американското катче во Скопје, Мери зборуваше пред преполн простор од околу 50 лица, многумина од нив беа студенти на македонската Полициска академија. Мери разговараше за некои од многуте теми со кои таа секојдневно се соочува. Таа исто така направи впечатлива презентација на фотографии од обеманта архива на Полицијата на Лос Анџелес уште од почетокот на 1900-те, зборувајќи за тоа како фотографиите не само што ги документираат полициските дејства, туку исто така обезбедуваат поглед кон животот и културата на Лос Анџелес.
Американското катче беше домаќин и на округлата маса на г-ѓа Грејди со шест новинари од печатените и електронските медиуми во Македонија. Мери се осврна на голем број прашања што некако ја поврзуваат со медиумите вклучувајќи го значењето на транспарентноста на полицијата, честите грешки што репортерите ги прават, и како да се развијат подобри односи со медиумите. Таа исто така се осврна и на начините како полициските службеници да се ˝хуманизираат˝ и разнообразноста при Полицијата на Лос Анџелес, а ги допре и темите како презумција на невиност, наркоманија, трговија со луѓе, бездомници, малолетничка деликвенција, и тешкиот проблем со кој се соочува Полицијата на Лос Анџелес денес - бандите. Запрашана за совет, г-ѓа Грејди предложи новинарите да работат со полицијата, да градат односи со нив и да ги запознаат како луѓе, и да го знаат законот. Живата дискусија можеше да продолжи, но мораше да биде прекината по околу дваипол часа.