Можност за грантови
Програма за мали грантови
Комисија за демократија, Амбасада на САД Скопје
Цел на Програмата
Ова е програма на Амбасадата на САД чија цел е доделување на мали грантови за конкретни проекти кои го подржуваат развојот на демократските институции во Република Македонија. Грантовите се доделуваат на невладини, непрофитни организации (НВО). За да се разгледа, секој апликант мора да биде вклучен или да предлага спроведување на проект чија цел е унапредување на развојот на демократските институции во Република Македонија.
Комисијата најмногу е заинтересирана за проекти поврзани со:
- Граѓанско образование
- Независни медиуми
- Човекови права, етничка и политичка хармонија
- Заштита на животната средина
- Зајакнување на невладиниот сектор
- Разрешување недоразбирања
- Институционализација на отворени, плуралистички, демократски политички процеси на локално ниво
- НВО секторот и локална самоуправа
Со други зборови, Комисијата подржува проекти кои промовираат развој на отворено/граѓанско општество.
Кои проекти не се финансираат?
Проекти кои не се финансирани од Комисијата за демократија при Амбасадата на САД вклучуваат:
- Оние кои не се поднесени од страна на организации или личности што не се од Македонија
- Оние кои се однесуваат на определени политички активности
- Хуманитарна или социјална помош и добротворни активности и донации
- Конференции и индивидуални патувања во странство
- Трговски активности
- Кампањи за собирање сретства
- Комерцијални проекти
- Научно-истражувачки проекти
- Личности кои не поврзани со организации што можат да обезбедат долгорочна издржливост на проектот
- Проекти чија цел е основен институционален развој на организацијата
- И оние кои се повторување на веќе постоечки проекти
Критериуми на оценување
Предлог проектите ќе се оценуваат според темата на проектот, јасно формулираните цели и целни групи и способноста на организацијата подносител да ги спроведе целите на проектот.
Предложените проекти што ги задоволуваат основните критериуми споменати погоре ќе бидат разгледувани на состаноците на Комисијата за демократија. Доколку вашата преилинарна апликација ги задоволува критериумите на Комисијата за демократија и биде предмет на понатамошно разгледувањ, можеби ќе бидете поканети на разговор или пак ќе ви бидат побарани дополнителни информации.
Кој е максималниот износ на еден грант?
Максималниот износ на еден грант е 24.000 американски долари, иако во просек грантовите изнесуваат од 5.000 до 10.000 американски долари. Особено е значајно да обезбедите детален буџет за проектот, вклучувајќи конкретни категории за кои ќе бидат користени фондовите.
Како организациите аплицираат за грант?
Наједноставно ви е директно да пристапите до апликацијата и упатството во ПДФ формат подолу.
(овие PDF формати можете да ги симене доколку користите Adobe Reader)
- Упатство за аплицирање
- Апликација
- Краток опис на апликацијата
Ве молиме да пратите една (1) копија од потполнетата апликација со оригинален потпис на последната страница и доколку сте во можност една (1) копија по Интернет на следната адреса:
Канцеларија за односи со јавноста
Амбасада на САД Скопје
1000 Скопје
ул. Самоилова бр. 21
До: Комисија за демократија - мали грантови
Тел: +389-2-310 2000
Факс: +389-2-310 2499
E - mail: Канцеларија за Односи со Јавност
Канцелариајта за односи со јавноста прифаќа апликации за Комисијата за демократија во секое време. Предлозите за грантови треба да ги содржат сите информации наведени во упатството за аплицирање. Предолзите нема да се разгледуваат додека не се добијат целокупните информации. Предлозите треба да се поднесат на англиски јазик, или со приложен превод на англиски јазик. Дополнителните документи можат да бидат на македонски јазик.
Што се случува откако ќе завриши пооектот?Сите одбрани апликанти мора да потполнат формален наративен и финансиски извештај до Комисијата за демократија по завршувањето на проектот. Извештајот треба да се осврне на она што е направено, мислење на апликантот дали проектот бил успешени и како може да се подобри во иднина. Финансиско оправдување на користењето на фондови од грантот мора исто така да се приложи. Информацијата содржана во извештајот ќе и помогне на Комисијата за демократија подобро да ги оценува идните предлози.