jump over navigation bar
Embassy SealStejt Departmentot
Ambasada na Soedinetite Amerikanski Dr`avi, Skopje, Makedonija flag graphic
Програми, Настани и Информации
 
  Мисија на Амбасадата Клучни офицери во Амбасадата Теми од Интерес Изјави за Медиумите Годишни Извештаи Ресорсен Центар на Информации Американски катчиња во Македонија Студентска Размена Програма за мали грантови Архива

Изјави за Медиумите во 2009

» Извештај за состојбите во меѓународната верска слобода за 2009 година

26 октомври 2009

Стејт Департментот денес го обајви Извештајот за верските слободи за 2009 година, што го покрива поериодот од 1 јули 2008, до 30 јуни 2009. Извештајот, обврска дадена од Конгресот на САД, ја промовира слободата на вероисповест и го разгледува статусот на верската слобода во 198 земји. ..повеќе.

» Амбасадата на САД и Црвениот крст на град Скопје заедно во голема добротворна акција

20 октомври 2009

На 21 Октомври 2009, Амбасадата на Соединетите Американски Држави во соработка со Црвениот крст на град Скопје ќе организираат голема крводарителска акција и собирна акција за прехрамбени продукти. Акциjата ќе се реализира во периодот од 10.30 – 15.30 часот на паркинг просторот пред главниот влез на Амбасадата на САД во Скопје. ..повеќе.

» Изјава од Амбасадата на Соединетите Држави во врска со Енциклопедијата издадена од МАНУ

29 септември 2009

“Фокусот на американските напори во Република Македонија е да го охрабри и поддржи развојот на една успешна земја која има за цел да стане членка на Евро-Атланската заедница. Објавувањето на Енциклопедијата на МАНУ поттикна неколку реакции, вклучувајќи една и од нас, во врска со погрешни, навредливи, или на некој друг начин проблематични делови од текстот. Македонија е мултиетничка држава, и ние ги охрабруваме граѓаните, политичарите и медиумите кои одговараат на контроверзните делови кои произлегуваат од недостатоците на оваа публикација, да се фокусираат на долгорочните цели на Македонија.“

» Изјава за медиумите во врска со несреќата во Охрид

5 септември 2009

Амбасадата на САД во Скопје и Амбасадата на САД во Софија изразуваат жалење поради трагичната загуба на животи во несреќата што се случи денес при потонување на брод во Охридското езеро. Би сакале да изразиме искрено сочуство до семејствата на загинатите.

» Посета на амбасадорот Филип Рикер на општина Чаир и општина Сарај

На 10 септември, амбасадорот Рикер ќе ги посети општина Чаир и општината Сарај , со цел да оствари средба со градоначалникот и поранешните кандидати за градоначалник, како што вети за време на изборната кампања во почетокот на годинава.

Амбасадорот Рикер ќе биде достапен за медиумите во следниов период:
- 14:30-14:40, Општина Чаир кратко појавување на амбасадорот Рикер, градоначалникот и поранешните кандидатите за градоначалник.
- 15:35-15:45 Општина Сарај кратко појавување на амбасадорот Рикер, градоначалникот и поранешните кандидатите за градоначалник.

Сите медиуми се поканети да присуствуваат на настаните наведени погоре. За повеќе информации обратете се до Мустафа Ферати, на 070 343 304.

» Посета на амбасадорот Филип Рикер на општина Шуто Оризари

На 17 август, амбасадорот Рикер ќе ја посети општина Шуто Оризари, со цел да оствари средба со градоначалникот и поранешните кандидати за градоначалник, како што вети за време на изборната кампања во почетокот на годинава. Амбасадорот исто така ќе ги посети и просториите на проектот за ИТ софтвер и софтвер за финансиски менаџмент, финансиран од УСАИД.
Амбасадорот Рикер ќе биде достапен за медиумите во следниов период:
- 13.15 - 13.20, прошетка на амбасадорот Рикер низ општината Шуто Оризари, и посета на просториите на проектот за ИТ софтвер и софтвер за финансиски менаџмент, финансиран од УСАИД (можност за фотографирање);
- 14:30, кратко појавување на амбасадорот Рикер, градоначалникот и porane{nite кандидатите за градоначалник.

Сите медиуми се поканети да присуствуваат на настаните наведени погоре. За повеќе информации обратете се до Нидија Чилиманова, на 070 350 196.

» Заменикот државен секретар на САД Џејмс Б. Стајнберг во посета на Македонија

15 мај 2009

Заменикот државен секретар Џејмс Б. Стајнберг ќе ја посети Македонија на 16 мај 2009. Ова е негова прва посета на земјава од неговото назначување во јануари 2009. За време на посетата заменикот државен секретар Стајнберг, придружуван од амбасадорот Рикер, ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски и со претставници на политички партии. Со нив тој ќе разговара за состојбите на домашната и меѓународната политичка сцена, вклучувајќи ги билатералните односи помеѓу САД и Република Македонија, регионалната стабилност и процесот на интегрирање на Република Македонија во евро-атлантските структури. Во 17 часот, после средбата со премиерот Груевски во Владата, Стајнберг ќе даде кратка изјава и ќе одговара на новинарски прашања.

» Амбасадата на САД ги кани сите граѓани на Македонија да бидат дел од настанот “Напред розово: Чекори против ракот на дојка” за собирање средства

15 мај 2009

Амбасадата на САД, во соработка со невладините организации БОРКА и Интегритет Алфа-Омега, ги кани сите граѓани да бидат дел од прошетката против ракот на дојка во градскиот парк, во недела, на 17 мај, со почеток од 11:00 часот. Настанот ќе почне на “школка” и ќе заврши на истото место со концерт на познати музичари, меѓу кои се Кристина Арнаудова, Дани и Бени Шаќири. Собраните средства ќе бидат наменети за подобрување на условите во центарот за хемотерапија за жените со рак на дојка при Клиниката за онкологија во Државна болница. Овој проект е дел од спогодбата за стратешко партнерство помеѓу Македонија и САД. Напред розово! Меѓу спонзорите на настанот се АВОН, Добра Вода, Алкалоид, Агенцијата за млади и спорт, и повеќето медиуми. Повеќе информации за настанот, но и за да донирате, ве молиме посетете ја веб страната на Борка.

» Прес конференција за промоција на кампањата Напред розово! Пешачете во борбата против ракот на дојката

14 мај 2009

Денес, 14 мај 2009 во 12 часот , во кафе барот АБЦ, кој е лоциран спротив стариот објект на Амбасадата на САД , ќе се одржи прес конференција за промоција на кампањата “Напред розово! Пешачете во борбата против ракот на дојката”, организирана од страна на Амбасадата на САД, во соработка со локалните партнери БОРКА, Интегрити Алфа Омега, Авон, Министерство за здравство и Агенција за млади и спорт.

Г-ѓа Солве Рикер, амбасадорот Ненси Г. Бринкер, основачот на Сузан Г. Комен за излекување, Биба Додева, Управителот на Борка, Дана Стојков од Авон и Брајан Ричардс од Интегрити Алфа Омега, ќе бидат на располагање да одговорат на прашања од медиумите во врска со кампањата “Напред розово”. За повеќе информации за маршот кој ќе се одржи овој викенд, посетете ја веб страната на Борка, за повеќе информации за фондацијата Комен и за работата на амбасадорот Бринкер, ве молиме да ја посетите веб страницата на Комен.

» Владата на САД донира специјализирана опрема на Република Македонија

12 мај 2009

Во името на Владата на САД, амбасадорот Филип Рикер на Министерството за внатрешни работи/Секторот за гранични работи и за финансии/Царинската управа ќе им предаде опрема што се состои од термални камери со долг опсег, разнолика опрема за попречување нодозволени активности на границите и различна компутерска опрема вредна над 500.000,00 американски долари. Церемонијата ќе се одржи во 1300 часот на 13 мај 2009 година во хотелот Александар Палас во Скопје. Македонскиот министер за внатрешни работи Јанкуловска, директорот на Бирото за јавна безбедност Тодоровски, помошник директорот Кочовски, министерот за финансии Славевски и директорот на Царинската управа Каргов, како и останати високи претставници ќе присуствуваат на настанот што ќе биде поддржан со приказ на дел од специјализираната опрема, која ќе биде донирана од страна на Владата на САД.

» ИЗЈАВА НА РОБЕРТ А. ВУД, в.д. ПОРТПАРОЛ
Претседателски и локални избори во Македонија 

8 април 2009

Соединетите Држави му честитаат на новоизбраниот претседател Ѓорге Иванов. Соединетите Држави ќе соработуваат со новоизбраниот претседател Иванов и неговата екипа околу значајни прашања кои и претстојат на Македонија и регионот. И честитаме и на Република Македонија за спроведувањето на мирни и демократски претседателски и локални избори, кои завршија на 5 април.

» Изјава на Амбасадата на САД за претседателските и локалните избори во Република Македонија

7 април 2009

Соединетите Држави им честитаат на луѓето во Македонија за вториот круг на претседателски и локални избори одржани во земјата на 5 април. Граѓаните на Република Македонија, заедно со властите во државата заслужуваат пофалба затоа што спроведоа успешни избори...повеќе.
- Тука може да го погледнете видео записот (големина 1.25 МБ) на А1 ТВ.

» САД и честита на Македонија за успешно спроведениот прв круг претседателски и локални избори одржани на 22 март
Конференција за печат на Стејт Департментот на САД

23 март 2009 / Роберт А. Вуд, заменик потпарол

Г-дин Вуд: “Соединетите Американски Држави и честитаа на Македонија и на нејзините граѓани за успешно спроведениот прв круг на претседателски и локални избори одржани во текот на вчерашниот ден, кои генерално се одвиваа мирно и без насилство.”…повеќе.

» Изјава на амбасадорот Рикер по прес конференцијата за изборниот мониторинг на ОБСЕ/ОДИХР

22 март 2009

Амабсадорот Рикер: “Соединетите Држави се многу задоволни што изборите во Македонија поминаа добро вчера за време на првиот круг на овие многу важни претседателси и локални избори.”...повеќе.

» Време е да покажете брилијантност
Филип Рикер, амбасадор на САД 

20 март 2009

Како што Република Македонија се подготвува за претстојните избори, го охрабрувам секој нејзин граѓанин да го искористи своето демократско право да помогне во изборот на идниот курс на вашата земја...повеќе.

» Изјава од Амбасадата на САД

30 јануари 2009

Амбасадата на САД им честита на граѓаните на Република Македонија за отворањето на меморијалниот дом во чест на Мајка Тереза. Таа претставува пример за сите нас и за тоа што се една личност може да постигне кога го посветува целиот свој живот на потребите на другите. Ова е голем ден за сите граѓани на Република Македонија , а особено е значаен за етничките Албанци кои претставуваат важен дел од силата и богатството на оваа земја. Колку повеќе Македонија го признава и го прифаќа своето мултиетничко наследство, толку повеќе таа ќе има успех да обезбеди најдобра можна иднина за своите граѓани. Ние во Соединетите Држави се гордееме со нашето многу разнобразно наследство и затоа, особено задоволство е да се види овој прекрасен меморијален дом.

» ЗАЕДНИЧКО СООПШТЕНИЕ

23 јануари 2009

Средбата што на 23 јануари ја одржаа лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и лидерот на ДПА, Мендух Тачи, за да потврдат уште еднаш колку е важно да има фер и демократски натпревар на претстојните избори, демонстрираше лидерство, комуникација и соработка, што е за пофалба.  Им честитаме и на двајцата лидери што со време презедоа неопходни чекори за да им се обезбеди на граѓаните на оваа земја да можат да го изберат својот иден преседател и локалните лидери во најдобра можна атмосфера, во која нема да има насилство и застрашување.  Би сакале да ги охрабриме сите партии да се ангажираат во редовен дијалог и да соработуваат за време на изборниот процес за да гарантираат дека тој процес ќе ги задоволи меѓународните стандарди. 

back to top ^

Page Tools:

Printer_icon.gif Print this article

- - Претходни Изјави за Медиумите - -
- Изјави за Медиумите 2008
- Изјави за Медиумите 2007
- Изјави за Медиумите 2006 



 

    Овој веб портал е изготвен и ажуриран од Стејт Департментот на САД.
    Поставувањето на надворешни линкови до останати веб портали не трeбa да се протолкува како наша поддршка на мислењата или ставовите содржани во нив.


Ambasad na Soedinetite Amerikanski Dr@avi