Соопштение За Печат
Конгресна делегација на САД во посета на Македонија
20 ноември 2006 година.
Денеска во Македонија пристигна делегација на Комисијата на Претставничкиот дом на САД за помош на демократијата, предводена од претседавачот Дејвид Дрејер (David Dreier) од Калифорнија, член на Републиканската партија, и високиот претставник Дејвид Прајс (David Price) од Северна Каролина, член на Демократската партија, во рамките на тридневната програма со Републичкото Собрание. Комисијата има за задача да ги зајакнува демократските институции на тој начин што им помага на парламентите во транзициските демократии. Главна задача на Комисијата е да обезбеди техничка експертиза за зголемување на одговорноста, транспарентноста и на независноста на судството, како и увид на владата во работата на парламентите во други земји.
„Привилегиран сум што можам да работам со мои колеги во македонскиот Парламент, со кои разменуваме искуства од работењето во областа на законодавството и работиме на зајакнување на законодавствата во нашите две земји“, изјави Дрејер. „Зајакнувањето на демократските институции во целиот свет претставува врвен приоритет на Претставничкиот дом на САД, така што се радувам на континуираното партнерство со македонскиот Парламент.“ Прајс додаде, “Со нетрпение очекуваме да учиме од искуствата на нашите колеги во македонскиот Парламент и се надеваме дека меѓу нашите две институции ќе изградиме долготрајни врски што нераскинливо ќе ја зацврстат врската меѓу нашите две држави“. Во текот на својот престој во Македонија, делегацијата ќе спроведе програми за зајакнување на парламентарниот систем преку теми како што се односи со гласачкото тело, правила и процедура на работа на Парламентот, превиди на комитетите и примена на информативната технологија (IT) во законодавниот процес.
Свечена церемонија по повод донацијата на компјутерска опрема
22 ноември 2006 г.
 |
Претставникот Дрејер и претседателот на Собранието Георгиевски ја откриваат комеморативната плоча (фотографски албум) |
Претставникот Дрејер: Ви благодарам. Добро утро. Очигледно е дека е постигнат голем придонес во двете насоки, па јас би сакал на почетокот да му се заблагодарам на Александар Македонски; очигледно, тоа е дамнешна историја. По средбите што ги остваривме во овие неколку дена, би сакал да кажам едно големо „благодарам“ за инспирацијата што ја добивме од храбрите, динамични и силни чекори што ги презема народот на Македонија на својот пат кон демократијата. Во име на мојот колега, господин Прајс, и на моите колеги госпоѓа Капс и господин Помрој, јас сум исклучително задоволен и ја сметам за привилегија можноста да ја реализираме нашата донација на овој компјутерски сервер, којашто претставува мал но опиплив показател за улогата на XXI век во градењето на демократијата. Се радуваме што оваа компјутерска опрема ќе биде ставена во служба на континуираниот дијалог меѓу САД и народот на Македонија
# # #