Article
Амбасадор на САД ги поздравува регионалните учесници на Алумни Конференцијата23 март 2007
 |  |
Амбасадор Миловановиќ со учесниците на отворањето на првата регионална Фулбрајт Алумни конференција (голема фотографија) | Учесници на конференцијата во Мустафа Паша Џамијата, (голема фотографија) |
Амбасадорот Миловановиќ ја отвори првата регионална Фулбрајт Алумни конференција “Стратегии кои го приближуваат Балканот до ЕУ”, организирана од страна на
Македонско-Американската Алумни Асоцијација (МААА). Потпомогната од Амбасадата на САД во Скопје, конференцијата ги зближи учесниците од Македонија и регионот, како и од подалечната Унгарија и Полска, и сите заедно беа придружувани од Американските Фулбрајт професори кои работат во Македонија во моментов. Дводневната конференција обезбеди огромна можност за поврзување и размена на идеи и перспективи на различни теми од взаемен интерес.
Клучни предавачи беа Др. Трајко Славески, Министер за финансии; Др. Вера Лалчевска од Кабинетот на Премиерот; Др. Матјаз Нахтигал, поранешен советник на Претседателот на Словенија; и Др. Станислав Пиѓон од Полска, сегашен консултант во Министерството за економија, во одделот за странски инвестиции. Учесниците прикажаа голем спектрум на специјализирани познаванја од разни области, а сепак останаа фокусирани на заедничката тема и начините за продлабочување на соработката во иднина.