Информации поврзани со Македонскиот Изборен Процес 2008
»
Изјава од амбасадорот на САД за изборното прегласување на 15 јуни
16 јуни 2008
Забележуваме дека прегласувањето на 15 јуни на предвремените парламентарни избори беше спроведено значително подобро во однос на изборите од 1 јуни. Одлуката во целост да се прегласува во оние избирачки места каде изборите на 1 јуни беа одбележани со измама, застрашување и/или насилство, заедно со забележливо подобрената безбедносна атмосфера, им пружија на гласачите можност слободно да ја изразат својата демократска волја...повеќе.
» Изјава за изборното прегласување Од специјалниот претставник на ЕУ и шеф на делегацијата на Европската комисија и амбасадорот на САД
13 јуни 2008
Денес се сретнавме со Али Ахмети и Мендух Тачи да разговараме за престојните изборни прегласувања на 15-ти јуни. Нагласивме дека во недела е нивна шанса, и шанса на нивните поддржувачи, да ја поправат штетата направена во првиот круг на изборите и да придонесат кон способноста на државава да докаже дека таа може да спроведе избори кои ги задоволуваат меѓународните стандарди...повеќе.
» Изјава од Амбасадата на САД во врска со изборното прегласување
12 јуни 2008
Во недела на 15 јуни, Македонија има уште една шанса да покаже дека може да одржи избори според меѓународните стандарди. Владата на САД сака Македонија да успее да одржи слободни, праведни и мирни прегласувања, кои што ќе и помогнат на земјата да го продолжи прогресот кон членство во НАТО и ЕУ...повеќе.
» Изјава од Амбасадата на САД за парламентарните избори во Македонија
2 јуни 2008
Амбасадата на САД изразува длабока загриженост поради сериозните недостатоци кои ги согледаа домашните и странски набљудувачи за време на вчерашните избори, а што се рефлектираше во извештајот на ОДИХР од 2 јуни. Особено сме разочарани од високото ниво на насилство – кое резултираше во еден загинат и неколкумина повредени – како и заплашување на гласачи, службени лица на избирачките места и акредитирани набљудувачи, од страна на вооружени групи поврзани со поголемите етнички албански партии...повеќе.
» Во недела на 15 јуни, Македонија има уште една шанса да покаже дека може да одржи избори според меѓународните стандарди. Владата на САД сака Македонија да успее да одржи слободни, праведни и мирни прегласувања, кои што ќе и помогнат на земјата да го продолжи прогресот кон членство во НАТО и ЕУ....» Амбасадата на САД изразува длабока загриженост поради сериозните недостатоци кои ги согледаа домашните и странски набљудувачи за време на вчерашните избори, а што се рефлектираше во извештајот на ОДИХР од 2 јуни. Особено сме разочарани од високото ниво на насилство – кое резултираше во еден загинат и неколкумина повредени – како и заплашување на гласачи, службени лица на избирачките места и акредитирани набљудувачи, од страна на вооружени групи поврзани со поголемите етнички албански партии....
» ЕУ и САД повикуваат на слободни и фер избори на 1 јуни
31 мај 2008
ЕУ и Соединетите Држави повикуваат на слободни и фер избори на 1 јуни - слободни од застрашувања и спроведени во согласност со меѓународните стандарди. Ги повикуваме сите граѓани со право на глас да ја зајакнат демократијата во Македонија и да помогнат во градењето на иднината на земјата, така што ќе го применат ова свое право на 1 јуни. Секој квалификуван гласач има право на „еден глас, едно гласачко ливче.“ Гласање за друг, семејно гласање, како и други злоупотреби на ова право не можат и не смеат да бидат толерирани...повеќе.
» Амбасадата на САД ја осудува кражбата на опрема за преност на ТВ програма
27 мај 2008
Се придружуваме на другите членови на мeѓународната заедница и силно ја осудуваме кражбата на репетиторите на телевизиите Алсат М и АРТ. Тајмингот на овој нечуен криминал може единствено да се протолкува како обид да се замолчи значаен глас во медиумите во еден критичен период и да им се ускратат на граѓаните на Република Македонија информации околу претстојните избори. Властите мора да делуваат брзо и решително за да го истражат овој криминал и да ги гонат одговорните.
»
Изјава од Амбасадата на САД во врска со обидите со кои сака се сугерира дека САД фаворизираат или поддржуваат некоја партија или коалиција 19 мај 2008
Сите обиди со кои сака да се сугерира дека Соединетите Држави фаворизираат или поддржуваат некоја партија или коалиција не се добредојдени и сосема се неточни. Соединетите Држави не ги повикуваат граѓаните да гласаат за одредени кандидати или за партии. Како што изјавивме неодамна, било кои државјани на САД кои можеби помагаат на некоја партија или на кандидат за време на овие избори, го прават тоа од свое име без било каква поврзаност или посебен пристап до Владата на Соединетите Држави...повеќе.
» Изјава од Амбасадата на САД во врска со вчерашните настани
13 мај 2008
Сите граѓани на Република Македонија мора да бидат слободни да учествуваат во изборниот процес без притоа да бидат застрашувани или подложени на притисок. Вчерашното шокантно пукање за време на партискиот митинг на Демократската партија за интеграција, во комбинација со гранатирањата на штабовите на ДУИ, како и серија на други насилни дејствија, сериозно го загрозуваат фундаменталното демократско право. Властите во Македонија мора да ги бранат правата на своите граѓани и да обезбедат владеење на правото, и тоа итно, постојано и транспарентно. Било која политичка партија што ги застрашува кандидатите и гласачите не заслужува поддршка. Како пријател и партнер, Амбасадата на Соединетите Држави е длабоко загрижена околу моменталната изборна атмосфера во Македонија.
» Изјава од Амбасадата на САД за неодамнешните изборни инциденти
12 мај 2008
Од витално значење за иднината на Македонија е да се спроведат успешни избори. Амбасадата на САД ги осудува насилните настани што го поматија почетокот на изборната кампања во Македонија овој викенд. Во демократскиот процес нема место за насилство и застрашување. Им препорачуваме на властите во Македонија да ги истражат овие инциденти и кривично да ги гонат извршителите согласно законот. Ги повикуваме лидерите на политичките партии да ги испочитуваат заложбите што ги направија при потпишувањето на Кодексот за одржување на слободни и фер избори и да покажат, преку конструктивна акција, дека се целосно посветени да обесбедат слободни, фер и мирни избори во Македонија.
» Изјава од Амбасадата на САД за изборната кампања
9 мај 2008
Соединетите Држави веруваат дека од суштинско значење за иднината на Македонија е да спроведе коректен изборен процес. Како што државниот секретар Рајс и министерот Милошоски забележаа во нашата заедничка Декларација од 7 мај „ Македонија како демократска, безбедна и просперитетна земја, со пријателски и конструктивни односи со своите соседи, и како активен учесник во регионалните и меѓународните економски, политички и безбедносни форуми, е витална за мирот и стабилноста во Југоисточна Европа.“...повеќе.
» САД подржуваат фер изборен процес и се неутрални околу кандидатите
17 април 2008
Во врска со неодамнешните извештаи во некои медиуми дека одредени политички партии во Република Македонија ангажирале „експерти од САД“ да им помогнат околу изборните кампањи, Амбасадата на САД би сакала да појасни дека, доколку политичките партии ангажирале „експерти од САД,“ тие всушност ангажирале приватни американски граѓани кои работат како консултанти. Владата на Соединетите Држави не поддржува или одобрува ниту една политичка партија или кандидат посебно. Официјална експертиза од Владата на САД е возможна само врз не-ексклузивна и не-партиска основа. Оттука, „експерти од САД“ кои евентуално се инволвирани во кампања, не ја претставуваат ниту Владата на САД, ниту некое официјално државно тело.
» Заедничка изјава на специјалниот претставник на ЕУ и шеф на Делегацијата на ЕК, Ерван Фуере, шефот на Мисијата на ОБСЕ, амбасадор Џорџо Радикати и амбасадорот на Соединетите Држави, Џилијан Миловановиќ
16 April, 2008
Ги повикуваме сите партии да обезбедат слободни, фер и мирни избори, и на тој начин да ја изразат својата посветеност кон евро-атлантските вредности.
Спроведувањето на изборната кампања и на самите избори ќе биде можност за оваа земја целосно да ја покаже зрелоста на своите демократски институции...повеќе.