Доделуваље на Ордени за Служба во Операцијата Слобода за Ирак
Говор на Амбасадорот Џилијан Миловановиќ
Министре Еленовски, Генерале Стојановски, почитувани гости, членови на семејствата, и припадници на Македонските контингенти што учествуваа во Операцијата Слобода за Ирак минатата година.
Најнапред, во име на Соединетите Американски Држави би сакала да ви се заблагодарам за вашата служба, вашиот професионализам, вашата посветеност и вашите постигнувања. Вашата спремност доброволно да се пријавите за опасни должности во одбрана на нашите заеднички вредности е тоа што ја прави Република Македонија ценет сојузник во коалицијата што се залага за подршка на слободен и демократски Ирак.
Македонија е наш пријател и партнер од раните денови на реконструкцијата на Ирак. Македонските војници постојано покажуваат храброст и професионализам. Вашата асистенција и партнерство ја илустрираат со човечко изразување, брзата транзиција на Македонија од “корисник на безбедност” во “произведувач на безбедност”. Вашето извршување на должностите во Ирак го рефлектираат значајниот прогрес на Македонските вооружени во исполнување на НАТО и други меѓународни стандарди.
Задоволство ми е денес да им оддадам признание на војниците од последната ротација, кои само што се вратија од Ирак и исто така да им ги доделам заслужените медали на тие што се вратија минатото лето. Секој од вас восхитувачки служеше под тешки околнисти.
Укажувајќи признание на нивната посветеност и професионализам, чест ми е да им ги врачам одликувањата на војниците од 6тиот контингент кои се вратија дома минатото лето. Меѓу тие на кои им се укажува чест денес, се наоѓа еден војник кој ќе се здобие со Бронзена Ѕвезда, четвртото највисоко одликување за борбена храброст што се доделува од страна на Соединетите Американски Држави.
Секој од денешните добитници на одликување го илустрира професионализмот и посветеноста на Македонските вооружени сили. Го поздравувам вашето чувство кон должноста и честа. Исто така, најискрено им се заблагодарувам на семејствата на тие што служеа или се уште служат во Ирак или некаде на друго место во Глобалната борба против тероризмот. Без вашата подршка, охрабрување и спремноста за пожртвување, овие војници не би можеле да го прават она што го прават. Нивниот успех награден денес, е и ваш успех. Ви благодарам и ви честитам на сите.