Говор на Амбасадорот Џилијан Миловановиќ
Петто Доделување на годишната награда на Меѓународниот месец на историјата на жената.
Резиденција на амбасадорот
четврток, март 29, 2007г. (17:00-18:30)
Добро вечер и добредојдовте,
Мене и на мојот сопруг ни претставува голема привилегија да го одбележиме Месецот на историјата на жената. Попладнево Американската амбасада ќе оддаде признание на осум жени за нивните извонредни достигнувања и посветеност на нивните полиња на работа, на нивната земја, и на целите и идеалите што сите ние ги споделуваме. Исто така со задоволство повторно им посакуваме добредојде на многу од жените кои ги добиле наградите во минатото при одбележувањето на Месецот на историјата на жената.
Оваа година се одбележува 20-ет годишнината од Резолуцијата на Конгресот и Прогласот на Претседателот со кои месец март е прогласен за Национален Месец на историјата на жената во САД. Секако дека го почитуваме значењето на Меѓународниот ден на жената што се прославува овде во Македонија на 8ми март, и ја користиме можноста заедно со вас да ги прославиме лидерството И успехот на македонската жена.
И додека овој месец одвојуваме време да се навратиме на суштинскиот придонес што го имаат дадено жените, време е да се потсетиме на напорите и жртвите на оние пред нас. Без нив, жени - исто така и мажи, ќе се соочувавме со многу повеќе предизвици денес. Велам мажи исто така бидејќи напредокот за и од жените е придонес кон напредокот на општествотот како целина.
За време на мојот престој во Македонија имав привилегија да запознаам и учам од талентирани жени лидери во разни области, вклучувајќи бизнис, политика, право, високошколско образование, медицина и уметност. Значајноста во вклучување на жените со низа способности и вештини во се што работат е интегрален дел во развојот на едно продуктивно и живо општество.
Темата за Месец на историја на жената 2007 во САД ˝Генерации на жени кои ја движат историјата напред˝ ја прославува мудроста и истрајноста на претходните генерации на жени, И ја признава моќта на генерациите кои работат взаемно. Јас сакам да ги охрабрам денешните лидери и професионалци кои доаѓаат да бидат свесни за младата генерација, и да придонесат во нивниот развој со свој личен пример. Храброста И кретаивноста демонстрирани од жени лидери денес ќе има позитивен ефект врз општеството во целост и на лидерите на утрешнината.
Државниот Секретар Кондолиза Рајс неодамна изјави дека работата и способноста на жените бара посветеност, приврзаност и желба. Жените кои ги признаваме денес ги покажуваат овие вредности во нивните области на работа. Тие постигнуваат значајни резултати во нивните средини, развој на бизнис, право, наука или во хуманитарни сфери.
Во нашата Амбасада ние сериозно ја сфаќаме обврската да ги поддржуваме демократските принципи за промовирање на еднакви права, еднакви можности, и за унапредување на жените. Нашите приоритети подразбираат да помагаме во борбата против трговијата со луѓе, во промовирањето на можности преку обуки за претприемништво и конкурентност; во поддршката за зголемување на свеста за едукацијата; во охрабрувањето на жените да се вклучат во политичкиот процес; како и во градењето на капацитетот на невладините опрганизации со цел да се зацврсти нивното целосно учество во цивилното општество.
Иако поддршката на Владата во остварувањето на овие цели е неопходна и корисна, ништо не може да ја замени промената што може да се постигне преку храброста, работливоста и посветеноста на мажите и на жените што секојдневно ја демонстрираат.
Осумте жени кои се наградени денес, се со различно потекло различни се и по нивните полиња на интерес, и нивните достигнувања. Но тоа што го имаат заедничко е лидерството, способноста и визионерстово. Преку нивните достигнувања, овие осум жени им помагаат не само на луѓето со кои работат секојдневно туку тие исто така ги унапредуваат женските права и можности во Македонија. Јас знам дека тие ќе продолжат успешно да работат и во иднина.
Сега имам чест да им поделам сертификати на нашите добитнички со кои ги означивме важните придонеси во нивните професии како и придонесите за жените во Република Македонија.