Мисија на Амбасадата
Амбасадата на САД во Скопје работи со цел да ги унапреди билатералните односи со владата и народот на Македонија, вклучувајќи надворешни работи, бизнис, граѓанско општество, образование и други области за промоција на прашања од заеднички интерес.
Со 70 Американци и речиси 240 локално ангажирани вработени, а под раководство на Амбасадорот, мисијата:
- Ја објаснува и поддржува позицијата на владата на САД за повеќе билатерални, регионални и глобални политички, економски, социјални прашања, како и прашања од областа на животната средина;
Ги поддржува напорите на Македонија да развие здрава економија, која создава нови работни места, со континуиран раст на бруто националниот приход;
Ги засилува судските капацитети и оние за спроведување на законите во Македонија, особено за борба против корупцијата, трговија со луѓе и организиран криминал;
Поддржува демократски институции и целосна имплементација на Охридскиот рамковен договор од 2001 година, на писмено и суштински;
Ги засилува блиските врски со Македонија како модел сојузник во регионот и како непроцелнив придонесувач во глобалната војна против теророт; и
Го промовира разбирањето на општеството и вредностите во САД за да осигура дека идните генерации делат заеднички интереси и цели.
Соединетите Американски Држави ги поддржуваат аспирациите на Македонија за членство во НАТО и ЕУ и активно ја охрабруваат владата да ги имплементира реформите потребни да се задоволат Евро-Атланските институционални стандарди. Со конечното целосно имплементирање на Охридскиот рамковен договор; очигледен напредок во судските реформи и во борбата против организираниот криминал, корупција и трговија со луѓе; и консолидацијата на демократските принципи и пракса во Парламентот, владините институции и граѓанското општество, веруваме дека ќе се достигне потенцијалот на Македонија да ги привлече странските и домашни инвестиции неопходни за да се забрза економскиот раст, што ќе доведе до побогата иднина, која повеќе ќе придонесува, за сите граѓани на Македонија..