jump over navigation bar
Embassy SealStejt Departmentot
Ambasada na Soedinetite Amerikanski Dr`avi, Skopje, Makedonija flag graphic
Програми, Настани и Информации
 
  Мисија на Амбасадата Клучни офицери во Амбасадата Теми од Интерес Изјави за Медиумите Годишни Извештаи Ресорсен Центар на Информации Американски катчиња во Македонија Студентска Размена Програма за мали грантови Архива

Свечено пуштање во употреба на судницата

Амбасадорката на САД Миловановиќ и специјалниот претставник на ЕУ, амбасадорот Ерван Фуере, свечено ја пуштија во употреба модерната судница   
3 ноември 2006 година

Од лево: Амбасадорката Миловановиќ, Дане Илиев, претседател на Врховен суд, Амбасадорот за
Евроинтеграции Фуере, Џозеф Трафиканти, шеф на
проектот на USAID за модернизација на судовите
(голема фотографија)
Од лево: претседавачка судијка Добрила Кацарска, Амбасадорката Миловановиќ, претседателот на
Врховен Суд Дане Илиев (голема фотографија)

 
Камен-темелник на секое демократско општество во кое владее правото е цврст, независен судски систем. Објектите што на судските органи им овозможуваат да работат во безбедно и професионално опкружување помагаат да се зајакнат капацитетите на судството за да може тоа поефикасно да се бори во случаите на организиран криминал и корупција. Оваа модерна судница, прва од ваков вид во Македонија ги исполнува меѓународните технички и безбедносни стандарди; благодарение на неа судовите со сигурност ќе бидат во можност ефикасно да ги водат случаите на организиран криминал и корупција.
Овој проект за реновирање на судовите претставува и силен израз на цврстата соработка меѓу македонското судство, САД и Европската Унија во време кога Македонија се стреми да ги зајакне своите капацитети за борба против организираниот криминал и корупцијата.
 
Со гордост можам да кажам дека народот на САД, преку Агенцијата на САД за меѓународен развој, помогна во остварувањето на ова реновирање. Проектот за модернизација на судовите е само еден мал дел од 450-те милиони долари што американските граѓани ги инвестираат во иднината на Македонија. 
За да бидат ефикасни, судовите во Македонија мораат да бидат фер и транспарентни. Тие мораат да работат за доброто на сите граѓани на Македонија.
Сите лица што се вработени во судовите играат клучна улога во спроведувањето на правдата. Судиите и обвинителите мораат да бидат етични и ефикасни во имплементирањето на законите во државата. Административните работници и другиот помошен персонал мораат да им пружат подеднакво ефикасна и прецизна услуга и на судиите и обвинителите, и на јавноста. 

Во секоја држава законите што ќе се усвојат мора да се применуваат со намера да се спроведе владеење на правото и заради негова фактичка реализација во практиката. Реформите не смеат да останат само на хартија. Исто така, не смеат да се применуваат само на збор, а да се игнорира нивната суштина и духот. Мора да се имплементираат чесно и целосно, со цел да се зајакнуваат демократските институции, да се привлечат инвестиции и да се промовира развојот на пазарната економија.

Ние му оддаваме признание на напредокот што сте го оствариле - за што, повторно, сведочи оваа модерна судница - и апелираме до вас да продолжите да работите за доброто на сите граѓани на Македонија. Со задоволство очекуваме натамошна континуирана соработка.

Исто така, би сакала да им оддадам признание и на вработените во Проектот на USAID за модернизирање на судовите, кои помогнаа во остварувањето на овој денешен настан. Сите ние во Амбасадата сме ви благодарни за заложбите. 
За крај, дозволете ми да им оддадам признание за лидерството и поддршката на претседателот на Врховниот суд Илиев, на претседавачката судијка Кацарска и на нивниот персонал во успешното остварување на овој значаен проект. Сега останува на вас целосно да го искористите.
 
Благодарам. 

back to top ^

Page Tools:

Printer_icon.gif Print this article



 

    Овој веб портал е изготвен и ажуриран од Стејт Департментот на САД.
    Поставувањето на надворешни линкови до останати веб портали не трeбa да се протолкува како наша поддршка на мислењата или ставовите содржани во нив.


Ambasad na Soedinetite Amerikanski Dr@avi