Критериуми за фотографија за неимигрантска виза
|
Фото Робот |
Фотографиите за Американска виза не се со ист квалитет или димензии како фотографиите за македонски пасош.
Следете ги долунаведените инструкции за фотографијата за американска виза:
- Сликата на секој кандидат за неимигрантска виза треба да го истакнува целото лице на кандидатот и да не биде постара од шест месеци. Кандидатот треба да гледа директно во камерата. Кандидатот не треба да гледа долу ниту на страна и лицето треба да покрива 50% од сликата. Лицето и косата на кандидатот треба да се гледаат од врвот на главата до врвот на брадата и целата коса од страните. Исто така пожелно е да се гледаат и ушите. Сликата треба да биде со димензии 50џ50мм каде главата го покрива централниот дел.
- Сликата може да биде во боја или црно бела со бела позадина. Сликата треба да се захефта или да се залепи на формуларот за неимигрантска виза ДС-156. Ако сликата е захевтана, хефталиците треба да бидат што подалеку од лицето. Сликите со темна позадина нема да бидат прифатени.
- Сликата може да ја направите во “Фото Јове” во Супермаркетот “Веро” Капиштец: Иво Лола Рибар б.76 , “Фото Бенни” во Стара Чаршија и во Профото Здравко Студио во Центар.