Изјава за медиумите
Владата на САД донира на Република Македонија специјализирана опрема за откривање радиоактивност
19 јули, 2007
На церемонија одржана на 19 јули, четврток, во Воената академија во Скопје, амбасадорот на САД, Џилијан Миловановиќ, предаде на Владата на Република Македонија, специјализирана опрема за откривање и мерење на радиоактивност. Министерот за одбрана, Лазар Еленовски, министерот за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и други официјални лица беа присутни на церемонијата. Донацијата, во вредност од речиси УСД 300.000,00 беше овозможена преку Меѓународната програма за борба против пролиферација од Министерството за одбрана на САД.
Церемонијата на донација беше одржана на крајот од тридневната програма за обука, насловена “Откривање на радиоактивност и давање соодветен одговор”, организирана од страна на Канцеларијата за контрола на извозот и гранична безбедност од Амбасадата на САД.
Оваа обука и опрема се инвестиција во иднината на Република Македонија и во целиот регион. Со зголемување на капацитетот за борба против заканата што ја претставува протокот на оружјето за масовно уништување и слични материи и технологии преку меѓународните граници, оваа опрема ја зајакнува способноста на Македонија да ги одржува своите граници безбедни и сигурни.