jump over navigation bar
Embassy SealStejt Departmentot
Ambasada na Soedinetite Amerikanski Dr`avi, Skopje, Makedonija flag graphic
Програми, Настани и Информации
 
  Мисија на Амбасадата Клучни офицери во Амбасадата Теми од Интерес Изјави за Медиумите Годишни Извештаи Ресорсен Центар на Информации Американски катчиња во Македонија Студентска Размена Програма за мали грантови Архива

Теми од Интерес


Амбасадорот Рикер во обиколка на црквата Перивлепта со Претседателот Иванов, Министерот за култура Канческа-Милевска и Директорот на Управата за зачувување на културното наследство Паско Кузнам.
Амбасадорот Рикер во обиколка на
црквата Перивлепта со Претседателот
Иванов, Министерот за култура
Канческа-Милевска и Директорот на 
Управата за зачувување на културното
наследство Паско Кузнам.  (ГФ)
- МТВ 1 (големина 4.21 МБ)
А1 ТВ (големина 3.06 МБ) -
Амбасадорски фонд за културна заштита: Зачувување на црквата Пресвета Богородица "Перивлепта" во Охрид


29 октомври 2009

Амбасадорот Рикер и Министерот за култура Канческа-Милевска, потпишаа договор за зачувување и реставрација на црквата Перивлепта, нејзината архитектура и фрески. Преку грант на Амбасадорскиот фонд за културна заштита, Стејт Департментот ќе учествува со 650.000 американски долари во реставрација на црквата. Преку оваа програма се финансираат проекти за зачувување на културното наследство низ целиот свет. Амбасадата во Скопје е една од само три амбасади на САД во светот кои добија вакви награди за оваа година. Овој значаен придонес е моќен знак на нашето стратешко партнерство со Македонија и на нашите заеднички напори за зачувување на културното наследство. Претседателот Иванов му се приклучи на Амбасадорот Рикер и Министерот за култура Канческа-Милевска со свое излагање во Куќата на Робевци при потпишувањето на овој историски договор.

- За да го прочитате обраќањето на амбасадорот Рикер, кликнете овде.
- За да го погледнете видео записи од настанот на (МТВ1 - големина 4.21 МБ), и (А1 ТВ - големина 3.06 М).
- За да видите повеќе фотографии од овој настан, кликнете овде.









Амбасадорот Рикер со доброволците од Црвениот крст на град Скопје кои учеството во глобалниот ден на служење на заедниците.
Амбасадорот Рикер со доброволците од
Црвениот крст на град Скопје кои
учеството во глобалниот ден на служење
на заедниците. (ГФ). 
Видео запис од настанот изготвено од
амбасадата на САД. 
Давајќи на заедницата се сеќаваме на жртвите од 11 септември

Крводарителска акција и Собирна акција за прехрамбени продукти

На 21 октомври, Амбасадата на САД заедно со Црвениот крст на град Скопје како партнер организираа акција за дарување на крв, храна и парични средства за граѓаните на Република Македонија. Претседателот Барак Обама ги мотивираше амбасадите за ваков настан кога предложи да организираат акција каде сите луѓе, без разлика на нивната религија, етничко потекло или раса, ќе се обединат во една заедничка цел. Тој веруваше дека тоа ќе биде најдобриот начин да им се оддаде почит на жртвите во нападите од 11 септември, 2001. Резултат од овој настан е што повеќе од 100 лица доброволно дојдоа да даруваат крв. Освен тоа, Црвениот крст собра храна и парични средства што ќе им бидат поделени на најзагрозените семејства во претстојните зимски месеци. Во обраќањето до волонтерите и другите учесници, амбасадорот Рикер нагласи дека настаните како овој ни покажуваат колку сите ние навистина можеме да постигнеме кога ќе заборавиме на разликите и ќе се фокусираме на нештата што не обединуваат. Амбасадата би сакала да се заблагодари на сите што ни се приклучија во акцијата на 21 октомври и да ги охрабри оние што не можеа да дојдат, да посетат некоја од канцелариите на Црвениот крст и да дадат донација. Колективно, можеме да се справиме со секој предизвик пред нас, но секој од нас треба да даде свој придонес.

- За да го видите видео записот од овој настан изготвен од амбасадата на САД, кликнете овде
- За да го видите говорот на амбасадорот Рикер, кликнете овде, за да прочитате текст, кликнете овде.
- За да го видите краткиот видео запис за настанот од вестите на МТВ 1, кликнете овде.







Лого на Стејт департментот на САД 
Дипломатски односи помеѓу Косово и Македонија значаен чекор за регионалната стабилност


16 октомври 09

Соединетите Држави го поздравуваат воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Република Косово и Република Македонија, како и успешното завршување на демаркацијата на нивната заедничка граница. Сакаме да им оддадеме признание на раководствата во двете земји за нивната решителност во преземањето на значаен чекор напред кон Евро-атлантската интеграција преку воспоставување на добрососедски односи и зајакнување на регионалната стабилност. Исто така ја поздравуваме и Меѓународната цивилна канцеларија за клучната улога што ја имаше при посредувањето за завршување на процесот на одбележување на границата, што е значаен елемент во планот на Марти Ахтисари.







Амбасадорот Филип Т. Рикер
Амбасадорот Филип Т. Рикер

САД го поздравува потпишувањето на договорот за одбележување на границата


16 октомври 09

Амбасадата на Соединетите Држави срдечно го поздравува денешното потпишување на билатералниот договор помеѓу Република Македонија и Република Косово со што се завршува одбележувањето на границата помеѓу двете земји. Раководствата во двете земји покажаа голема решителност и направија значаен чекор напред кон обезбедувањето на регионалната стабилност. Го очекувамо брзото воспоставување на дипломатски односи помеѓу двете земји.


Овој договор, како и позитивната оценка што Македонија ја доби од Европската комисија на 14 октомври, се голем чекор напред кон зацврстувањето на Евро-атлантската иднина на земјата. Сакаме, исто така, да се заблагодариме на Меѓународната цивилна канцеларија за клучната улога што ја имаше при посредувањето за завршување на процесот на одбележување на границата.









Американско-Македонска младинска програма 
Американско-Македонска
младинска програма

Американски Совети за Меѓународно Образование со гордост објавуваат
Американско-Македонска младинска програма (ЈЕС) за размена на ученици од Македонија


ЈЕС е БЕСПЛАТНА програма за ученици од средните училишта во Македонија за престој на една школсака година во САД. Програмата е целосно финансирана од Стејт Департментот на САД. Учениците ќе живеат во Американски фамилии и ќе посетуваат американско средно училиште почнувајки од есента 2010г...повеќе.







Други наслови...

горе^
алатки на страницата:

Printer_icon.gif Испечати го текстот

- Публикации -

Електронски Изданија
Publications

Он-лајн Публикации и еДневници: Надворешна
Политика, Општество и Култура на САД
 


- Иселеничка Лотарија -

LOGO
2011 ДВ владина лотарија за иселенички визи за САД
-
Официјална веб страна за аплицирање за иселеничката ДВ владина лотарија
-
 видео-Објаснување од конзулот на САД, Лорин Меј, за ДВ владината лотарија за иселенички визи за САД.


- Посетете ги Американските Катчиња -

American Corners in Macedonia - logo

Американски катчиња во Македонија
Програмата на Американските катчиња  на светско ниво е спонзорирана од Стејт Департментот  и е партнертсво помеѓу институцијата домаќин во земјата и Американската Амбасада.

Американско катче Скопје
 Американско катче Битола 
Американско катче Тетово

Најнови активности
(Скопје | Битола | Тетово)

Годишнини
(Скопје | Битола)

Запознај те го персоналот
(Скопје | Битола | Тетово)


- Архивски Информации -

Архива 20082007 / 2006 / 2005 / 2004 / 2003




 

    Овој веб портал е изготвен и ажуриран од Стејт Департментот на САД.
    Поставувањето на надворешни линкови до останати веб портали не трeбa да се протолкува како наша поддршка на мислењата или ставовите содржани во нив.


Ambasad na Soedinetite Amerikanski Dr@avi