Изјава за Медиумите
Партнерство со Вермонт 2007
11 мај 2007
Амбасадата на САД во Скопје ја најавува посетата на Република Македонија на делегацијата на Партнерството со Вермонт 2007, од сојузната држава Вермонт. Делегацијата ќе престојува во Македонија од 14 – 16 мај во рамките на продолжувањето на долгогодишната традиција на билатерални односи помеѓу Вермонт и Република Македонија. Партнерството, што беше формирано во 1995 преку Програмата за државно партнерство на Европската команда на САД, започна првенствено како воена соработка помеѓу Армијата на Република Македонија и Националната гарда на Вермонт.
Оваа година, делегацијата ќе ја сочинуваат стопанственици, универзитетски претставници, официјални лица од владата на Вермонт, тренерот на безбол тимот на Вермонт, Lake Monsters, како и членови на Националната гарда на Вермонт. Членовите на делегацијата ќе имаат низа заеднички активности со нивните соработници во цела Македонија, вклучувајќи програми на обука за Армијата, вежби за менаџирање со кризи, промоција на
универзитетско партнерство, дискусии за економски развој, и поддршка за македонската
младинска безбол организација.
Партнерството со Вермонт е значајна форма за негување на билатералните контакти. Организирани се повеќе од 540 заеднички настани со вклучување на повеќе од 6.000 припадници на Армијата на Република Македонија. Во септември 2006, членови на Националната гарда на Вермонт, заедно со припадници на АРМ одржаа голема заедничка двонеделна вежба како поддршка на професионализацијата на македонската армија во рамките на нејзината трансформација за исполнување на стандардите на НАТО за интероперабилност. За повеќе информации, може да ја посетите веб страната
Националната гарда на Вермонт Во наредниот период се планира организирање на 18 настани во рамките на Партнерството со Вермонт.