jump over navigation bar
Embassy SealStejt Departmentot
Ambasada na Soedinetite Amerikanski Dr`avi, Skopje, Makedonija flag graphic
Програми, Настани и Информации
 
  Мисија на Амбасадата Клучни офицери во Амбасадата Теми од Интерес Изјави за Медиумите Годишни Извештаи Ресорсен Центар на Информации Американски катчиња во Македонија Студентска Размена Програма за мали грантови Архива

Изјава за медиумите

„Волците од сенка“ од САД ја обучуваат Македонската гранична полиција
 
7 мај 2007


 Specialized unit know as the “Shadow Wolves,” from Tohono O’odham Indian Reservation in Arizona

„Волците од сенка“ од САД ја обучуваат Македонската
гранична полиција, (голема фотографија).

Три претставници на Бирото за имиграција и царина на Министерството за внатрешна безбедност на САД ќе ја посетат Гевгелија од 7-11 мај 2007 за да спроведат обука за претставници на Граничната полиција на Република Македонија за методите што се користат при следење на лица осомничени за шверц и други нелегални активности во пограничните појаси.   Обуката е во рамките на поддршката што Амбасадата на САД ја дава на Република Македонија во нејзините напори да обезбеди граници на кои нема да се одвиваат нелегални движења на стоки и луѓе.
 
Трите претставници се Индијанки, кои работат во Индијанскиот резерват Тохоно Одам во Аризона.  Оваа специјална единица е позната под името „Волци од сенка“, а самите членови имаат репутација на вешти трагачи кои употребуваат техники што Индијанците ги имаат развиено за трагање по луѓе, како еден начин за спроведување на законот и обезбедување на границите. 
 

Во моментот, 13-те членови на „Волците од сенка“ доаѓаат од следните индијански племиња: Тохоно Одам, Навахо, Сиукс, Киова, Лакота, Јурок, и Блекфит.  Освен секојдневните обврски што подразбираат трагање по и апсење на шверцери со дрога во Пустината Аризона, тие имаат обучувано погранични службеници во повеќе европски и азиски земји како Казахстан, Узбекистан, Литванија, Естониа, Латвија, Молдавија и Полска.

 

back to top ^

Page Tools:

Printer_icon.gif Print this article



 

    Овој веб портал е изготвен и ажуриран од Стејт Департментот на САД.
    Поставувањето на надворешни линкови до останати веб портали не трeбa да се протолкува како наша поддршка на мислењата или ставовите содржани во нив.


Ambasad na Soedinetite Amerikanski Dr@avi