jump over navigation bar
Embassy SealStejt Departmentot
Ambasada na Soedinetite Amerikanski Dr`avi, Skopje, Makedonija flag graphic
Програми, Настани и Информации
 
  Мисија на Амбасадата Клучни офицери во Амбасадата Теми од Интерес Изјави за Медиумите Годишни Извештаи Ресорсен Центар на Информации Американски катчиња во Македонија Студентска Размена Програма за мали грантови Архива

Патот на ритамот

Американската музика во странство „ги загрева за џез“ младите во Македонија

25-30 ноември 2006 г.

Clay Ross guitar & Scott Kettner drums/percussion
Клеј Рос, гитара и Скот Кетнер, тапани/удиралки
голема фотографија

Амбасадата на САД го имаше задоволството да им биде домаќин на гитаристот Клеј Рос и на перкуционистот Скот Кетнер, кои со својата богата програма низ џезот ги ангажираа младите Македонци. Од 25 до 30 ноември, овие музичари ги посетија Скопје, Тетово и Битола, каде што во полни сали беа одржани работилници и концерти. Нивното гостување следува по претходната успешна турнеја што се одржа во февруари 2006 година.
Програмата Американската музика во странство ја спонзорира Стејт Департментот на САД, а ја координира Jazz at Lincoln Center. По успешната турнеја во февруари, Амбасадата на САД ги покани овие музичари да дојдат повторно за да одржат работилници со студенти од петте средни музички училишта во Македонија и да одржат концерти што ќе бидат отворени за публиката. Домаќини на концертите беа Porta Jazz во Битола, Art Café Мала станица во Скопје и Art Kaffe ODA во Тетово.

Македонските учениците многу активно учествуваа во работата на интерактивните работилници на Клеј Рос и Скот Кетнер, каде што учеа нови ритми и се здобија со нови сознанија за развојот на џезот како музичка форма кон која придонесле голем број различни култури. Јавните концерти ги посетија голем број ученици и тие имаа можност да слушаат блуз, блуграс и џез музика. Гостувањето на Рос и на Кетнер е во рамките на регионалната турнеја, како што беше случајот и во февруари. По Македонија, тие заминуваат за Приштина, Атина и за Истанбул.  

back to top ^

Page Tools:

Printer_icon.gif Print this article



 

    Овој веб портал е изготвен и ажуриран од Стејт Департментот на САД.
    Поставувањето на надворешни линкови до останати веб портали не трeбa да се протолкува како наша поддршка на мислењата или ставовите содржани во нив.


Ambasad na Soedinetite Amerikanski Dr@avi