Знаменитостите на ЊуЈорк - Отворање на изложбата
Говор на Амбасадорот Џилијан Миловановиќ
Музеј на современа уметност, Скопје
Среда, 17ти јануари 2007г.
19:00ч.
Дами и господа,
Ми претставува задоволство да бидам овде вечерва да ја отворам оваа изложба на 81 црно бела фотографија на историски значајни структури и градби во ЊуЈорк Сити. Оваа изложба ја одразува нашата верба во вредноста на историјата и традиција во современото општество, како и нашата посветеност на подршката на економската, социјална и културна разнообразност на градовите во кои живееме.
Јас сум родена во ЊуЈорк. Како и сите други ЊуЈорчани, на училиште научив дека Статуата на слободата, веројатно една од најпознатите знаменитости на ЊуЈорк, е подарок од Франција, и дека многумина заеднички работеле повеќе од десет години за да ја создадат Статуата, да ја пренесат преку океанот, и да ја постават онаму каде се наоѓа денес. Тука биле вклучени скулптори, инжинери, градежници, политички и деловни лидери, научници, новинари, дипломати, дури и деца. Тие потпомогнале визијата да се претвори во реалност. Без напорите на сите овие луѓе, немаше да ја има Статуата на слободата, а доколку не ја сочуваме Статуата на слободата нема да ја имаме за идните генерации.
Од Американските градови, ЊуЈор е лидер во зачувувањето на своите знаменитости. Ова изложба е осмислена да ја одбележи 40-ет годишнината на донесувањето на Законот за зачувување на знаменитостите на ЊуЈорк. Целта на овој закон е зачувување на естетски и историски значајните градби, структури, и други објекти кои ја сочинуваат панорамата на ЊуЈорк.
ЊуЈорк, покрај Вирџинија и Пенсилванија, исто така се памети како локација на терористички напади кои ги потресооа Соеднинетите Американски Држави на 11 септември 2001ва година. Како што тој ден животите на лица од повеке од 90-ет земји од светот беа бессмислено и насилно прекинати, така и други знаменитости на ЊуЈорк беа уништени - Светскиот трговски центар. Тоа беа моќни симболи на меѓународната соработка и трговија кои беа урнати на тој ден. Кога нова зграда и обележје ќе бидат подигнати на таа локација, ЊуЈорк ќе добие нови знаменитости. Тие ќе не потсетуваат на загубата што ја претрпевме на 9/11, и ќе не потсетуваат дека војната со теророт е глобална војна за која црпиме сила од партнерството со другите нации, како Македонија, низ целиот свет кои се дел од единствената заедница на споделени вредности.
За разлика од терористите, кои бараат само да уништуваат, конзерваторите одамна ја имаат разбрано вредноста на заштитата на наследството од минатото за во него да можат да уживаат и идните генерации. Како што кустосот на изложбата Барбарли Диамонштајн - Шпифогел забележа: (Зачувувањето на нашите знаменитости овозможува чувство на континуитет помеѓу минатото и сегашноста, и вреднување на достигнувањата кои надживуаат еден обичен живот.)
Таков е случајот и тука во Македонија, задоволство ми што Амбасадата имаше можност преку Фондот на амбасадорот за културна заштита да помогне во поддршката на проекти во земјава.
Без партнери ние немаше да можеме да и ја понудиме на побуликата можноста да ги види овие фотографии. Би сакале да му се заблагодариме на директорот Емил Алексиев и кустосите кои работеа на изложбата во Музејот на современа уметност во Скопје.
По прикажувањето тука во Скопје, изложбата патува во други градови на Македонија. Оди во Велес и Дебар за луѓето и таму да ја видат. Ја користам оваа прилика да им се забалгодарам на директорите г-дин Спасе Петровски од Народиот музеј во Велес и г-дин Илбер Нуредини од Центарот за култура во Дебар за нивната соработка во овој зафат.
Се надевам дека изложбата ќе побуди интерес и задоволство.
Ви благодарам и ви посакувам пријатна вечер.