jump over navigation bar
Embassy SealStejt Departmentot
Ambasada na Soedinetite Amerikanski Dr`avi, Skopje, Makedonija flag graphic
Програми, Настани и Информации
 
  Мисија на Амбасадата Клучни офицери во Амбасадата Теми од Интерес Изјави за Медиумите Годишни Извештаи Ресорсен Центар на Информации Американски катчиња во Македонија Студентска Размена Програма за мали грантови Архива

КАКО ДА ПОЧНА ДА ФУНКЦИОНИРА

Говор на Амбасадорот Џилијан Миловановиќ на Годишната Генерална Конференција на ЗЕЛС

11 декември 2006

 

Господине претседателе на ЗЕЛС градоначалнику Петров, градоначалници, почитувани колеги, дами и господа:
Како да почне да функционира децентрализацијата беше, и сè уште е еден од најкрупните предизвици во имплементирањето на Охридскиот рамковен договор. Успешната децентрализација претставува предизвик за вас како градоначалници, но и за националната влада и за сите министерства. Ни националната влада ни општините нема да можат да успеат едни без други.
 
Како да почне да функционира децентрализацијата налага меѓупартиски дискусии, соработка меѓу различни нивоа во власта и покажување волја за изнаоѓање компромис. И покрај тешкотиите и безбројните контроверзни дебати, политичките компромиси даваат резултати.
 
Децентрализацијата функционира. Кога локалните и националните власти ја оставаат настрана тесноградата трка за власт, а наместо тоа соработуваат во имплементирањето на децентрализацијата, тогаш се почитува Рамковниот договор и граѓаните имаат корист од тоа. А кога имаат корист граѓаните, тогаш има корист и секое ниво на власт што на прво место ги става потребите на граѓаните, зашто од јавноста добива сè поголема поддршка. 
Денес градоначалниците и општините - во партнерство со ZELS, USAID и со други донатори -  можат да бидат задоволни со она што досега го постигнале: новиот Систем за програмирање финансиско управување што преку поголема ефикасност на трошоците и транспарентност ја зајакнува локалната демократија;
 
Поефикасен и потранспарентен систем за издавање градежни дозволи со што се скратува времето потребно за добивање дозвола и се смалуваат можностите за злоупотреба на системот;
 
Почеток на подобрени локални услуги за граѓаните, особено првите чекори во обновување и поправки на училишта и други јавни објекти и на општинска инфраструктура;
 

Воведување заеднички административни системи што ги обединуваат општините за да можат тие да ја зајакнуваат својата економија и на јавноста да и даваат поефикасни и поевтини услуги.

 
ZELS игра витална улога во успехот што денес го постигнува децентрализацијата. ZELS ја смета централната влада за адвокат за локалните власти и - многу битно - ZELS ги застапува интересите на СИТЕ локални власти во тој процес.
 
Во иднина и натаму очекуваме заложбите на градоначалниците да раѓаат успеси, заложби што ќе се развиваат со помош на отворените и транспарентни механизми на ZELS за дебатирање околу прашања од областа на курсот на дејствување  и со примена на структурата на комитети на ZELS, со што на секоја општина и се овозможува да земе учество во утврдувањето на проблемите и да предложи курс на дејствување за нивно решавање.
 
Во изминатата година и половина напредуваше имплементирањето на Рамковниот договор, што е поволно за изгледите што ги има Македонија за членство во НАТО и за нејзините европски перспективи. Може да се очекува врз овој добар почеток да се гради иднината, ако им се посвети големо внимание на некои клучни елементи: 
 
--Неопходно е блиско партнерство меѓу централната и локалните власти. За да просперира ова партнерство, треба да има, од една страна, централна влада што е фер, непартиска, доследна и транспарентна во распоредувањето на ресурсите во општините, а од друга општини што учествуваат во конструктивен, културен дијалог со централната власт во врска со нивните потреби и приоритети. На сите нивоа на власт има очекувања дека целосно ќе се почитуваат и ќе се применуваат словото и духот на одредбите на Рамковниот договор според кои треба да се земаат предвид гледиштата на оние што не претставуваат мнозинство.
 
--Ефектите од корупцијата се штетни на секое ниво на власт - национална или локална. Ние и натаму ќе продолжиме да се залагаме за енергично, непартиско, професионално судско гонење на случаите на корупција. Органите на гонење и судскиот систем ќе ги поттикнуваме да бидат истовремено и фер и решителни во своето дејствување. Секогаш кога ќе биде покренато оправдано обвинение, ќе ги поздравуваме казните што одвраќаат или ја редуцираат корупцијата на локално и на национално ниво.
 
--Како резултат на неадекватните инвестиции во инфраструктурата што се правени во последните неколку децении, многу јавни објекти, меѓу кои и училишни згради, се наоѓаат во лоша состојба. Општините мораат двојно да ги засилат своите напори за јакнење на економскиот раст и развој за да можат да ги финансираат неопходните и скапи подобрувања што се неопходни за овие објекти да се доведат на нивото на европските стандарди. Меѓутоа, за да успеат, на општините им се неопходни и дополнителни алатки. За да можат општините да генерираат приход и да привлекуваат инвеститори, ќе мора да дојде до трансформација на сопственоста на земјиштето од централната на локалните власти, со соодветни подготовки и правни инструменти за заштита од злоупотреба.
 
--Се разбира, втората фаза на децентрализацијата ќе значи уште поголема одговорност, за што општините мораат да се подготват и финансиски, и во поглед на своите човечки ресурси. 
 

Цврст ZELS, со детален петгодишен Стратешки план, обединет со духот на заедницата и посветен на задачата децентрализацијата да профункционира, ќе ги оспособи локалните власти подобро да им служат на своите граѓани. Мисијата на САД со задоволство ја очекува натамошната тесна соработка со ZELS и неговата поддршка. Апелирам до сите градоначалници во Македонија да продолжат да работат со и преку ZELS за да се постигне успешна децентрализација, онака како што тоа го заслужува оваа земја и нејзините граѓани.

back to top ^

Page Tools:

Printer_icon.gif Print this article



 

    Овој веб портал е изготвен и ажуриран од Стејт Департментот на САД.
    Поставувањето на надворешни линкови до останати веб портали не трeбa да се протолкува како наша поддршка на мислењата или ставовите содржани во нив.


Ambasad na Soedinetite Amerikanski Dr@avi